Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
НАПАДИ ВРЗ МЕДИУМИ
Непримерното и недолично однесување, како она на Ахмети и Ковачевски, можеби го разоткрива вистинското лице на политичките елити, кај кои очигледно се уште доминира матрицата медиумите да се третираат како проблем што треба да се реши, ако тие не се подредени на нивните политички цели.
ЦРНА ЛИСТА
Плодовите што ги обраа зацрнетиве фактори не им беа баш горчливи. Тачи и Бошкоски се дел од владејачката коалиција, а и за Груевски и Мијалков не настапија црни денови.
„ИМПЕРИЈАТА“ СЕ ПРОШИРУВА
Ниту обемните судски процеси не беа пречка Камчев да продолжи да ја надградува својата бизнис-империја. Сега ќе гради болница и Медицински факултет.
ПОРТРЕТ: АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ
Како граѓанин и студент, велеше дека нема перспектива. Но, во годините што следуваа вршеше високи функции, а благодарение на умешното позиционирање, ги преживеа сите внатрепартиски превирања и се уште опстојува во високата политика.
ИНТЕРВЈУ – ПЕТАР БОГОЈЕСКИ
Петар Богојески говори за идејата за легализација на црниот капитал, за враќањето на Груевски во земјава, за инвестициските зафати на Заев во странство…
КОЧАН НА ЧЕКОР ДО СЛОБОДА
Речиси една година осудениот бизнисмен Кочан рано изутрина го напушта затворот, оди на работа, а потоа се враќа зад решетки на спиење.
ЗАКАНИ СО СНИМКИ
Аудио снимки, што тврди дека ги поседува бизнисмен, може да изгорат син на висок функционер. Бизнисменот се поврзува и со функционерот, но и со братучедот на Заев.
ХРОНИЧНИ ПРОБЛЕМИ
Некои проблеми иако се хронични, најмудро е да се остават нерешени. Нека си тлеат, ништо страшно сѐ додека не се разгорат. А може да се разгорат, ако, наместо со вода, се полеат со бензин.
Колумнисти:
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Потенцијалните мали водачи ги презентираа своите месијански идеи и програми, се додворуваа и ветуваа сѐ и сешто. Во стилот на легендарниот некогашен кратовски „Ел Патрон“, Љубисав Иванов-Sинго.
Ана ПАНОВСКА
Со оваа триесетгодишна кир врз нас – напластена нечистотија – во оваа држава веќе никој не може да се справи.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Од каде оптимизмот дека криминализираното правосудство ќе се справи најпрво со криминалот и корупцијата во сопствените редови, а потоа и во државата?!
Наум СТОИЛКОВСКИ
Лагите од пакетот „реализиравме над 90 отсто, оваа 2023 уште повеќе „ЌЕ“ водат само на мисла дека ќе има уште повеќе скандали, корупција, криминал, злоупотреби.
Васко КИЧЕВСКИ
За проблемот со загадениот воздух да се реши треба долгорочен и системски пристап поддржан од сите политички партии.
Стојан АНДОВ
На конкурсите за слободно место за приправник, па сѐ до генерален директор на јавни претпријатија и фондови, тие што ќе бидат примени или избрани, да го откажат членството во партијата.