1414

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ДУИНГ ОБВИНИТЕЛСТВО
Мистериозниот нов шеф на Организиран, конечно по победата, го покажа своето лице. Тврди дека не произлегува од кујната на ДУИ, а што му зготвиле интегративците, пак, допрва останува да видиме

7 ДЕНА
СДСМ ќе имаат шанси во 2024 ако направат предизборна коалиција со ДУИ. И така, можеби нема да се интегрираме во ЕУ, ама ДУИ ќе си ја интегрира СДСМ во свои редови. А и фино звучи – Социјал-Демократска Унија за Интеграција

КОСОВСКА КРИЗА
Србија ниту во најлудите соништа нема сила, ниту намера да ги освојува Приштина, Призрен, па ни Пеќ. Единствено што реално може да направат е да влезат на 10-15 отсто погранични територии, за да стекнат подобра преговарачка позиција

РЕФОРМИ ИЛИ РОПСТВО?
Државата почна да го троши кредитот од над 20 милиони евра за реформи во основното образование. Досега, се набави мебел и таблет-компјутери, додека во многу училишта има запуштени тоалети, а некаде воопшто нема спортска сала

ИНТЕРВЈУ ТРАЈКО СЛАВЕСКИ
Славески во интервју за „Фокус“ објаснува како Арсовска стигнала до Белата палата и како дошло до ескалација на проблемите со актуелната градоначалничка.

ЗАШТИТЕНИ МЕЧКИ
Тројца членови на Судскиот совет учествуваат во донесувањето на скандалозната одлука, со која врховниот судија Шпенд Деваја е „казнет“ со писмена опомена.

ПРЕПОЛН БУЏЕТ
Преполн буџет е како преубава жена, во која ќе се вљубиш, а кога таа ќе те одбие, не ти останува ништо друго, освен да побараш да се затворат сите кафеани, за твојата душа да се смири.

 

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Криминалот и корупцијата, не само што продолжуваат да ја уништуваат „правната“ држава, туку и во догледно време ќе станат доминантен облик на нашиот правен систем.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во сеќавање ми остана кажувањето на Пирински за оперативните акции на бугарската полиција со перфидни методи и средства да ја оневозможат продажбата на весникот „Народна волја“.

Игор СМИЛЕВ
Додека во Археолошкиот музеј на Македонија, преку ноќ, исчезнуваат музејски поставки што не им се по ќеф на Бугарите, мечот на самоуништувањето падна врз културата.

Ана ПАНОВСКА
Главното прашање ќе дојде по изборите. Како ВМРО-ДПМНЕ ќе најде коалициски партнер од албанскиот блок?

Стојан АНДОВ
За бугарските политичари, Санстефанска Бугарија е иднината, а не се наша заедничка иднина европските вредности.

Наум СТОИЛКОВСКИ
Околу 12 илјади правни субјекти ја користат можноста преку ќерки- фирми да плаќаат струја по цена за домаќинства. А, тоа не се „дучанчина“!

Фатмир БИТИЌИ
За жал, определбата за приклучување кон Европската Унија кај опозицијата е само на хартија, бидејќи на дело не се покажува.