1332

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Најголемата опасност за една власт е кога ќе почне да живее во виртуелна реалност. Токму така се однесуваат Заев и Филипче, кои додека ја крстосуваат земјава на мотори, лицемерно ги советуваат граѓаните да седат дома. Тие ги „полнат батериите“  во природа, а граѓаните ги полнат болниците, засега државните, или приватните по енормни цени

ОД ДРУГ АГОЛ
Да следиме дали и како ќе се расплеткуваат скандалите. Изгледа допрва ќе ги има уште, а старите сѐ уште нерасчистени. Сѐ што сега ќе се забошоти, еден ден, сепак, ќе експлодира. Како и коронава. Арно ама, за пандемијава веќе има вакцини. Ќе се најде ли вакцина против скандаливе?

АФЕРА „ЛАЖНИ ПАСОШИ“
Аферата што е на рамниште на скандалот со масовното прислушување стана главен арсенал  во нападите на опозицијата. Власта, пак, се брани со обвинувања за саботажа, но не даваат одговори на прашањата, уште колку криминалци се шетаат низ светот со македонски пасоши и оперираат во име на некој од Мала Преспа?

ЌЕ ДОБИЈАТ ЛИ НОВА ШАНСА ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО?
 Веќе седум месеци траат калкулациите за избор на јавни обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и во Вишото обвинителство. Во игра се шестмина обвинители од поранешното СЈО, па се чини и главната пречка е врзана со нив.

ЕКСКЛУЗИВНО:  ПРОЕКТ „ЕЗЕРО ТРЕСКА“
Огромни хотелски комплекси, дрвени бунгалови, викенд-куќи од дрво и камен, аква-парк, трговски центар, отворен пазар, ботанички градини и парковски уредени површини. Сево ова е предвидено со Урбанистичкиот план за СРЦ „Езеро Треска“. Парцелите ќе се отуѓуваат со почетна цена од едно евро за квадратен метар и инвеститорите ќе добијат низа поволности

ЗДРАВСТВЕНА И БЕЗБЕДНОСНА КРИЗА ВО СВЕТОТ
Северно Косово, Република Српска, Источна Украина, Тајван, Северна Ирска се само дел од потенцијалните воени жаришта за кои  треба само една единствена искра да се активираат. Со оглед на хаотичната состојба која владее на цела планета овие засега изолирани воени судири би можеле да прераснат во координиран конфликт од поголеми размери, особено ако се земат амбициите и одлучноста на новиот американски претседател Џо Бајден.

ФУДБАЛСКА КАША-ПОПАРА
Високата победа на македонската фудбалска репрезентација над Германија повторно внесе еуфорија и позитивни моменти во овој период на пандемија од корона вирусот. За момент се заборавија сите проблеми во нашата држава, но очигледно е дека односите на релација репрезентација – ФФМ, не се сјајни.

СЕКОЈ СКАНДАЛ Е ШАНСА
Секој скандал е шанса да се направи реформски исчекор во општествово. А скандали колку сакаш, од секој калибар, за сечиј вкус, па власта, опозицијата, медиумите и граѓаните се како пред шведска маса кога се во прашање аферите. Толку е богат изборот, што постои опасност народот да се презасити и да почне да го губи интересот, та да се пали само на силно зачинети скандали

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
И сега сме први во регионот по тоа што американската ДЕА ги запира полициските началници кои транспортираат дрога во комбиња. Еј, американската ДЕА спречува транспорт со дрога и во акцијата „паѓа“ полициски началник! Резил! Спојте ги сега сите овие слики во глава и над нив Заев како извикува МАЛО СУТРА со рачето подвиткано

Ана ПАНОВСКА
Казните за неодговорноста, безобразието, самоволието и уривањето на угледот на Владата ги одредува ТОЈ − лично премиерот Заев, кој уште кога се шушна дека има нешто матно во генералниот секретаријат на Владата требаше да каже: „Дотука било, Рашковски!“

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во „лидерот“ е концентрирана целокупната политичка моќ во партијата. Оттаму и грубата реалност на безмилосни “лидерски“ пресметки чија цел е меѓусебна дискредитација со надеж дека ако се дискредитира “лидерот“ ќе се дискредитира и партијата.

Стојан АНДОВ
Гошев знаеше, ако неговата партија го добие местото претседател  на државата, тоа ќе беше Глигоров, а Гошев ќе отпадне како кандидат за премиер. На тоа поработи самиот Глигоров, а и во јавноста, посебно меѓу новинарите, преовладуваа такви гледишта.

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Непрокопсаните апаши од трите партократски клана украдоа триесет години од животот. Симулакрум за едно општество и живот за сите.  Креирање факинг криминализиран систем за постепено исчезнување на Македонците и чипирање на човеците од „Нашата земја“.

Љубомир ГАЈДОВ
Ако двајцава самопрогласени апологети на Глигоров се искрено загрижени за неговото дело и углед, со право би можела јавноста да им ги постави трите битни прашања околу најголемиот организиран криминал во обновена Македонија и редок меѓународен скандал: атентатот

Јанаки МИТРОВСКИ
Во најтемните Грујови времиња, јавна тајна беше дека, покрај стандардните партиски ботови, ДПМНЕ си имаше на платен список „инфлуенсери“, чија задача беше идентична како и на овие денешниве- шиканирање и оцрнување на неистомисленици, релативизирање владини срања, апсорбирање незадоволство. Сѐ е исто, само Грујо го нема!