Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Многу е извесно и дека неуспехот на овие избори ќе отвори и внатрепартиски дебати за одговорност во СДСМ, кој на овие локални избори има еден од најлошите изборни скорови, сличен на оној на Шекеринска од 2008 година
ПОТФРЛИ НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ГЛАСАЊЕ
За 11 милиони евра, новиот систем за гласање, кој требаше да се „пали“ на отпечаток од прст, функционираше како да беше купен на Бит-пазар, за 11 евра. Машината не ги идентификуваше речиси половина од гласачите, ама затоа, пак, политичарите немаа проблем. Никој од нив не смее да се пожали за народот да не им го испорача милионскиот цех
ЗАЕВ РАСПНАТ МЕЃУ ДУИ И БЕСА
Ново парламентарно мнозинство е можно да се случи. Прашањето е кој партии и пратеници би го „смучкале“? Второ, што би се променило во законодавната работа? Трето, вреди да се потсетиме на единствениот таков обид во 2000-та, кој заврши неуспешно
ДИВОГРАДБА „МАЈКА ТЕРЕЗА“
Споменикот „Мајка Тереза“ е класична дивоградба и треба да се демонтира, утврди работната група за „Скопје 2014“. Но, во меѓувреме, изведувачот „Бетон-Скопје“ го тужеше Министерството за култура како инвеститор за побарување од 62 милиони денари, токму за овој објект.
КАКО СЕ „ЛЕКУВАНИ“ ДЕЛ ОД ПОЧИНАТИТЕ ОД КОВИД?
„Фокус“ располага со документи, имиња, презимиња и болнички истории на повеќе од 20 пациенти, кои починале од Ковид 19. Нивните семејства обвинуваат за несоодветно лекување и тврдат дека правдата ќе ја бараат по судски пат. Дел од лекарите ги наведуваат и причините за алармантните бројки на смртност во земјава, која влезе во првите пет црни рекордери во светот.
НЕЗАВИСНИТЕ-НОВА ЧЕТВРТА ПОЛИТИЧКА СИЛА
Тешка и неправедна борба водеа независните кандидати на овие локални избори соочени со доминацијата на големите политички партии. Но, и покрај нефер битката, тие за прв пат освоија десетици советнички места во повеќе општини низ Македонија, а најсилни ќе бидат во Скопје. Нивниот глас може да биде одлучувачки, но сигурно ќе бидат очите на граѓаните во Советите.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ НА КОСОВО
По катастрофата на владејачката „Самоопределување“ на локалните избори, покрај безбедносна, Косово сега се соочува и со политичка криза. Ваквиот резултат доаѓа во најлош можен момент, кога Србија тропа со оружје буквално на неколку стотини метри северно од границата, а парламентарното мнозинство почнува да се ниша.
ПАРТИИТЕ НА КОЛЕНА, ГЛАСАЧИТЕ НА НОЗЕ
Заев ќе треба да се симне од ќерамидите, при што прв бенефит од тоа ќе биде што веќе нема да биде опкружен со црепови. Втор бенефит е што ќе почне да гази пак по земја како некогаш, и ќе сфати дека работите се променети.
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Знае овој народ дека Заев му го отвори патот за напредок и за подобар живот. Знае дека тој е единствениот од сите досегашни политичари во изминатите 30 години што имаше храброст да загази во минското поле и да ја донесе Северна Македонија пред портите на ЕУ
Наум СТОИЛКОВСКИ
Јас сум убеден дека избраниците од првиот круг ќе ја оправдаат довербата многу скоро. И не само од опозицијата, туку и од оние од редовите на заевото гнездо. Заради едноставна причина, граѓаните рекоа „доста е“! Фингерпринтот на заевизмот изгуби со над 50.000 разлика и тоа е најгласната порака, погласна дури и од метлата
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Повторно ќе дојдат нови избори на кои некои нови или стари политички наркомани ќе се однесуваат дека животот започнува и завршува со нивното доаѓање и заминување од власта. А не е така
Звонко ДАВИДОВИЌ
Големите политичари и државници секогаш ја согледувале и прифаќале грубата реалност и се обидувале со своето знаење и умеење да ги исправат грешките, а не ја боеле грубата реалност со боите на виножитото, убедувајќи се себеси и другите околу себе дека е сѐ розово и совршено
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Клучниот дефект на македонското нулирање е што во нејзините основи распашаните бабаити постојано вградуваа недоученост и волунтаризам. Хендикепот не го отстранија и следните пообразовани генерации, особено транзициските. Како потомци на комуњарите, тие ги чуваа трагите и аманетот од нивните полуписмени претходници.
Бранко АЗЕСКИ
Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.