Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ја разбирам нервозата на Заев, кој по секоја цена сака да ја добие битката за Скопје, до толку што ветува ако „падне“ Шилегов, паѓа и тој. Сакајќи да каже „освестете се, јас сум залогот и спремен сум да ја жртвувам и својата политичка кариера“. Наречете ме скептик, ама некако не верувам во такво сценарио, дури и Скопје да добие „градска мајка“
ОД ДРУГ АГОЛ
Настрана саркастичниот коментар на турскиот претседател Ердоган дека Турција е веќе во Европа, бидејќи таму живеат 5 милиони Турци, Македонија треба да продолжи по европскиот пат, иако стои во место, нели, но малку е шашаво две децении упорно да дигаш тензија дека сега ќе биде, на следниот самит ќе биде. Би рекла „Лесно ветена брзина“…
„МАЛИТЕ“ ГИ МАТАТ СМЕТКИТЕ НА „ГОЛЕМИТЕ“
Изборните резултати од првиот изборен круг резултираа со шарена слика во скопските општински совети, каде што, покрај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, со значаен број советници влегоа Левица и независните зелени движења. Токму од распоредот на силите и превласта во советите ќе зависи како ќе се развива урбанизацијата во главниот град. Каде се очекуваат најголеми предизвици во тој план?
СОМНИТЕЛНИ ПРОЦЕНТИ, НЕПОЗНАТИ АГЕНЦИИ
Големиот пораз за СДСМ и малата победа за ВМРО-ДПМНЕ не ја предвиде ниту една анкета што се спроведуваше пред изборите. А ги имаше неколку, беа бледи и поминаа не толку забележано. Причините за големата утка се бараат во непрофесионалноста и методологијата на агенциите, но и во големиот бојкот на гласачите.
ТРАОРНИ КОВИД ПРИКАЗИ
Повеќе од 7.000 починати од ковид 19 не е само статистичка бројка, туку изгубени животи. Дел од роднините на пациентите со документи в раце ги кажуваат своите трагични судбини, но за смртта на своите најблиски тие го обвинуваат лошо поставениот здравствен систем, шетањето од болница во болница, недостигот од кадар.
ОСТАВКА ВО ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА
Владата во лов на изгубените гласачи ги прави последните обиди да го исполни своето второ големо ветувања со кое, покрај влезот во НАТО, би започнале преговори и со ЕУ. Од друга страна, во Бугарија се создава минимално поповолно политичко милје. Во процепот на ова ново потенцијално приближување, се наоѓа историската комисија која трпи барем индиректни, а веројатно и многу директни притисоци, макар од едната страна.
ЛОШИТЕ СТРАНИ НА ТРИУМФИТЕ
Гледајќи дека Христијан Мицкоски на локалниве избори не успеа да привлече нови гласачи, туку само најлојалната партиска војска го спаси, многу вмровци се разочараа прашувајќи се дали вреди таа победа до која не дошло поради мобилизацијата на народните маси, туку само поради разочарувањето на граѓаните, кои до вчера гласале за политичкиот противник
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
А, за корупцијата, лошата кадровска политика, сиромаштијата, за такви „дребулии“ народот не казнува. Имаме цврсти докази за тоа. Затоа Заев нека тера понатаму зашто има задача да ја стави оваа држава на сите четири ногалки и да му докаже на овој народ дека кога греши, ама ич не е во право
Наум СТОИЛКОВСКИ
Ваше е дали ќе потклекнете пред стравот, или ќе се потпрете на одговорот на суштинското прашање „Дали живееш подобро, дали ти служи администрацијата на секое ниво на власт, во заштита на Вашата благосостојба и живот, како и благосостојбата и животот на твоите блиски“?
Jован ДЕСПОТОВСКИ
За почеток, да сфатиме дека не секои избори и не секоја порака од гласачите се живот или смрт (политичка, секако). Исто како што и дека не секоја поддршка значи карта за брз воз до власт. Особено, не ако се мери преку помалку загубени гласови од противникот
Ѓорѓи СПАСОВ
Не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ е злото во Македонија, но факт е дека него денес го водат истите актери што беа на власт 11 години, и учесници во насилствата од 27 април, кога со силa не сакаа да дозволат мирна промена на власта.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Без оглед со каков резултат ќе завршат локалните избори, како и тоа каков резултат ќе предизвикаат на конечниот однос на политичките сили во државата, едно е сосема јасно – квалитетни поместувања на добро во секојдневниот живот на граѓаните тешко дека ќе има
Бранко АЗЕСКИ
Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување? А реалноста е следна: нашата локална самоуправа има само 5% од БДП, за разлика од просекот во ЕУ кој изнесува 15,6% од БДП.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Инсталираната власт за еднократна употреба џабе се занесува дека наместо таа, НАТО и ЕУ ќе им ја спастрат државата. Единствената иднина за старата мома Македонија останува иницијативата Отворен Балкан. Не може вечно да се чека ЕУ. Друго чаре нема!
Јанаки МИТРОВСКИ
Мирко и Мерко се двете страни на паричката наречена game change која треба да донесе пресврт на изборите, кои поминаа ужасно лошо за СДСМ. За таа цел Заев најавува дека има сите функционери да дигаат на телефон за граѓаните и да ги решаваат проблемите, кога веќе тој можел.
Мухамед ХАЛИЛИ
По многудецениски дебати околу „македонското прашање“, не треба да ја занемариме пораката на Глигорoв дека „…не треба да се негуваат илузии дека со потпишувањето на една Декларација, што го направи или го договори владата на Љубчо Георгиевски со бугарската влада за признавање на македонскиот јазик како официјален јазик, ќе се симне од дневен ред ова прашање