Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Имам среќа лично да ја познавам судијката Гајдова и да се уверам во нејзината стручност и професионалност. Знам и колку беше упорна да се одбрани од неоправдани клевети од новинари, но и дека не е лесно да ја уплашат, дури и кога ќе ѝ го запалат возилото или мора да ѝ го чува домот полицијата
ОД ДРУГ АГОЛ
За изборните марифетлуци на претходниот режим сме објавиле дузина истражувачки стории, ама кога признание на вина сдсмовците го третираат како пресуда, ме потсети кога признанието на еден од обвинетите во „Пуч“, вмровците го третираа исто. Потоа бидна пресврт, ама откако се смени власта
OПШТИНИТЕ КАКО БУНАР БЕЗ ДНО
По промената на власта, дел од новите градоначалници се соочија со „превработеност“, но и лица кои со години не одат на работа, а редовно примаат пари. За професорите по управно право нема дилема: согласно Законот за административни службеници, подлежат на дисциплинска одговорност и во ваков случај на таквите лица им следи дисциплинска мерка – отказ
АЛБАНСКИ ПОЛИТИЧКИ БЛОК
ПДП беше прва албанска партија во плурализмот, но по конфликтот во 2001 година, нејзина теренска и интелектуална структура почна да се претопува во ДУИ. Но, ако ПДП целосно згасна, а нејзиниот реликт ДПА веќе е маргинална партија, ДУИ остана неприкосновена во албанскиот блок до ден денес, успевајќи да ги одбие нападите од Беса, АА и другите противници.
ДОБРИЛА КАЦАРСКА: ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА ГО ЈАКНАТ СТАТУСОТ НА СУДОТ, А НЕ НЕОСНОВАНО ДА ГО УРИВААТ
Добрила Кацарска, судијка со 36-годишно искуство, пред неполна година беше избрана за претседателка на Уставниот суд. Таа е судијката што им досуди затворски казни на екс премиерот Никола Груевски и на поранешната министерка Гордана Јанкулоска. На долгогодишна робија ги испрати и обвинетите за „27 април“. Вели дека никој не ѝ прави притисоци, бидејќи сите знаеле дека нема да потклекне. Таа е револтирана што Уставниот суд е преполовен, оставен без судии, предупредувајќи дека државата може да влезе во нова криза
КАКО РАБОТАТ КОВИД ЦЕНТРИТЕ
Со оглед на итноста во обезбедувањето на потребните лекови и средства за заштита, јавните набавки во услови на пандемија се спроведуваа по скратени и забрзани процедури, со директно преговарање со фирмите, без претходно објавување оглас. Спроведувањето на јавните набавки во услови на пандемија ја намали транспарентноста, со што се зголемија ризиците од коруптивни дејства
ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
Темпото на растот на минималната плата, засега, го надминува растот на цените што дефинитивно е добро за стандардот на најзагрозениот дел од населението. Но дали продуктивноста и профитабилноста ќе го следи ова вештачки наметнато темпо од Владата, или набрзо ќе се соочиме со долго најавуваниот бран на масовни отпуштања од приватниот сектор?
КРИВОЛОВ ВО НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРКОВИ
Луѓето во Македонија имаат проблем со почитувањето на законите, па дури и кога станува збор за националните паркови, кои треба да ги чуваме во нивната природна состојба. Криволовот е еден од најголемите проблеми што ги погодува националните паркови во Македонија
БЕНЕФИТИ ОД КОНТРАПРОДУКТИВНИ ГЕСТОВИ
Но, што ако не гледаш дека фотелјата во која седиш е (метафорично) гранката на која седиш и која со свои глупави потези ја сечеш? Во тој случај, за тебе нема спас, но во секој случај, за тебе има замена
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Ништо чудно што вмровциве не можат да сфатат како може тоа да се расипе далновод сам од себе!!! Или лифт, на пример!!! Баш во недела. Можеби сдсмовциве им ја презеле, па ја увежбуваат нивната изборна тактика
Наум СТОИЛКОВСКИ
Да, под притисок на јавноста Владата вели ќе биде амандмански интервенирано. Но како? Со замена на „негативно мислење“ со „омаловажувачко и понижувачко мислење“! Одговорот од Правда е безмалку смешен. Видете, освен што се синоними „омаловажувачко“ и „понижувачко“, сепак тука имаат само улога на придавка. Објектот за којшто може да се заврши на суд е МИСЛЕЊЕ
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Најбрзорастечка компанија на територијата на Република Северна Македонија, без конкуренција, е “државата“! Нејзините приходи (буџет) во изминатите десетина години се зголемени за речиси 450 проценти. Проверете!
Стојан АНДОВ
Љубчо Георгиевски на политичката сцена се појави летото 1990 година, кога истапи од членство во штотуку формираната партија МААК, критикувајќи ја дека таа заговара одложување на постојните политички убедувања и однесувања, а не е спремна за длабоки промени какви бара општеството.
Линдита КАДРИУ
Како пропаднаа моите обиди да се ангажирам во емисија за културата на телевизиите на албански јазик и да ги усреќам моите дека сум на платен список и активно барам работа