1423

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

„ЦРНО, ПА СЕ НЕ ВИДИ“
Редовно почнаа да се полнат црните статистики на починати, од кои како главен причинител се јавува загадениот воздух. Но, „ништо страшно“, во Македонија стана нормално да се умира од загаденост.

ШТО ГИ ПОТКОПУВА ОДНОСИТЕ ВО ВЛАСТА?
Според информации на „Фокус“, Заев најмногу му замерил на Ковачевски што дозволил Зечевиќ да лобира за нов директор на АНБ, а Ахмети да истурка свој обвинител за организиран криминал.

КАНЦЕРОГЕН ЛИНДАН
„Фокус“ дојде до нов спорен момент во врска со канцерогениот отпад од некогашниот хемиски гигант. Вработени со месеци го дишеле линданот.

ПОРТРЕТ: МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ
Во негови раце сега се клучевите на партијата, кои на следните избори ќе ја заклучат победата или, пак, ќе го отклучат поразот. Дали „булдожерот“ ќе продолжи да „гази“ или моторот ќе откаже?

ИНТЕРВЈУ – БЕСА АДЕМИ
Адеми вели дека предметите треба да бидат решени законито и во разумен рок, а јавноста да има увид во конкретната одлука за предметите што побудуваат широк јавен интерес.

ПОЛИТИЧКА ФРАГМЕНТАЦИЈА
Зар не би требало народот да се радува на кавгите меѓу политичарите и зар не треба да бараме бенефити од политичката фрагментација, од партиското раситнување и од кадровските поделби?

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
За создавање платформа за изготвување амандмански промени на Уставот, потребно е да се постигне согласност и да се формира комисија од парламентарци од мнозинството и од опозицијата.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Завалиите одбиваат да разберат дека ЕУ еднаш се „изгоре“ и повеќе не ѝ текнува да прима пропалитети.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
По секоја „нова реформа“, криминалот и корупцијата во правосудниот систем, во државата, прогресивно напредуваат и метастазираат!

Наум СТОИЛКОВСКИ
Високата корупција е длабоко навлезена во администрацијата, судскиот систем е порозен. Реформите се искористени за нови коруптивни зафати.

Стефан БОГОЕВ
Коалицијо „Девица“ (ДПМНЕ + Левица), доста се занимавате со смрдени бизниси, засукајте ракави и решете ја смрдеата на воздухот.

Јанаки МИТРОВСКИ
Веројатно оваа година ќе дознаеме дали „сѐ било во главите на вмровците“, како што своевремено беседеше Заев, или баба рогата – федерализација на државата, и тоа како има подлога.