1377

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Не знам точно кој и како ги советува нашите политички лидери, ама  тоа погрешно го прави. Не сакам да верувам дека она што ги води нашите челници е само чист егоизам, невидена суета и партиски математики, па не им дава да се насочат на вистинските приоритети и да си подадат рака понекогаш

ОД ДРУГ АГОЛ
Тоа што воената операција против Садам беше наречена „Слобода за Ирак“, од денешен агол ме асоцира на Орвеловата „1984“, во која министерството надлежно за тортура има назив Министерство за љубов. Исто како што со држава што ве блокира на европскиот пат, имате договор, кој претенциозно е наречен за добрососедство. Што ли ќе ни правеа да имаше назив за – лошососедство!?

ДИПЛОМАТСКА  МРЕЖА
Во минатото за амбасадори и конзули беа испраќани луѓе од политиката и бизнисот без соодветно образование, како и без еден ден дипломатско искуство. Впрочем, таков беше и последниот случај со обидот на владата да прати ТВ-презентерка за генерален конзул во САД, што отвори многу прашања за квалитетот на дипломатската мрежа.

СКАНДАЛИ СО ИМУНИЗАЦИЈАТА
Македонија ќе ја добие и вакцината што ја произведува белгиската компанија „Јансен“, која е во сопственост на „Џонсон и Џонсон“. Досега, ова е единствената вакцина што се користи само во една доза. Оваа вакцина е таканаречена векторска вакцина и по своите карактеристики е поблиска до Астра Зенека и руската Спутник, отколку до Фајзер.

ДИСКРИМИНИРАНА КОМИСИЈА
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година стана професионално тело. Но, уште при самото основање наиде на низа пречки, кои произлегоа од недоречености во Законот. Со буџет трипати помал од потребниот, членовите се обидуваат да ја извршуваат својата функција. Даваат и пари од сопствен џеб за телото да може да работи.

ТРИФУН КОСТОВСКИ & ХАРИ КОСТОВ
За неколку месеци ќе се навршат две години од затворањето на Еуростандард банка. Истрагата на институциите се уште трае, обвинение нема, а  за сега, единствено кабает е поранешниот мнозински сопственик Трифун Костовски. Но, тој не се откажува и ја бара вистината за пропаѓањето на банката и редовно пишува за своите сознанија. Последно Костовски почна сè поотворено да пишува за улогата на Комерцијална банка во затворањето на Еуростандард.

РУСИЈА ГИ ПРИЗНА ДОЊЕЦК И ЛУГАЊСК
Без разлика дали беше натеран на тоа, или не, Путин во Источна Украина ја премина црвената линија и влезе во директен конфликт со Западот каков што немало уште од времето на Виетнамската, а веројатно и Корејската војна. Од овој момент натаму, целиот свет станува шаховска табла, а најголем проблем е што центарот на збиднувањата за првпат во осумдесет години се сели среде Европа.

БЕНЕФИТИТЕ ОД КАДРОВСКИТЕ ПРОМАШУВАЊА
Еден од најдобрите показатели дека некоја партија е султанска е ако редовно излегува со непристојни кадровски решенија и нејзините членови не се бунат. Да се бунат, тоа можат само во демократска партија. Во султанска партија, дури и се натпреваруваат полтроните кој посилно ќе го оправда брилијантниот потег на генијалниот лидер

 

Колумнисти:

Александар НИКОЛОВСКИ
Кога би имало оценка дека Македонија успешно се справува со криминалот и корупцијата и воспоставува функционален систем на владеење на правото, тогаш силен притисок врз Бугарија би резултирал со тргање на нивното вето и почеток на преговорите со ЕУ

Бисера КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА
Во светот денес се зборуваат меѓу 6.000 и 7.000 јазици, но на околу 3.000 им се заканува исчезнување. Според статистиката, во последните три века изумреле или драматично се намалил бројот на јазиците. Во секоја држава, изучувањето на мајчиниот јазик е обврска и право

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Како тоа во руско-украинските односи станува збор за агресија, а во бугарско- македонските односи станува збор за „добрососедски“ односи. Јасно е дека станува збор за дијаметрално различни односи на САД, ЕУ и НАТО кон истороден национален, политички цивилизациски однос

Стојан АНДОВ
Условите што ги поставија од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Глигоров беа: премиерското место да биде резервирано за ВМРО-ДПМНЕ, а на функцијата потпретседател на претседателот да биде избран Љубчо Георгиевски

Линдита КАДРИУ
Гледаш, луѓето менуваат мислења за половина час, а ти ни партија не смени, ни гледишта, умре како комунист. Остана на 0 денари харам, а сето време во висока политика, најчесто до врутокот на парите.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Основниот проблем на потомците од третата генерација на децата на комунизмот е немањето елементарно чувство за државност. Создадоа клептократска идеологија и систем на „зграпчување на пленот“