Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сум ЗА нашето членство во НАТО и во ЕУ. Ама секогаш ми пречела идеализацијата на овие сојузи како волшебно стапче и апче за сите наши проблеми. Говоранциите на нашите фактори на оваа тема ми звучат ептен соц-реалистички, со глорификација на Унијата и Алијансата како безгрешни. Имам „дојам“ дека како што едни некогаш сервилно го слушаа Белград, така сега овие во пандемијата се трудеа да бидат поголеми католици и од папата
КОНТАМИНИРАН ТЕНДЕР СО ДРОН
Компанијата „Флај кем“ на сопругот на Царовска склучи договор со Град Скопје на чело со Шилегов за детекција на шумски болести со помош на дрон во износ од еден милион денари. Експертите велат дека со дрон не може да се детектираат шумски болести, туку само да се мапираат ризични зони и ослабени растенија
НЕКОЈ ВО ФОТЕЛЈА, НЕКОЈ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА
Дали партија се бореше против партија или народот против режимот? По смената на власта, дел од демонстрантите од „Шарената револуција“ влегоа во новата власт, а на дел од предводниците што останаа надвор од власта, пет години им се суди за протестите
МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Премиерот Зоран Заев „му бега“ на својот претходник Никола Груевски за само 4.000 фанови повеќе на Фејсбук, а актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заостанува во фејсбук-трката за влијание. „Инфлуенсер“ во подем е министерот за здравство, Венко Филипче.
ДАЛИ МАВРОВО Е НА РАБОТ НА ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА? (2)
Ќе се оствари ли заканата на мавровци за бојкот на локалните избори поради незадоволство од натрупаните проблеми во општината, а, пред сè, урбаниот хаос, недостигот од вода и еколошката катастрофа што му се заканува на овој крај? Градоначалникот на Општината негира дека постои беззаконие, додека неговата матична СДСМ се надева на уште еден мандат во оваа општина.
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА 2021
Уште сто избори да се одржат во Бугарија, нема да го дочекаме бугарскиот Ципрас, кој магично ќе ни ја отвори вратата на ЕУ. Но, Борисов може да биде човекот кој под притисок на Западот ќе се врати на старата реторика од 2017 година и сета вина за влошените односи ќе ја натовари врз грбот на Каракачанов.
ДОБРИТЕ СТРАНИ НА РАСИПНИШТВОTO
Добро е што премиерот се вози во хеликоптер, за тоа сите знаеме, и тој наместо да се извинува за тоа, дури и се правда. Оти тоа води кон две насоки: или наскоро ќе набави државава десетици нови хеликоптери за медицински, спасувачки, противпожарни и други намени, со што многу повеќе граѓани ќе видат аир, или на следните избори ќе дојде на власт некој што ќе живее во станот на мајка му со скромна квадратура.
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Обезбедување оригинални пасоши, обезбедување лажен идентитет на балкански, ама и на мафијаши од Азија, па и од Јужна Америка, ги минува сите граници на нормалност, ова е врв на еден мафијашки режим- издава документи, краде идентитети на свои граѓани и издава оригинални документи, пасоши, на мафијаши со потерници, на озлогласени крвници
Ана ПАНОВСКА
Дали на ВМРО-ДПМНЕ ѝ е гајле за овој народ, кој е склон, како и секој народ, при секоја поголема неволја да мисли: „Белки мене ќе ме одмине“. Место секој ден да не нѐ занимаваат со криминалите, тендерите и предавствата на оваа влада, еднаш, само еднаш, по грешка да излезеа со едно сериозно, политички одговорно обраќање до народот
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Отворено се сомневам дали Беса Адеми ќе умее и ќе може да ги исполни своите ветувања за владеење на правото и правната држава, дадени при положувањето на заклетвата за претседател на највисокиот суд во државата
Стојан АНДОВ
Откако Гошев, на 14-от конгрес на СКЈ, не прифати македонската делегација на СКМ да работи, ако не учествува макар и една од југословенските републики и ја поведе делегацијата надвор од конгресната сала, почна сосема ново време и за Сојузот на комунистите на Југославија и за СКМ, како и за демократијата во Македонија и за нејзината политичка судбина
Ристо НИКОВСКИ
Веќе подолго време, силен е впечатокот дека Андов упорно се обидува да исконструира кула од карти, која треба да фрли лошо светло врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров. Паѓа во очи што сето тоа го прави по неговата смрт, што значи дека тој не може да одговори на суптилните обвинувања што му се подметнуваат, што е крајно подмолно
Мухамед ХАЛИЛИ
Усвојувањето на Уставот во ноември 1991 година без гласовите на ПДП јасно даде на знаење дека постои големо незадоволство кај албанските политички сили и албанското население. Ние тоа на нашите колеги пратеници од македонските политички партии јасно им го дадовме до знаење многу порано и презедовме разни акции да дојдеме до измени и дополнување на Уставот, но тие категорично се спротивставија