Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Големите и моќни сили и натаму остануваат недопрени од меѓународната правда. Можат да глумат колку сакаат „богови на војната“, а во име на некаков „мир и демократија“. Тоа добро го знае „руската мечка“ и затоа е спокојна
ОД ДРУГ АГОЛ
Каков е „демократскиот“ габарит на рускиот претседател Владимир Путин? Некои негови жестоки критичари, како поранешниот вицепремиер Немцов, беа ликвидирани. Многумина, пак, означени како „странски агенти“ ја напуштија државата. Опозиционерството, пак, е ризична работа, што во континуитет го доживува затворениот лидер Алексеј Навални, кој преживеа и труење со нервен отров
УКРАИНСКА КРИЗА – ВТОРА НЕДЕЛА
Ако е за утеха, економската состојба не е лоша само во Македонија, туку и во рамките на Европската Унија воопшто не е порозова, а тоа не е за радување, бидејќи истата таа ЕУ наскоро ќе почне да ни ги откажува нарачките за нашите фабрики. А за брзо запирање на војната веќе никој не ни споменува.
„ТАРГЕТ“ ЗАСТАРУВА ВО 2025 ГОДИНА!
Предметот за нелегалното прислушување во УБК стигна до Апелација. Таму во следниот период ќе се вага клучната одлука. Ако пресудата се потврди, осудените што нема да избегаат, ќе одат зад решетки. Но, доколку предметот се врати на повторно судење, тогаш големи се шансите Мијалков да се спаси од затвор. Спас, пак, ќе ѝ нема на Јанкулоска. Таа на крајот ќе биде дежурниот виновник и за овој предмет.
И СЕСТРАТА НА БЕСМИРА ЕЈУПИ ДОБИВАЛА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА
Откако објавивме дека ТВ-презентерката, која беше кандидат за конзул во Њујорк, за нецела година инкасирала околу 12.000 евра од 5 институции, новите податоци што ги обезбеди „Фокус“ покажуваат дека и нејзината сестра била на платен список на 2 институции, од кои наплатила над 4.000 евра. Најмногу средства кон сестрите Ејупи исплатило Државното правобранителство на чело со Фехми Стафа, кој законски е обврзан да го штити угледот на функцијата
СКАНДАЛ КАЈ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ
„Фокус“ располага со документи во кои може да се забележи како матичен лекар од општа приватна ординација фалсификува дијагнози и извештаи дадени од други лекари со цел да овозможи лажни боледувања на дел од своите пациенти. Овој скандал, кој го тресе јавното здравство, почнува да се „истражува“ од 2020 година наваму, односно во тој период е алармирано за првите незаконски дејствија што ги прави лекарот, чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата.
АВТОКАМП КРАНИ
Камперите од автокампот Крани водат битка против големото поскапување на годишниот закуп за своите приколки. Концесионерот, зголемувањето на цените го оправдува со зголемената минимална плата, како и цената за струјата. И додека оваа битка трае, Преспанско Езеро продолжува да исчезнува
ДОБРИТЕ СТРАНИ НА ЗАВИСНОСТА
Ако наместо да се крадат по неколку стотици милиони евра секоја година од буџетот, тие пари се инвестираат за подобрување на сите наши капацитети и со тоа зајакнување на нашата независност, за брзо време граѓаните ќе живеат многу подобро, ама партиските војници нема да живеат подобро, оти ќе нема од кај да крадат
Колумнисти:
Aна ПАНОВСКА
Тоа нема да остане само на хартија во Министерството за надворешни работи на Русија. Ќе се најдат „симпатизери“ на Путин што земјава ќе ја поткопуваат однатре. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со коалициите ‒ „Оро играјте (во парламентот) и на дупка гледајте“. Голема историска одговорност носите во овој момент
Наум СТОИЛКОВСКИ
Цел на критика и критичка анализа најмногу е власта и членови на власта, нивните политики. А во услови на тешки кризи што кулминираат во периодот што следи, министрите се заштитуваат со закон за спречување на изразување мисла
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
„Заспаните“ убавици (кртови) на Руската Федерација се многу длабоко закопани и интегрирани во македонскиот естаблишмент. Дали тоа некој од нив го прави свесно или несвесно, е друго прашање. Важно е дека тие се тука и во употреблива состојба. Нивна задача е да обезбедуваат локални пари за локални цели.
Сања ЛУКАРЕВСКА
Ставот не е мислење, па да се менува. Ставот не е предизборна програма, па да се ветува. Ставот е нешто што треба да се почитува. Став е и да го почитувате ставот на вашиот неистомисленик.
Стојан АНДОВ
Оние функционери од Македонија кои беа на високи државни или партиски функции и кои работеа постојано подолг период во Белград се преселуваа со семејствата и таму добиваа големи станови. Лазар Мојсов, на пример, живееше на улицата Палмотиќева, наспроти зградата на Сојузното собрание. Тоа беше голем и луксузен стан.
Линдита КАДРИУ
Од каде тој порив докажаните во културното менаџирање да се казнуваат, да се тргнат од сцената каде што постигнале резултати нудејќи ѝ на публиката квалитетен исчекор од политизираното секојдневие, кое, гледаме, плива во некултура, примитивизам и во апашлук, каде и да се свртиш.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во Македонија, моден тренд и престиж се блиските врски со американската, британската, германската или со некоја друга поголема амбасада. Тоа е разбирливо, бидејќи на многу личности во изминатите три децении од „дипломатските врски“ им зависеле функциите и политичката судбина.