1364

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Некој ќе рече, секогаш се случувале и ќе се случуваат несреќи. И навистина е така, но битно е да се знае под какви околности тие се случиле. Дали кобните несреќи се резултат на човечки фактор, сплет на околности или, пак, на негрижа, неодговорност, јавашлук или системски грешки

OД ДРУГ АГОЛ
Предвремени избори?! Што правиме и ако на таквите избори повторно добиеме „пата- карта“! Но, и килаво скрпено „на ти го, дај ми го“ мнозинство не е некоја блескава формула во овие кризни времиња. А нека си припомнат и во СДСМ дека откако предизборните коалиции постизборно им се растурија, и Црвенковски во 1998, а и Георгиевски во 2002-та, беа поразени

КОЈ ПАТ ЌЕ ГО ФАТИ СДСМ ПО ЗАЕВ?
СДСМ е правен наследник на некогашниот Сојуз на комунистите на Македонија, кој во годините по осамостојување на државата помина бројни процеси на идеолошка, концепциска, кадровска реформа. Во овој 30-годишен период, партијата смени неколку лидери, но најголем белег оставија Бранко Црвенковски и Зоран Заев, во чие време СДСМ ги прокнижи најголемите изборни победи и политички успеси. По најавите за повлекување на Заев, се отвора простор за нова развојна етапа.

ЌЕ „ПРЕЖИВЕЕ ЛИ“ БАС РАПИД ТРАНЗИТОТ?
Трамвајот на тркала што го почна претходниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, ѝ ги мати плановите на новата градоначалничка Данела Арсовска. Ако ЕБОР не се откаже од Бас рапид транзитот, Арсовска може да го утне најголемото ветување во својата кампања, бесплатен јавен превоз за сите скопјани и 250 нови автобуси

ЛАЖНИ СЕРТИФИКАТИ
Ако до неодамна македонските граѓани одеа во Бугарија на шопинг, а по пат и за бугарски пасош, изминатиот период имаат уште една причина плус. На популарност се лажните сертификати за примена ковид-вакцина, со кои невакцинираните живеат како по старо, без ограничувањата, кои ги наметна ковид-пандемијата. „Фокус“ го открива патот на фалц потврдите, кои засега се невидливи за надлежните.

 „РУДАРИТЕ“ ОД ГТЦ КУРТУЛИЈА?!
Машините за копање криптовалути што новинарите ги снимија во магацините на ГТЦ веќе не се таму. МВР го затвори случајот без да собере докази и без да извести јавен обвинител. Струјата што ја влечеле машините, по сѐ изгледа, „сложно“, без нивно знаење, ја плаќале дуќанџиите.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО БЕЛОРУСИЈА?
Русија во моментов се обидува да издејствува пуштање во употреба на гасоводот Северен ток 2 и да превенира било каква масовна воена акција на украинската армија против побунетите проруски енклави Доњецк и Лугањск. Нервозата на Русите доаѓа како резултат на се поголемото вооружување на Украина од страна на Западот и непрестајните обиди на Полска да изврши преврат на режимот во Белорусија.

НОВИ СЛУЧУВАЊА, СТАРИ МЕТАФОРИ
Се бориш со години против режим, за по промената да сфатиш дека пак имаш нов режим против кој треба да се бориш. Се бориш против епидемија, и таман ќе ги вакцинираш, милум или силум, сите, се случува мутација на вирусот поради која нова тура вакцинирање се наложува. Таман ќе сотреш еден тип на криминал, друг тип ќе се појави против кој немаш никакво искуство

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Поголеми гајлиња ја чекаат нашава Македонија од антиваксерските протести, од тоа кој ќе ја води државава во наредниот период, од тоа дали Бугарија ќе го повлече ветото за нашиот влез во Европа. Овде како никој да не сака да размислува што ќе се случи по крајот на пандемијата

Наум СТОИЛКОВСКИ
Зад ова шоу се крие фактот дека Заев не се повлекува. Не само Заев, ене ги Филипче, Николовски, па и Царовска, осоколени повторно се обидуваат да се наметнат на јавноста. Сето ова открива една страшна состојба, а тоа е дека Заев останува во врвот на оваа киднапирана партија. И секако, киднапирана држава

Јован ДЕСПОТОВСКИ
Како да забораваме дека општеството, земјата е сочинета од семејство на поединци. На луѓе. Луѓе што несвесно, секојдневно ги делиме на млади и стари, соседи и туѓинци, пријатели и помалку такви. На наши и ваши. Но, она што трагедијата упорно нѐ учи е дека луѓето се луѓе

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Суштината е да се префрли топката во дворот на Македонија, па наместо да се зборува за Македонците и македонското национално малцинство во Бугарија, да се зборува за „македонските Бугари“. Станува збор за стари трикови на бугарските „политици“, кои, за жал, оваа држава секогаш ја воделе во погрешна насока

Стојан АНДОВ
Прв збунувачки факт во подготовките за почетоци на работата на Уставната комисија беше, што покрај предлогот за донесување на новиот устав, што го испрати претседателот на Републиката Киро Глигоров до мене, доставија материјал и членовите на Комисијата – Албанци од ПДП-НДП.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
По дваесетина години, методот „гол со пета“ го повтори пратеникот на “Алтернатива”, Кастриот Реџепи, кој се потпиша на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за гласање недоверба на владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Го пишманија  симбиозата од методите на меѓународниот „камшикар“ и дуиџискиот „серум на вистина“.