1421-1422

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

КРИВОСУДСТВО
Не се очарувај многу од Новата 2023-та за да не се разочаруваш потоа. Ако нешто добро, сепак, нѐ стрефи, супер! Среќни празници!

ИНТЕРВЈУ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ
Во интервју за новогодишниот број на неделникот „Фокус“, разговараме со премиерот Димитар Ковачевски за актуелната политичка ситуација, предизвиците во интеграцискиот процес, економската и енергетска криза, состојбите во правосудството…

НИ ЛУК ЈАЛ, НИ ЛУК МИРИСАЛ!
Како завршија скандалите и аферите за власта оваа година? Како и секоја, без вина за никого.

ГОДИНА НА НЕПРАВДА
Од лошо, полошо – ова е генералниот впечаток за правосудството, кој, за жал, се повторува од година во година.

ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА ВО 2022
Рекапитулација на политички план: француски предлог со граѓански протести, неуспешна иницијатива за референдум, премиер што не бил на избори, внатрепартиски превирања, лидерски смени..

ПОРТРЕТ- ДАНЕЛА АРСОВСКА
Како градоначалничката на Скопје, од човек што изборната победа ја прослави со зурли и тапани, а мандатот го почна со букет цвеќе, отвори војна со „своите“, кои сега ја праќаат на психијатар?

ПРЕДВИДУВАЊА
Добра страна на тоа да чуеш некоја оптимистичка прогноза за следната година е што ќе можеш потоа цела година да го држиш за збор тој што ја дал прогнозата, и да му се ситиш за секое промашување.

 

Колумнисти:

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Наспроти болните и сурови факти, властодршците лажат, па сушат дека ЕУ-фамилијата со консензус сакала Мафијадонија да биде со неа, но пречка претставувале шеесет насто од народот.

Ана ПАНОВСКА
Власта гледа да ги истурка уставните промени и да го заокружи овој историски циклус на крупни, болни чекори за иднината на државата.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Криминалот и корупцијата толку многу пораснаа и метастазираа во сите пори на „институциите на системот“, што просто бодат очи!

Сања ЛУКАРЕВСКА
Понудата (и на десницата, и на левицата) е како глетка во магазините низ Молдавија во деведесеттите години – рафтови со два производа – соленки како пури и млеко од биволица.

Александар НИКОЛОСКИ
Основната задача за 2023 е да се врати оптимизмот кај народот, да се врати вербата и волјата, надежта во подобро утре.