Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ваше право е дали ќе излезете на избори или ќе апстинирате, но сѐ некако ми се чини дека повторно сите на крајот ќе се прогласат за победници. Некој ќе брои градоначалници, друг советници, или вкупно освоени гласови. А, ние, граѓаните изгубени години!
ИЗБОРНИ МАНИПУЛАЦИИ
Институции ставени во служба на партијата, министри со службени автомобили тераат партиски активности, обвинувања за правење на списоци со гласачи и по некој инцидент во изборните кампањи на партиите. Пред големото финале на 17 април, партиите газат се пред себе за глас плус и за власт плус
ИЗБОРНИ КАМПАЊИ
Нема голем напредок во пристапот на водење на изборните кампањи. Стерилни слогани, делење пенкала и маици и неуспешни обиди за хумор. Свежина во кампањата внесуваат единствено независните, кои се трудат да ги користат современите комуникациски технологии и пристапи.
ФИЛИБАСТЕРИНГ
Фактот дека два обидa за филибастеринг завршија со насилство – Црниот понеделник и Крвавиот четврток, но и тенденцијата сега феноменот „1.000 амандмани“ да се користи без граници, беше повод да побараме одговор од неколку професори и пратеници за излезот од ваквата статус кво ситуација за законодавната активност. Треба ли да се ограничи или прецизира амандманската активност или да се остави овој феномен на политичката култура?
ПАНДОРА ПЕЈПЕРС
Сегашни и поранешни политички лидери, познати личности од спортот и шоу-бизнисот, бизнисмени и милијардери, стекнувале имот на преку комплицирани офшор-шеми, избегнувале даночни и други финансиски обврски. Ова се првичните наводи од истражувањето под називот „Пандора пејперс“.Во оваа документација има и две фирми поврзани со македонски државјани, но нивниот идентитет засега е непознат.
СТРУЕН ИЛИ ЦЕНОВЕН ШОК?
Интервентниот увоз на јаглен и максималното искористување на капацитетите на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и веројатно на ТЕЦ Неготино не можат,а да не дадат резултати на краток рок. Но колку тоа е долгорочно одржливо и колку ова купување на социјален мир ќе ја чини државата во годините што доаѓаат, никој веројатно не се труди ниту да размислува.
ТРИ ПРИЧИНИ ЗА, СЕПАК, ДА СЕ ГЛАСА
Односот на СДСМ кон Венко Филипче во голема мера е индиција дека таа е веќе безнадежна партија која сосема кренала раце од тоа обични, нормални луѓе да придобие на своја страна. Можеби кон тој дел од населението атакува коалицијата на ЛДП со ДОМ, што веројатно објаснува и зошто се случи таа коалиција, имено за да ги прибере тие гласачи од кои СДСМ веќе не се надева на глас
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Ја разбирам полукандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Скопје што бега од „СК 2014“. Се срами, не ѝ прилега на имиџот што го има на модерна и самосвесна жена, па оттука со сите сили се труди да покаже дека не е дел од таа сликовница
Наум СТОИЛКОВСКИ
Најсвеж и најголем споменик Заев, сепак, изгради во Тетово. Овој споменик ги обединува Заев, Али, Филипче, Илир, Теута, Анѓуш. Излиени во боја на пепел, сите нив ги поврзува еден продолжен кабел, којшто тие го држат и го вклучуваат
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Да не им се лутиме многу на европските челници и на нивните веќе децениски лаги за приклучувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Па редно е и тие да научат нешто од балканските политичари
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Контроверзната фразема „Наш човек“ е дијагноза за менталната општествена деформација. Црнохуморна метафора за акалот со која му се полни тимбата на ортодоксниот партиски војник