1380

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Кога веќе дојде, Борел можеше барем да се види со жена му на оној  пратеникот на Беса. Да ѝ шепне на уво, ако не сега, кога ќе почнеме со пристапни разговори. Та нели, таа  е добро информирана и го советуваше мажот ѝ да се скрие, додека трае гласањето за доверба на владата. За да не се загрозеле нашите европски перспективи, нели?!

ОД ДРУГ АГОЛ
Да имаа алтернативи богативе европски држави, рускиот гас ќе беше на црната листа, а нашиве беспоговорно ќе го прифатеа тоа. Ако треба корења ќе јадеме, ама ќе сме солидарни. Како вицот, кога партискиот комесар им објавил на членовите дека утре ќе ги обесат, а еден прашал „сами да си носиме јаженца или ќе ни обезбедите“!

СТАРИ БАЛКАНСКИ ШЕМИ
 „Фокус“ истражува каква е поврзаноста на бањалучката ИТ-компанија „Проинтер“ со семејството на контроверзниот  Милорад Додик, кој сам призна дека соработник на друштвото е неговиот син Игор. Во меѓувреме, „Проинтер“ потпадна под капата на „Инфинити групацијата“, која неодамна го проширила бизнисот и во Македонија. За период од околу една година, македонската „Инфинити“ добила над 10 тендери вредни вкупно 1,5 милион евра, од кои највредниот договор е склучен со МВР…

ЕКОНОМСКА КРИЗА
Од економската криза подеднакво се загрозени и домашните и странските компании. Единствена разлика со овие вториве е што нив кризата многу порано ќе ги погоди, а нивната корпорациска логика неминовно ќе ги натера да прават брзи и болни резови. На таков начин во рок од само неколку месеци повеќе десетици илјади луѓе може да останат на улица.

ПОЛИТИЧАРИ И СИНОВИ
Македонските функционери заминуваат од политиката, но не и од бизнисот. Функциите ги напуштаат, но бизнисите одат од генерација на генерација. „Фокус“ издвои неколку политичари кои по заминувањето од функцијата својот имот им го префрлаат на своите деца, на 18 или 21 година.

ПОТЕКЛО НА ИМОТ
Неделникот „Фокус“ објави имотни листови кои откриваат дека таткото на Арсовска, Ванчо Јовановски поседува недвижен имот од вкупно над 3.500 метри квадрати. Официјалната документација од Катастарот на недвижности покажува дека нејзиното семејство поседува голем недвижен имот составен од куќи, хотели и згради. Следеше реакција од Антикорупциска комисија и од УЈП за проверка на потеклото на имотот.

НЕФУНКЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ
Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат кој е виновен, но сложни се кога ретко доаѓаат на работа. Заслепени од партиските интереси, не можат да најдат време за потребите на граѓаните, оние кои треба да ги претставуваат

БЕНЕФИТИ ОД ЦЕНЗУРАТА
На Запад, публиката ќе ги бара и ќе ги најде руските медиуми, а во Русија публиката ќе ги бара и ќе ги најде западните извори на информации. И не само што ќе знае што вели „непријателот“ туку и повеќе ќе биде склона нему да му верува. Така што, цензурата не само што е бадијала, таа е дури и штетна, за оној кој ја прави. Со лагите единствен начин да се бориш и да победиш е со вистина

 

Колумнисти:

Aна ПАНОВСКА
Да се откаже од НАТО, да прифати некои од непристојните барања на Русија и да проба да си го спаси својот народ од урнатините. Нека „капитулира“ како Австрија пред Хитлер, како вистинската мајка од мудроштиите на Соломон, баш во име на бескрајната љубов кон Украина

Александар НИКОЛОВСКИ
Македонскиот народ во историјата секогаш бил на вистинската страна, на страната на вистината ќе биде и во оваа криза и воена агресија, во оваа страдање и несреќа која се случува во Украина

Фатмир БИТИЌИ
Искуството од последните две години покажува дека со партнерски однос можеме да се исправиме пред секој предизвик и да поминеме низ него. Секој со својот придонес и посветеност може и треба да учествува.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Бугарија си е Бугарија и нејзината историски докажана и проверена превртливост кога-тогаш повторно ќе излезе на виделина. Ова особено што и по падот на „комунизмот“ папочната врска помеѓу руските и бугарските тајни служби не е прекината

Стојан АНДОВ
На летоците  беше потпишана потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Доста Димовска. Летоците се обраќаа на сите граѓани на Македонија вклучително и оние во дијаспората, а  беа  испраќани пред референдумското изјаснување. Тоа беше оркестриран напад кој требаше да се издржи.

Линдита КАДРИУ
Што да одговориш кога лидерот на ДУИ ќе те праша: што се зборува за нас? Да одговорам искрено, не беше моментот. Да кажам поинаку, на пример, тоа што би сакал да го слушне, не можев, многу очи како да ме гледаа од ѕидовите.