1375

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сѐ додека Уставниот суд, МТВ, поранешниот Совет за радиодифузија и други институции се гледаат само како бастиони што треба да се освојат, ќе гледаме сеири и надмудрувања. А институциите ќе тонат во нефункционалност и ќе бидат таргетирани како терен за партиска берза

ОД ДРУГ АГОЛ
Нашите политички фактори, иако константно се пенават за европски вредности, сепак кога ќе бидат фатени со „смкнати гаќи“, односно фатени на дело како кршат етички стандарди и законски норми, по правило реагираат балкански. Не се сеќавам дека некој некогаш се извинил на јавноста за такви „гревови“. Уште помалку, пак, одговорност да му побараат неговите партиски колеги. Скраја да е!

ШЕМА ЗА ВРАБОТУВАЊА ВО ЗДРАВСТВОТО
Повеќе од 5.000 согласности за вработување се дадени во изминатите три години, тврдат од Министерството за здравство за „Фокус“. Но, како и на кој начин се вршат вработувањата, кои се главните критериуми и кој сѐ лекува во македонското здравство?

ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТИ И ПОЛИТИКАТА
Чии се граѓанските активисти што влегоа во власта. Независни или на Заев, како што тврдеше тој. Дел влегоа во институциите, дел останаа да го критикуваат, но она што е најбитно е дека и со нив во институциите, системот не профункционира. Некои се уште таму, некои си заминаа, а некои ги „изгоре“ политиката

КАЗНИ ЗА ФЕЈСБУК-СТАТУСИ
Државните службеници треба повеќе да внимаваат на тоа како се однесуваат на социјалните мрежи. Сите институции имаат кодекси на однесување, според кои, службениците може да бидат и казнети. Но, дали овие правилници може да се злоупотребат за пресметка со политичките неистомисленици?

СОМНИТЕЛНИ ВЕШТАЧЕЊА И ОБВИНИТЕЛСТВО СО СКРСТЕНИ РАЦЕ
Многубројните сообраќајни несреќи сѐ почесто ги вадат на виделина и проблемите со вештачењата. Односно, за една случка, за една вистина, во суд се доставуваат по неколку различни вештачења, секое со своја приказна. Семејствата на жртвите се прашуваат како е можно една трагедија да има толку многу вистини? Тие трагаат исклучиво по правдата, а истата бараат да ги стигне и непрофесионалните вештаци

ПАДНА ВЛАДАТА ВО ПОДГОРИЦА
Можеби поводот за смената на црногорскиот премиер Кривокапиќ е технички, но причините се многу подлабоки и поврзани со идеолошки и геостратешки интереси. Во секој случај ова е преломната и последна точка, која засекогаш може да стави крај на српското влијание во Црна Гора, но и да ја одреди политичката судбина на претседателот Ѓукановиќ.

ПАРАДОКСОТ НА КУПЧЕТО
Која држава има морално право на некоја територија? Таа држава која ни е сојузник и за која нѐ боли, а за другата баш нѐ боли. Дали некоја историска неправда треба да се заборави? Ако уште те боли за неа не треба, ама ако баш те боли за неа, треба. И сѐ така

 

Колумнисти:

Александар НИКОЛОВСКИ
Изборите ќе дојдат и ќе се предвремени. Се надевам преку дијалог и со договор со сите политички чинители, ден поскоро, во спротивно народното незадоволство ќе се излие во сите институционални и вон институционални демократски форми. Пролетта доаѓа…

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Никакви договори не можат да ја променат стварноста на вековниот стремеж за еманципација на македонскиот народ како посебен идентитет и самостојна држава.

Реџеп ИСМАИЛ
Градењето на државна стратегија, пред сѐ, за меѓународна економска перспектива на земјава, мора да биде проследено со јасен сигнал до ЕУ за нашата позиција, преку барање во пристапниот процес да не бидеме условувани со ништо што е надвор од Копенхагенски критериуми

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Песната „Народе македонски“ не ја напишал ниту некој коминтерновец, ниту некој титовист. Ако тогаш народниот творец успеал многу ефикасно да ги искаже своите национални чувства и отпорот кон странските обиди за одродување на Македонците, тогаш повеќе од сто години потоа, срамно е заради ситни дневно-политички и финансиски цели, поединци да се препродаваат

Стојан АНДОВ
Беше забележливо дека медиумите во Македонија не обрнаа доволно внимание на формирањето на Бадентеровата комисија и нејзината улога. Македонската јавност не беше свесна дека добар дел на судбината на РМ и нејзиниот референдум зависат од тоа каков ќе биде ставот за Македонија како независна држава што ќе го заземе Бадентеровата комисија и ќе го испрати до земјите-членки на ЕУ.

Линдита КАДРИУ
До неговиот последен 31 март 2012 година, професорот Чипан ни беше Портата кон сето најдобро професионално и лично што може да се сублимира во еден Човек.