1443

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

КОГА СИСТЕМОТ Е УБИЕЦ!
Прераната смрт на момчето Мемет е уште една трагедија што му се припишува на тромиот државен систем. Да беше можно, досега требаше да одговара за неколку убиства, без разлика дали се со умисла или од небрежност!

КАДРОВСКИ КОМБИНАТОРИКИ
Под кои услови Пендаровски би прифатил уште една претседателска кандидатура и дали тој е првиот избор на власта? Дали такви амбиции се уште има Спасовски или пак неговиот план е да влезе во трка за лидер на СДСМ ако Ковачевски се повлече? Кои се можните адути на опозицијата – Силјановска, Коцарев, Клековски…?

НЕАЖУРНО СУДСТВО
Валандовска компанија прекршила договор со австриски инвеститори, па Арбитражниот суд во Виена пресудил да плати 4 милиони евра. Но, оваа арбитражна одлука се уште чека потврда пред македонските судови. Во меѓувреме, се префрлаат средства, се изрекуваат и се укинуваат привремени мерки…

ИНТЕРВЈУ: ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА
Разговараме за процесот на уставните измени, за изградбата на коридорите што ја брануваа јавноста, но и за состојбите во нејзиниот матичен сектор – здравството.

ФАРМАЦЕВТСКА БИЗНИС-ИМПЕРИЈА
Компанијата „Д-р Пановски“ влезе во топ-десет фирми лани со најголема вредност на јавните набавки. Оваа фирма веќе подолг период е предводник во здравствениот сектор, а скапите лекови или, пак, познатата биолошка терапија воведена во времето на Филипче од 2019 година наваму се набавува токму од оваа компанија.

СЕ ЗАГРЕВА КОСОВСКИОТ КОТЕЛ
Ако Белград нема команда врз повеќе од илјада конзервирани српски специјални сили на Косово, тогаш дали тие се подготвени да дејствуваат самостојно или да побараат директна помош од радикални руски структури, како „Вагнер“?

ОДЛИВ НА МОЗОЦИ
Кои пари ги ставаме на орочена сметка? Па, само оние кои во тој миг не знаеме како најпаметно да ги употребиме, па си викаме, што ќе ни лежат под перница, ајде нека седат неколку години на сметка во банка, па до тогаш ќе им смислиме некоја корисна употреба, а плус во меѓувреме ќе добиеме и камата од тој влог.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Комотната ситуација што ја има опозицијата не е резултат само на фактот дека нема домашна одговорност за водење на државата во екстремно тешки услови, туку и на фактот дека кон владата се врши меѓународен притисок, а кон опозицијата се упатуваат меѓународни апели.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Според максимата „Грижо моја, премини на друг“, коркачите продолжуваат да чекаат и бараат други да им ги решаваат проблемите, на пример помош од ЕУ за реформи или од САД за справување со корупцијата.

Ана ПАНОВСКА
ВМРО-ДПМНЕ се сили, се јуначи дури и кон Американците на кои им го „забрават името“, па погрдно ги нарекуваат оние од „калето“! Покроце, зашто со нивните предупредувања веќе излегоа од вообичаената дипломатска реторика.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сите балкански држави се мали и токму затоа единствениот пат за нивен опстанок е вклучувањето во пошироки политички и економски сојузи. Прашање е само со каква „лична карта“ и позиција се влегува во европското море од интереси.

Стефан БОГОЕВ
Се изборивме против османлиите, победивме против фашистите! Создадовме самостојна држава, ја внесовме во НАТО, добивме автокефалност на МПЦ-ОА. Европската Унија е заокружување на генерацискиот сон.

Гордана ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА
Државата не води никаква сметка за енергетскиот сектор, ниту, пак, за компаниите, кои, оставени сами на себе, плаќаат највисока цена на електрична енергија во цела Европа. Тогаш за што води сметка владата? Секако за своите џебови.

Реџеп ИСМАИЛ-ХАКТАН
ОН едвај некогаш биле демократска платформа, која прилично ја одразува реалноста на светот, без разлика дали таа реалност се заснова на економско влијание, демографија или какви било други индикатори – настрана, се разбира, од воената моќ и политичката хегемонија. Таа парадигма, сепак, сега се менува.