1432

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ДРИБЛАЊЕ
Во периодот што следува, ќе се испробуваат и тестираат разни политички комбинаторики, мотивирани од лични, партиски, но и бизнис-интереси, особено во светло на процесот на уставни измени. Додека секој си го бара своето место под сонцето, граѓаните се оставени на ветрометина.

УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Анализираме три сценарија по кои може да се одвиваат работите во насока на носење на уставните измени. Притоа, формирањето на широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО е најмалку веројатна опција.

МАФИЈАШКИ ЛИКВИДАЦИИ
„Фокус“ прави хронологија како почнале убиствата меѓу некогашните ортаци, кои преку ноќ станаа смртни непријатели. Во меѓувреме, никој не знае дали и кога ќе исчезне пизмата меѓу бандите на Скопје, мотивирани од крвна одмазда, како и за  озиционирање на црниот пазар со дрога, лихварство, изнуда…

НОВИ СОЗНАНИЈА
Пред да го продаде хотелот на Шапка за 55 илјади евра на фирма-загубар, и тоа непосредно пред да го добие вториот милионски тендер за автопатската траса кон Блаце, „Гранит“ имал понуди од над 150.000 евра од сопственици на соседни хотели, кои очигледно ги одбила.

ХУМАНОСТ“ НА ДЕЛО
Политиките на приватните болници налагаат секој од пациентите да остави најмалку 5.000 евра депозит за да може само да го пречекори прагот на болницата. Потоа, болничкиот таксиметар отчукува и по 1.000 евра на ден.

ИСТОРИСКИ ПРОЕКТ ПОД СОМНЕЖ
Изградба на меѓународен коридор со геополитичко значење, кој буквално економски може да ја препороди земјава, уште од стартот се проблематизира поради смешни набилдани цени на консултантски услуги.

ПРОЕКТ „ЧАС ВЕГАС“
Во основно училиште, децата може да учат како да ги играат сите комарџиски игри, проследено со многу практични вежби, а во средно школо нека преминат на повисок степен на знаење – како самите да организираат коцкарници и лотарии.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Бидејќи грчката култура и историја од памтивека се дел од универзитетското образование на современите западни политичари, ним не им беше тешко да заземат страна во грчко-македонскиот спор: страната на своето универзитетско образование.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Се менуваат влади, премиери, министри, судии и обвинители, но криминалот и корупцијата остануваат основното обележје на државата.

д-р. Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
„Балкански правила“ се изнаоѓање методи и средства за постигнување одредени цели со непочитување на правилата на играта, што подразбира примена на незаконски и насилни начини.

Ана ПАНОВСКА
Со 3 еврејски семејства ме врзуваат спомени кои на свој начин оставиле некои траги во мојот живот, не само со нивната семејна трагедија од наци-фашистичкиот погром, туку и со вчудовидувачката спокојност, со непресушната животна енергија и со присутната закопана тага.

Александар НИКОЛОСКИ
„Електра Солушн“, која поднесува барање за издавање лиценца за надзор по отворање на повикот за прибирање понуди и добива во ек на огласот, и „Евро Консалтинг“ на бараниот со меѓународна потерница Димитријевиќ, ќе поделат 70 проценти од парите за надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10.

Сања ЛУКАРЕВСКА
По падот на Милошевиќ, Србија се обидуваше да се устрои на европскиот пат. Задачата на Ѓинѓиќ беше повеќе од подвиг. И Македонија минуваше низ период на болно зацелување од воениот конфликт во 2001 година и уставните измени според Рамковниот договор.

проф.д-р Димитар АПАСИЕВ
Преку митот за неутралност на изгласаните закони, капиталистичките елити, во кои е сконцентрирана вистинската моќ, всушност го озаконуваат сопственото владеење.