Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Доколку ова успее, тогаш баш и не сме некаков парламентарен систем. Повеќе наликуваме на лидерски или племенски систем. Лекот за деблокада не се пронајде во парламентот, а изгледа и дека не бил проблемот лоциран на таа адреса. Тие што биле кабает, тие најдоа решение. Сега пратениците, како и претходно, треба само да постапат според наредбата. Да бидат доблесни и хумани, де! Да гласаат како што ќе им речат лидерите
НАДЛЕЖНИТЕ ИЛИ НЀ ЛАЖАТ, ИЛИ ГИ ЛАЖАТ
Најави има, ама вакцини за масовна имунизација- нема. Светот влезе во војна за вакцини, во којашто губат сиромашните. На премиерот му е непријатно да гледа како Македонците се вакцинираат во Србија, но до последно убедува дека направиле сѐ. Сепак, вакцините бавно стигнуваат, а револтот и нетрпението кај граѓаните расте.
ФИНАНСИСКИ КОРОНА МАКИ И ПРОФИТИ
Иако здравствените власти смируваат, сепак, ситуацијата е алармантна. Речиси и да нема место за лекување на ковид болните, а знак за тоа се и листите на чекање во приватните болници. Или, зошто некој да плаќа десетина илјади евра, ако може да биде излекуван и за џабе, на сметка на државата?!
БОРБА ПРО (ТИВ) КОРУПЦИЈАТА
Управата за матични книги склучи договор од половина милион евра во март годинава за скенирање на списи и внес на податоци со компанијата „Новатек Инв“, која е формирана нецел месец пред објавувањето на огласот за тендерската постапка и само 3 месеци пред склучувањето на договорот за јавна набавка.
ДАЛИ МАВРОВО Е НА РАБОТ НА ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА?
Уништувањето на овој регион и хаотичната состојба, како што укажува населението, не е од сега и трае повеќе од 20 години, ама зема замав во последните години, и затоа овој пат се решени повеќе да не молчат и да бараат помош од државата и од институциите
КАКО ДА СЕ СПИНУВААТ ПРИВИЛЕГИИТЕ
До сега сите владејачки гарнитури покажувале знаци на сериозна аздисаност, па, сепак, иако ги губеле изборите, успевале пак да се вратат на власт. Тоа е доказ дека не можат политичарите толку многу да аздисаат колку што нивните следбеници можат да ги оправдаат нивните аздисувања.
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
На зелената маса на лидерската победија аргументите на ВМРО-ДПМНЕ. А аргументите велат дека Македонија е заглавена до гуша, а режимот е раштркан, кој по Мексико, кој по Дубаи, а најодговорните се возикаат на мотори! Кабинетот на Филипче се вакцинира во Ниш, а Венко на „низок старт“ чека вакцини за масовна вакцинација
Ана ПАНОВСКА
Веднаш менувај кадри со енергични, образовани, културни, испеглани, модерни менаџери кои знаат како да потегнат за напред. Во овој брз и динамичен живот најголемиот проблем на администрацијата на Заев е бавноста, (не)одговорноста за несработеното, полуписменоста и исплашеноста, и сето тоа проткаено со вродена мрза
Стојан АНДОВ
И во Црна Гора и во Македонија владееше уверување кај дел од раководството, кое имаше надмоќна позиција во овие две држави, дека проблемите во СФРЈ течат, дека Словенија може да се одвои, а другите делови од Југославија, сепак, ќе опстанат во заедничка држава.
Мухамед ХАЛИЛИ
Пред да се финализира и да почне да се имплементира договорот со кој ќе се запреа сите воени дејствија, тогашниот заменик-министер за здравство, Мухарем Неџипи, со возило од Прва помош од Меѓународниот Црвен крст влезе во реонот на борбите и повлече од таму еден војник и го испрати во болница на лекување. Тогаш новинарите почнаа да ја актуализираат темата дека некој преговара со УЧК преку Фровик
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Проблемот со службената белешка е во тоа што може да биде злоупотребена како ефикасно оружје за „посипување со помија“ на неподобни и уценети, односно искористена како моќна алатка на поединци од мафијата облечена во власт