1444

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ВЕТИНГ НА КРИМИНАЛНИТЕ УМОВИ
Политичките партии ги тресат сите судско-обвинителски тела преку поединци и претставници во нив, само да заштитат некој судија или обвинител, кој, пак, ги штити „нивните“ или тие што не треба да одат во затвор, а биле или треба да бидат дел од некои политички математики.

„БОДИГАРДИТЕ“ НА АРСОВСКА
Генералниот секретар на Градот, Зоран Глигоров, откако стана верна сенка на градоначалничката, заработи низа обвинувања од противниците, вклучително дека бил пријавуван за семејно насилство. Еден од најблиските луѓе на скопската „кметица“ е и Драган Митковски, чие семејство се поврзува со повеќе компании.

ХОТЕЛ ВО ДОЈРАН
Уште во далечната 1982 година, „Гранит“ добил одобрение за изградба на хотел покрај Дојранското езеро од 7 илјади квадрати, со обврска да биде завршен за една година. Отогаш до денес, 40 пати измина овој рок, а хотелот стои во фаза на затворена карабина. Во таква состојба, тој стана предмет на купопродажба за сума од 150.000 евра, но цел процес го закочи Државното правобранителство.

ИЗДИШАА ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО
Поминаа шест години од првите поднесени обвиненија од поранешното СЈО. Статистиката покажува дека правосилно се завршени само една третина од предметите. Од над стотина обвинети, пак, оние кои завршија во затвор се бројат на двете раце.

ФИЛМСКИ ТРИЛЕР
ДЗР констатираше низа неправилности во работењето на Агенцијата за филм. Наместо одговорност, раководството на Агенцијата влезе во војна со најуспешниот македонски режисер Милчо Манчевски, кој вели дека тоа е класичен прогон на укажувач.

СТРАВ ОД ОПТИМИЗАМ
Фрлањето во вода на рибата не е казна за неа, баш како што закопувањето не е казна за семето. Баш напротив. Некои работи, ако ги закопаш е исто како да си им ставил крај, но има работи кои како да се семе, ако ги закопаш, токму тогаш почнуваат да пуштаат корени.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Во трка за пари од западни извори, млади шовинисти побрзаа да отворат центри за мултиетничка демократија и склучија пакт со довчерашните непријатели. Нека остане запишано дека демонизирањето на францускиот предлог е неславна епизода од работата на „невладините“ во Македонија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Генерацијата алфа останува единствената надеж за спречување на зомбирањето на човештвото. Футуристите и демографите предвидуваат дека светската историја никогаш толку драматично нема да се промени, како во текот на оваа генерација.

Ана ПАНОВСКА
Ако сме сега некаде како во 1943 година, тоа значи дека е шпицот на војната по што ќе почнат капитулациите. Прво Италија на Мусолини. А во 1944 капитулирала и фашистичка Бугарија на цар Борис. Значајна година за нас…

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Време е судиите и обвинителите да престанат да „глумат“ правна држава! Сопствениот и криминалот на високопрофилирани личности во власта можат да го протуркаат и кријат, но не ќе можат да го избришат.

Бисера КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА
Зошто да се вози во нормална насока на сообраќај кога може да се вози во обратна, а тие како остров на средина да бидат и понатаму неми набљудувачи на тој реверзибилен процес и да си мислат само на себеси?

Александар НИКОЛОСКИ
Покрај лошиот стандард и немањето систем на владеење на правото, токму катастрофалните образование, здравство и земјоделство, се причина народот масовно да се иселува.