1439

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

НИСКИ СТРАСТИ
Ниту апелите и писмата на американската амбасадорка не допреа до судиите. Но, факт е дека предизвикаа паника во Судскиот совет, па членовите се обидоа пред јавноста да си ја „ишнат“ мувата и да си ја префрлат одговорноста меѓу себе.

НОВА ПРИВАТНА БОЛНИЦА
Во непосредна близина на клиниката на Жан Митрев и на Градската Болница „8 Септември“ се наоѓа плац во сопственост на „Сис Хоспитал“, која во 2018 година преминува од „Орка“ во рацете на Сергеј Самсоненко. На оваа локација никнува нова болница, откако компанијата си го врати одземеното одобрение за градење по судски пат.

АВТОПАТ КОН БЛАЦЕ
Зошто автопатската траса од 2 километри кон Блаце поскапе од 14 на 28 милиони евра? Документација што ја обезбедивме открива како се спровеле двете тендерски постапки, зошто првиот договор се покажал недоволен и се јавила потреба за нов милионски договор, какви проблеми на терен се јавиле…?

БОНБОНА-БИЗНИС
Договор во четири очи, специјален закон, ослободување од даноци и дилема колку домашна работна сила ќе биде ангажирана во изградбата на автопатиштата на „Бехтел и Енка“. Многу поволности за изведувачот, но и многу дерогирања на правниот систем.

СУДСКО-ОБВИНИТЕЛСКИ ИГРИ
Во Советот на јавните обвинители и во Судскиот совет врие како во кошница. Се редат скандали еден по друг, но на членовите засега не им недостига влакно од косата.

РУСКО-УКРАИНСКИ СЦЕНАРИЈА
Ако Украина навистина пробие до Крим, тогаш ќе се преговара под патронат на САД. Ако Русија, пак, успее целосно да ја уништи украинската армија на теренот, тогаш ќе се преговара под патронатство на Кина.

ЛОШИ ДРУШТВА
Зошто да седиш во Македонија наместо да си заминеш некаде каде што ќе живееш удобен живот, е исто како да прашаш зошто седиш во теретаната наместо да отидеш во кафеана и ем да се одмораш, ем да лапаш и пиеш.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Борбата против корупцијата, која може да ја води само независно и ефикасно судство, е на врвот на нивната агенда, зашто на Западот не му требаат сојузници што се корумпирани и што ја шират заразата.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Правото амбасадори да „солат памет“ на властите на државата во која се акредитирани е нормална само во протекторати и во неуспешни држави (failed state).

Ана ПАНОВСКА
СДСМ од независноста на земјава ги голташе и сѐ уште ги голта, место сите нас и место ВМРО-ДПМНЕ, најгорчливите апчиња пропишани од светските доктори за здравје на болешливиот организам на Македонецот.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Нема друг излез од актуелнава состојба, освен да се заборави на „реформи“, а да се почне со апсења на корумпирани судии и обвинители.

Јанаки МИТРОВСКИ
Ако довербата во македонското судство се преполови од минатогодишните осум на овогодишните четири проценти, со матните случувања околу Судскиот совет слободно можеме да заклучиме дека сега сме и под нулата.

Фатмир БИТИЌИ
Не може да се најде ниту една референтна точка што ќе објасни зошто Мицкоски зборуваше за рестрикции и драстични зголемувања на цените на струјата, кои се покажаа дека немаат допир со реалноста.

Александар НИКОЛОСКИ
Бугарија нема спроведено вкупно 166 пресуди на Европскиот суд за човекови права. Колку срамно е тоа!