Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Македонија низ историјата многупати била жртва на двојни стандарди и на непринципиелна меѓународна политика, но тоа не значи дека треба да се откаже од сонот еден ден да стане држава во која ќе се почитуваат принципите на демократија. Колку и да е долг патот и во овој момент да се чини недостижен!
ОД ДРУГ АГОЛ
Сега Украина и официјално поднесе барање за членство во ЕУ. Ако навистина биде експресно прифатена, тогаш, да бидам цинична, да ја замолевме Бугарија малку воено да нѐ здрма. Ако е тоа влезница за престижниот евроклуб!
РУСКA АГРЕСИЈА ВРЗ УКРАИНА
Веќе со децении Република Српска и Северно Косово чекаат токму ваква шанса за да го направат долгонајавуваниот потег и да ја осигураат својата различност од државните заедници во кои моментално се заглавени. Така што, воопшто не треба да не изненади ако некој ја злоупотреби кризата во Украина за да почне да ги расчистува одамна нерасчистените сметки на Балканот
НЕСУДЕНАТА КОНЗУЛКА – БУЏЕТСКИ „ПРЕПЛАТЕНА“
ТВ-презентерката што владата сакаше да ја испрати за генерален конзул во Њујорк инкасирала буџетски средства од речиси 12.000 евра преку 39 трансакции реализирани во ланската и тековната година, покажуваат официјалните податоци до кои дојде „Фокус“. Притоа, најмногу средства биле исплатени од Државното правобранителство на чело со Фехми Стафа. Потоа, следуваат општините Чаир, Сарај, Петровец и Брвеница
БУГАРСКА ОФАНЗИЈА ВО АЛБАНИЈА
Бугарската држава преку разни невладини организации и друштва, се обидува да ги убеди Македонците во Албанија дека се Бугари. Делење подароци, бугарски пасоши, како и донирање возила на Општина Пустец се дел од пропагандата. Заменик-градоначалникот на Пустец, пак, е генерален секретар на друштвото што ги спроведува активностите и го негира постоењето на македонското малцинство
„СКРОМНА“ СКОПСКА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА
„Фокус“ дојде до документи од имотни листови и фирми каде што Арсовска претходно била сопственик или управител, а сега се водат само на име на нејзиниот татко Ванчо Јовановски. Според документите од Катастар и Централен регистар, Арсовска и нејзиното семејство се „движат“ на релација Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров. Поточно, во тие три општини им се живеалиштата и компаниите. Станува збор за повеќе компании, куќи, станови, дадени под закуп простории…
КОЈ ЌЕ ГИ ПЛАТИ ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНИТЕ?
Претседателката на ЗЕЛС најави радикализација ако власта не им ги плати на општините трошоците за струја, а власта им порача да си ги намалат трошоците. Пред четири години, државата им даде помош на општините, но енергетската криза им ги зголеми трошоците, но и апетитите за помош од државата. Кој ќе ги плати долговите?
НАШИТЕ СЕ СЕКОГАШ ВО ПРАВО
Геополитичките навивачи може да бидат безопасни дрндала во најдобар случај, до иритантни пувала во најлош случај. Како и да е, може да бидат безбедно игнорирани, оти од нив ништо не зависи на теренот. Политичките навивачи, од друга страна, се иритантни пувала во најдобар случај. А во најлош, страшно опасни фанатици со кои нема разбирачка, кои може да нанесат огромна штета на едно општество
Колумнисти:
Aна ПАНОВСКА
Што толку многу го распамети Путин да го стави нуклеарниот арсенал во борбена готовност. Санкциите? Не. СУЕТАТА! Обичната суета на човек насилник, кој, кога ќе сфати дека светот околу него се дрзнал веќе да не му се плаши, може навистина непредвидливо да реагира. Ете, тоа е веќе опасно! Затоа покроце, од сите страни
Наум СТОИЛКОВСКИ
Страста која Столтенберг ја изразуваше на пресот на првиот ден од руската воена инвазија врз Украина, многу ме потсети на страста со која тој, без ракавици, објаснуваше дека без исполнување од Македонија на грчките условувања, без промена на уставното име, Македонија нема да биде дел на НАТО, а со тоа ниту на ЕУ
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
„Западот“ да не глуми лудило! Она што денес Русија ѝ го прави на Украина е многупати „веќе видено“ од Корејската војна до преку војните на територијата на бившата СФРЈ, па до Ирак, Либија, Сирија и Јемен
Перо КОСТАДИНОВ
Украина не смее да остане изолиран случај. Таа е симбол на отпорот кон рудиментарното и искра надеж во борбата со ретроградното во светот. Убеден сум дека ќе се обединиме за слободата за која се избориле нашите предци и ќе ја оправдаме личната одговорност како припадници на слободниот свет.
Стојан АНДОВ
За билансите на македонските банки немаше никакви штети, бидејќи парите што ги вложиле во банките на Мира и Марко Милошевиќ останале нивни, но не можеле да ги инвестираат во Македонија, туку само во Русија
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Погубна и понижувачка е македонската политикантска суперкоректност кон соседите. Подаништвото ги разниша темелите на македонизмот