Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Едниот „срамно лажел“, другиот „се испазарил“, ќе срочи бегалецот од безбедна дистанца! Додека дузина негови соработници окапаа во притвор, додека Јанкулоска лежи в затвор, а сите се шетаат од една во друга судница, или од притвор до дома, невидено безобразие е да делиш лекции и да ја оплакуваш својата судбина
„ПЛАЦОВИ НА ВОДНО“
Како се доближува до крајот, така случајот за тајниот имот на екс премиерот Никола Груевски, доведе до финален заплет. Излезе дека екс премиерот ги трампал плацовите за луксузни станови, бидејќи јавноста дознала дека тој е тајниот сопственик. Сега и обвинителството мора да направи трампа, односно не може да ги бара и плацовите и становите.
МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА
Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки, целата тендерска процедура започнала на 31 август лани, со што вкупната бизнис-зделка достигнува сума од рекордни 2 милиони евра за набавка на три ангиографи. Според пресметките, цената на еден апарат за срцеви заболувања чини околу 700.000 евра, додека реалните цени на бизнис-пазарот се од 400 до 500.000 евра.
АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ: СИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ СЕ ВО РАЦЕТЕ НА ЈОВЕВСКИ
Новиот претседател на Советот на јавни обвинители, битолскиот обвинител Антонио Јолевски смета дека треба да добијат ингеренции како Судскиот совет. Во разговор за „Фокус“ зборува за проблемите со кои се соочуваат, но и за (не)транспарентноста, недостигот од кадри, судирот со шефицата за организиран криминал, Вилма Русковска
АНКЕТНИ ЛИСТОВИ
Искусниот бизнисмен од Струмица, Зоран Заев дојде на премиерската функција без ниту една пријавена фирма и имот на негово име. По четири години на премиерската функција, си замина без ништо, а бизнисите продолжи да ги шири, но не на негово име, туку на име на своето семејство. Анкетните листови стануваат само форма, а не одраз на вистинското богатство на функционерите
ИМАМЕ ЛИ СКРИВНИЦИ?
Војната во Украина го отвори и прашањето што би се случило доколку се употреби нуклеарно оружје или настане нуклеарна хаварија во Украина. Или пак, што доколку некој ја нападне Македонија? Ќе има ли каде да се скриеме, како што сега Украинците се кријат во скривници или во метрото?
АСИМЕТРИЧНА БОРБА
Ако можеше Македонија да биде појака од една Италија и тоа не во печење пиперки за ајвар, туку во фудбал, нешто по што Италијанците се светски познати, ако може малата Украина да ѝ пркоси на Русија и тоа не во танцување валцери туку во војна, нешто за што Русите се светски познати, зошто да не можат граѓаните на Македонија да застанат наспроти политичарите, пред партиите, и со храброст, мудрост и волја, да ги победат и нив токму во нивната игра
Колумнисти:
Aна ПАНОВСКА
Како и насекаде во светот власта си е на удар на јавноста. Но, тоа сепак се прави на еден покултивиран и подостоинствен начин и, се разбира, за посериозни проблеми што лично ги засегаат граѓаните, а не дали со свои пари министерот за правда го платил патот за Италија
Наум СТОИЛКОВСКИ
Кич е кога министер за правда и цела свита политичари и функционери се во редот на „фудбалскиот туризам“ додека се зборува за штедење. Кич е кога министерства фрлаат илјадници за перење на коли и икебани
Викторија АВРАМОВСКА МАДИЌ
Општините со својата епохална предност на живеење во постојано соочување на жителите, на нивната меѓусебна упатеност, се, треба и мора да бидат извор, вруток на надежи и доверба.
Стојан АНДОВ
Ако прифатиме „заедничка историја“ тоа би значело дека ние Македонците треба да прифатиме дека и Македонците и Бугарите сме еднакво виновни што маса Македонци беа затварани и убивани во бугарските затвори, како што беше случајот со затворените борци на Скопскиот партизански одред и на партизанските одреди од Куманово.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Според принципот „врана на врана очи не вади“, македонските алјази и џамбази од клептократските кланови регистрирани како политички партии, ја голтаат, разнебитуваат и уништуваат државата