Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
НАШИ И ВАШИ
Нема судии и обвинители на ВМРО и на СДСМ, туку на оние кои се на власт и едно мало малцинство фрлено на маргините. Но, ако веќе се инсистира тие да се доведат во корелација со конкретен субјект, тогаш изборот дефинитивно би паднал на ДУИ.
СКРИЕН ИМОТ
„Бомбите“ на површина ги извадија становите, куќите, викендиците, хотелите, фирмите на вмровските функционери, но во последниот период зачестија обвинувања за трупањето на богатство и од страна на луѓе во врвот на власта.
„ФОКУС“ ВО „СИВИОТ ДОМ“
Додека надлежните си ја префрлуваат топката, некогашниот дом за деца без родители „Ранка Милановиќ“ се претвори во депонија и дувло на стаорци, бездомници и криминалци.
ПОРТРЕТ – ЉУБЕ БОШКОСКИ
Популарниот Брат Љубе можеби е единствениот човек на Балканот кој 11 години неправедно бил во затвор и добил 7 ослободителни пресуди. Сѐ уште се паметат неговите драматични говори, кога Груевски го нарекуваше лопатар, а неговиот братучед – Искендер Мијалков.
РАЗНОГЛАСИЕ ВО МАНУ
Највисоката научна институција во земјава – МАНУ нема изградено официјален став во врска со уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот и генерално за спорот со Бугарија.
ТЕНЗИИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК
Последниот напад со дрон врз иранската нуклеарна програма е само загревање за она што навистина следува. Азербејџан ги отстапи своите аеродроми како база за напади врз Иран, а Израел доби поддршка од САД.
ШАНСА ЗА НЕПОТИЗМОТ
Нашите две водечки партии се жив пример за жилавоста на непотизмот. Во суштина, ДУИ го прави истото веќе две децении, а во последно време тоа стана актуелно.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Тешко се води модерна политика, особено надворешна политика, во услови кога се злоупотребува колективната меморија од историјата за добивање избори.
Марјан ЃОРЧЕВ
Војната во Украина не е веќе само хибридна војна. Руско-украинскиот воен конфликт се заканува да прерасне во глобален воен судир на светските нуклеарни велесили – Русија, САД, Британија и Франција.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Mакедонија недоносена, предвреме родена и осамостоена со пречки во развојот. Фактички, со потпишувањето на договорите со Грција и со Бугарија, од state се трансформира во country.
Јована МОЈСОСКА
За привилегираноста на „народните избраници“, говори податокот дека на обичен работник му се потребни 25 години работен стаж (!) за да добие надоместок колку што министрите земаат со само 2 години работен стаж.
Ана ПАНОВСКА
Поголемиот дел од „проблемот“, оној суштинскиот, за јазикот и идентитетот мајсторски го отфикаривме. Сега сакаат да ја ставиме бугарската етничка заедница во Уставот.
Бисера КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА
Маршираме. Се бориме. Креваме глас. Се бориме за квоти. Ама кога една жена ќе нападне друга, тогаш тоа е она што најмногу боли. Кога една жена за друга ќе употреби погрден збор, тоа е најголемиот пораз за жените.
Гордана ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА
Растот на цената на лебот и житото во април е 15,1 проценти во однос на претходната година, додека, пак, во септември е 47,2 проценти.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
На Жан Митрев би му препорачал да не се залажува со идејата дека вистината и правдата ќе ги докаже на суд. Такво нешто е невозможна мисија во нашата држава.