1381

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Од тоа како една власт ќе успее да се справи со кризни ситуации, зависи и крајниот изборен исход. Затоа и тимот на Ковачевски се обидува со комшиско брашно да замеси вкусен домашен изборен колач. Опозицијата, пак, предводена од Мицкоски, се обидува да ја покаже што понеспособна власта и да предизвика што поскоро избори

АФЕРА „ЛИФТОВИ“
 Не  станува збор за измама на само една компанија, туку фирмата фантом, според нашите информации во оптек на бизнис-пазарот пуштила повеќе од стотици лажни сертификати за квалитет. „Фокус“ ја открива непостоечката фирма и начинот на кој функционирала целата шема. Но, откриваме и други компании на име на сопственикот на фирмата-фантом.

АДВОКАТСКИ УСЛУГИ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ
Никола Додевски беше најплатениот адвокат со буџетски пари во време на ВМРО-ДПМНЕ. Власта на СДСМ си има нови омилени адвокати. „Фокус“ направи увид во податоците на „Отворени финансии“ за адвокатското друштво „Тошиќ и Јевтиќ“. Ним, од 2016 година, им биле исплатени над 120.000 евра од буџетот, а од две општини кеширале и по 10.000 евра во еден ден

КУМАНОВСКА ЛИНИЈА ВО БАЊАЛУЧКА КОМПАНИЈА
Во претходниот број на „Фокус“ пишувавме за ИТ-компанијата во подем „Инфинити“, која е во сопственост на жител на Куманово и на групација што се поврзува со Милорад Додик, чиј син Игор Додик работи во сестринска „Проинтер“ од Бања Лука. Во ова продолжение, пак, откриваме детали околу луѓето поврзани со бањалучката компанија, кои се нивните бизнис и политички релации, како и кој е линкот до Александар Вучиќ.

СЛОБОДА ЗАД РЕШЕТКИ!
Во женското одделение во затворот „Идризово“ затекнавме четири жени, кои лежат зад решетки заради убиство на своите мажи. Секоја приказна има свој тек, но во едно сите се согласуваат. Со години биле жртви на семејно насилство, па еден ден едноставно биле присилени да одберат, ќе умрат тие, или нивните насилни мажи!

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА 2022
Нема сомнеж дека Вучиќ на овие избори ќе оствари уште една, во серијата блескави политички победи. Прашањето е дали и тој самиот е толкав ентузијаст за преземање на целата одговорност во услови кога Србија се наоѓа под најголем меѓународен притисок од Запад и од Исток. Според многумина, ова е веројатно и последната голема победа на Вучиќ пред доаѓањето на Кристофер Хил за амбасадор на САД во Белград.

АНАТОМИЈА НА ГНЕВОТ
Секој треба да се погледне во огледалото на својата душа, па да види убаво што гледа во одразот, слободен човек или роб на гневот. Иронично, тие што се заслепени од гневот во тоа огледало нема ништо да видат. Или, тоа што ќе го видат, дури и ќе им се допадне. За таквите, нема спас. За другите, нема изговор

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Далеку сме ние од „европрокуратурата“ за да дојде да нѐ тресе, како што ја тресе Бугарија, токму поради типови како Заев и како Бојко од братскиот му народ.

Стефан БОГОЕВ
Секој ден до изборите во 2024 година за ВМРО-ДПМНЕ носи нови стравови и неизвесности. А најголемиот нивен страв е дека граѓаните, пак, ќе ги прочитаат.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Јавното обвинителство е слепо при очи, глуво при уши и немо при јазик. Истрагата е во тек! И толку. Со тие зборови и активности започнува и завршува борбата со криминалот и корупцијата… А таа расте ли расте како печурка по дожд.

Јанаки МИТРОВСКИ
Пострамковна мултиетничка Македонија не може да опстои со мононационална доминација. Но, и состојбата во која вториот по големина етникум постојано истапува со нови и нови барања, притоа постојано потсетувајќи дека работите може да се решаваат и на друг начин, е неодржлива.

Стојан АНДОВ
Меморандумот е, всушност, подмолен напад врз европската идеја бидејќи со измислици и конструкции сака да ги врати тешките времиња и старите омрази, низ кои мина Европа, што е опасно и за Европа и за бугарскиот и за македонскиот народ.

Линдита КАДРИУ
Теоретски, секој може да заврти нов лист. За доброто на Скопје и за Ваше добро, а човек за парче образ живее, посакувам да не се соочите со лошо мислење. Четири години за час ќе поминат, или времето ќе се потегне до недоглед, и тоа од Вас зависи.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Наместо верглањето за „бетонираност“ на идентитетот, историјата и јазикот, се „бетонира“ ЕУ лицемерната константа кон отвореното „Македонско прашање“. Изговорот со бугарското вето е само забегано блефирање!