Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Опозицијата се фатила како „слеп за стап“ и не попушта за онлајн-работа зашто тука гледа шанса да се блокира парламентот и да се раситни кревкото парламентарно мнозинство. Владејачките партии, пак, не знаат што е договор, а уште помалку компромис. А и кога ќе седнат на заедничка маса политичките поглавари Заев и Мицкоски, не си веруваат дека ќе се почитува договореното
СЛУЧАЈ „РАШКОВСКИ“
Поранешниот владин генсек Драги Рашковски на заминување склучил и тригодишен договор за софтверски лиценци од дури милијарда денари, откако во повторена постапка целосно отпаднале условите за техничка и професионална способност. Тендерот го добил конзорциум со само 200 евра пониска понуда од конкурентите…
ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ: ЈАНКУЛОСКА Е НАЈГОЛЕМАТА ЖРТВА НА ПРИСЛУШУВАЊЕТО, ЈА ЧИНЕШЕ ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА И ОДМАЗДНИЧКИ КРИВИЧЕН ПРОГОН!
Речиси една година поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во затворот „Идризово“. Таа е еден од ретките функционери на ВМРО-ДПМНЕ која е осудена на правосилна пресуда, по предметите од СЈО. „Фокус“ разговараше со нејзиниот адвокат и сопруг Влатко Илиевски. Покрај аргументите за нејзина одбрана, тој открива интересни детали за тоа зошто дел од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ не биле, или биле само под благ прогон на правосудните власти, односно како се „избориле“ за својот мир.
КАДЕ ВОДАТ ПИПАЛАТА ОД ПАСОШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ?
Додека јавноста чека нови детали за истрагата со пасошите со украдени идентитети, кои им се продавале на светски криминалци, опозицијата објави уште една афера со дупли матични броеви. А, освен МВР пристап до матичните броеви на граѓаните има и Управата за водење на матични книги. Институцијата ја раководи кадар на ДУИ, партијата која остана нечепната во најновите скандали со пасошите и личните карти
ИСТРАГА ЗА ЗАКУПНИНИТЕ ОД КАМПОТ НА ЕЗЕРО ТРЕСКА
Додека се чека епилог на истрагата што ја иницираа камперите, ЈКП Сарај го расчистува просторот со помош на приватна фирма. Податок за склучен договор за расчистување не успеавме да пронајдеме, а камперите се сомневаат дека работата ја води фирма блиска до градоначалникот Блерим Беџети
НОН-ПЕЈПЕРОТ НА ЈАНЕЗ ЈАНША
После потврдата на aлбанскиот премиер Еди Рама веќе нема дилема дека таков документ (во кој се проповеда формирање на големи Албанија, Србија и Хрватска на сметка на сите други) навистина постои. Останува уште дилемата кој стои зад сето ова, за да може да се процени колку е целата работа сериозна??
ЕСТЕТИКАТА ТРЕБА ДА СЕ ЗАСЛУЖИ
Ако некој моќен човек успее да ги отстрани сите грди згради во својот град, па никогаш да не мора да види ниту една од нив при своите прошетки, што е следниот чекор кон постигнување на естетската нирвана за тој моќник? Јасно е, сите луѓе што нему му се гледаат грди да бидат отстранети!
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Потегот на онаа Бисера, но и на докторот, покажа дека Диктаторот којшто не води сметка за запирање на епидемијата, во своето новонормално, односно живеење (преживување) со вирусот, може да се сети утре сите болни да одат на работа во скафандери. Бидејќи и така вакцини не набавува, зошто да не
Ана ПАНОВСКА
Видно поразени, сега се закануваат со затвори… се собираат во глутница и си се бодрат подзинато чекајќи го оној месијата, кооптираниот професор, да им смисли некои нови „кардељевски“ потези, кои ВМРО-ДПМНЕ потоа ќе ги прикажува како свои. Толку беше од големата ум(е)рена десница, се стопи во прегратките на Апасиев
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
На секоја власт ѝ одговара постоењето на поданички судско-обвинителски кадар, исто како што и на опозицијата ѝ одговара таква поданичка и употреблива улога во надеж дека кога тие ќе дојдат на власт ќе ја користат “независната“ власт за своите политички потреби
Стојан АНДОВ
За жал, сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ и покрај напорите да се покаже како демократска, десничарска, партија не може да се ослободи од споменатите препади со спомениците што ги направи Никола Груевски. Но, тоа се само споредни делови од политичката бесмисла и неписменост кај македонските млади политичари.
ПОЛЕМИКА: РИСТО НИКОВСКИ
Андов направил сериозна грешка што ангажирал еден од своите потрчковци за да удри по нога, а не по фудбалот. Потрчкото нема избор освен да конструира монструозни лаги, и тоа на лична основа. За него, темата не е актуелна
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Индикативен е и фактот што во управните служби на МВР, по партиска линија се вработени претежно кадри на ДУИ, сите со ниско ниво на образование и без целосни безбедносни проверки. Можно е свесно да се затворале очи, поради системот на поделба на моќта и сферите на влијанија меѓу двете најголеми етнички заедници и партиски дилови меѓу владејачката коалиција.
Јанаки МИТРОВСКИ
И Миле ми текна беше власт и правеше што сака. Се закануваше, гасеше лифтови, се закануваше на свои субординиран дека ќе ги избрка од работа, ако не гласаат сите за ВМРО. Ене го кутар секој ден е по судници. Ама пуста власт, слатка ко мед!