Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Министерот Оливер Спасовски може колку сака да се фали со успеси во справувањето со криминалот, но сѐ додека не се расчисти до крај случајот „Двојник“, неговата одговорност е (нај)голема. Без оглед кој знаел и од кога за вакви незаконски дејствија и дали некој предвреме ја саботирал акцијата
ОД ДРУГ АГОЛ
Сега веќе изгледаат пореални шпекулациите дека незадоволните сдсмовски (во иднина екс) фактори, особено извисените градоначалници, може да настапат со независни листи на локалните избори. Со благослов на Црвенковски. Ако бидне вакво нешто, баш фино би им легнало да настапат како „Пркос“
РАШКОВСКИ И ИТ-ТЕНДЕРИТЕ
Новите сознанија до кои дојде „Фокус“ покажуваат дека СИРЕРА-софтверот за рамномерен регионален развој бил набавен од „Ентер“ за 630.000 евра, иако „Семос“ доставил далеку пониска цена од 255.000 евра. Арно ама, оваа компанија била дисквалификувана поради „наводни пропусти“
ДАЛИ ЛЕГАЛНАТА МАРИХУАНА СОЗДАВА НОВ НАРКО-ПАЗАР
Додека власта се фали со големите заплени на марихуана, компаниите што произведуваат марихуана за медицински цели трупаат резерви од цвет на канабис, кои се проценуваат на 22 тони. Нема потврда дали последната заплена на марихуана на Плетвар потекнува од некоја компанија од Прилеп и од Битола, но факт е дека легално произведената марихуана почна да завршува на нарко-пазарите
ОБВИНИТЕЛСКИ ТЕКТОНСКИ ПОТРЕСИ
По повеќе од две години неизвесност, дел од обвинителите од згаснатото СЈО добија позиции во Организиран и во Вишото обвинителство. Се ослободи и шефовската позиција на скопското обвинителство, а еден од фаворитите доаѓа токму од СЈО. Се шпекулира и за нишање на фотелјата на Вилма Русковска. Дали ќе издржи пред притисокот, или и нејзиното место ќе го наследи некој од обвинителите од СЈО?
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО
Воведувањето дигитални учебници, за кое „Фокус“ пишуваше уште во февруари, кога законот за учебници беше во фаза на изработка, стигнува до фаза на реализација. Придобивките од дигиталните учебници се големи и се во тек со времето во кое живееме, но пристап до тие придобивки мора да имаат сите ученици.
ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ
Експертите предупредуваат дека наскоро ќе се соочиме со уште поголема пречка, кога ќе сфатиме дека без либерализиран железнички сообраќај, буквално ќе нема кој да вози по таа пруга и кој да ги услужи потенцијалните клиенти. Дополнително се наметнува и прашањето со патничкиот сообраќај, кој, за разлика од развиените држави, кај нас целосно излегува од мода.
БЕНЕФИТИ ОД ПРКОСОТ
Секоја глупост е шанса да се направи нешто паметно од неа. Налик на слободен удар во фудбалот. Публиката ги слави само оние кои дале гол во противничката мрежа, а ги мрази оние кои постигнуваат автоголови во сопствената мрежа. А што се однесува до голманите, ги сака и тие кои одбраниле удар од противникот, ама уште повеќе тие кои спречиле автогол
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Пркосот против овој режим од неделата веќе нема сопирачка. Причини зошто овој народ повторно ќе се слева по улиците има многу. И веројатно ќе добијат некаков ритам. Сѝ до падот на режимот, до слободата на Македонија
Ана ПАНОВСКА
Оној хипик, професорот, не е вистински националист, туку амбициозен фанатик, егзибиционист кој оценил дека националистичката реторика и вулгарноста можат експресно да го истуркаат во првиот ред на толпата, па ако му се посреќи, доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да ја приграби власта, ќе дочека да му се потфрли некое ковче за глодање
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Дали по 27 април политички сме „иста земја“? Одговорот секако е не, но во исто време мора да се каже дека не сме многу поразлични од она што бевме пред четири години. Матрицата на политичкото однесување, можеби со мали дотерувања и шминкања, е иста. Суштински, освен персонални, разлики како и да нема
Стојан АНДОВ
Во македонската историја двете струи, едната на ВМРО ДПМНЕ, што се потпира и ги брани традициите на ВМРО од Солунскиот состанок и СДСМ што основата ја најде во Вуковарскиот конгрес на Комунистичката партија на Југославија,фактички претставуваат две политички насоки кои го сочуваа тоталитарниот карактер во македонското политичко организирање и делување во периодот од 1991 година.
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Не можат ниту вујко Сем и НАТО толку да помогнат, колку што Македонците можат сами да си одмогнат. Не бива со сегашните, уште подибидус со претходните. Од трн на глог. Секташка партократска матрица, прекрасно дијагностицирана уште пред години од сега покојниот Никола Младенов: „Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина од безрбетници. И тука нема компромис“!