1371

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Никаде не стои дека Владата има два мандатара, ама така функционира повеќе од две децении. Во тој период се сменија Црвенковски, Костов, Бучковски, Шекеринска, Груевски и Заев, но вториот мандатар остана константа – Али Ахмети. Никој, па ни Ковачевски не се меша во „ресорот“ на колегата, а пратеник Ахмети, зашто неговиот збор е конечен за министрите од ДУИ.

НОВА ВЛАДА
Експертите велат дека најголеми предизвици на новиот премиер Димитар Ковачевски се да ја обедини партијата и да обезбеди ефикасно владеење. Поради разни персонални релации, пак, многумина чекаат да видат како новото партиско и државно раководство ќе се постави кон процесите почнати од некогашното СЈО.

ГАРАНЦИИ
Некогашните бизнис-партнери Сашо Мијалков и Орце Камчев, по речиси едногодишен притвор, од неодамна повторно се на слобода. Апелација ги прифати нивните гаранции од по 11 милиони евра, иако од обвинителството предупредуваа дека тешко би се претвориле во пари доколку избегаат.

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ
Граѓаните во зима се задушуваат, а во Скопје единствено се смени само градоначалникот. И новата градоначалничка Данела Арсовска, која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, и централната власт раководена од СДСМ, сега имаат само поголем изговор да си ја префрлаат одговорноста едни на други.

КОВИД-ХАОС
Официјалните бројки не ја покажуваат реалната слика на заболени од ковид 19, која во моментов, според неофицијални информации, изнесува од 20.000 до 30.000 позитивни. Ретко кој се тестирал, многу се самотестирани, а којзнае уште колку се недијагностицирани.

КРИПТОМАНИЈА
Независната угостителска комора (НУК) почна иницијатива за издавање сопствена криптовалута и токен, а македонските граѓани во 2021 година почнаа на големо да инвестираат во криптопазарот. Но, македонските власти тапкаат во место со регулацијата. Во продолжение, прочитајте и кои беа главните криптонастани во Македонија и во светот што ја обележаа 2021 година.

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА
Ако случувањата во Казахстан се лакмусова хартија за тоа како народот реагира на двојно поскапи енергенси, како и на инфлацијата, која тоа ја влече со себе, тогаш дефинитивно ни претстојат политички и безбедносно интересни денови. Новата влада на Ковачевски исправена пред многу предизвици.

ВЛАДЕЕЊЕ ОД СЕНКА
Што и да прави премиерот Димитар Ковачевски, во очите и на непријателите, но и на сопартијците ќе биде сметан за обичен пион на Заев, дури и ако тој не е, сѐ додека не направи една од двете посочени работи: или да се скара жестоко со Зоран Заев, или да постигне некаков успех, кој на Зоран Заев му беше недостижен

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Слабост ли е да се почитува закон? Слабост ли е, ако се рече „грешка е, декан и продекан не смее да се во Извршниот, се крши Законот за високо образование“. Во старт четири професори од СДСМ покажуваат непочитување на Закон донесен во 2018 година од СДСМ. По ваков старт, јасно на каде оди владата, како би рекле во „мое маало“ – влече накај Заев.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
На најголем број од граѓаните им е преку глава од „Едно општество за сите“, кое на крај стана општество за никој. Од веќе видената „Нова иднина“, која ако се реализира, ќе ја врати државата во најдобрите времиња на институционалниот криминал; исто како што сака лажно да се претстави свежо зелено обоениот утилитаризам

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонскиот правосуден систем, изминативе три децении, постепено се трансформираше во своевиден инвестиционен фонд за продажба на правда. Алегоричната сленг дефиниција „сваровска Јустиција“, буквално може да се толкува како „откуп на правда со неправда“

Линдита КАДРИУ
Постои нешто во гардот на обвинетите за криминал и корупција, идентично со држењето на функционерите без стручност, а тоа е несфатливата гордост. Ако над глава ти стои пресуда за тешки кражби, не треба ли погледот да биде надолу пред новинари, додека чекориш кон автомобилот или влезот во судницата?

Стојан АНДОВ
На многу незгодни настани што се натрупуваа во односите меѓу македонските партии и партиите на Албанци во Македонија, друг товар, и тоа мошне тежок, донесе и негласањето на пратениците од пратеничката група од ПДП-НДП за Уставот на РМ на 17 ноември 1991 година.

Јанаки МИТРОВСКИ
Србинот ја одведе борбата на суд – и доби. Австралиските судии не се балкански, па не ги интересира дали власта тера наци-политика или не, дали има избори, или од која партија е учесникот. Австралискиот суд ѝ наложи на владата, Новак веднаш да биде ослободен, а владата да ги сноси и судските трошоци.