1322

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Државата се однесува кон едни како мајка, а кон други како маќеа. Со намерата повторно да им ги прости долговите на  задолжените општини, ги чести тие што во изминативе две години  не се претргнаа премногу со штедење, а ги „казнува“ тие што домаќински работеа

ОД ДРУГ АГОЛ
Дали дијагностицираната корупција се третира со вистинска терапија? Колку за таквата болест придонеле лошите закони, фалшливиот судиски фактор што го краси сервилност, а колку „докторите“ од Шампитата покрај Вардар? Точната перцепција на овие сегменти може да го даде и правецот на лечење. Вакцина против неа сѐ уште никој не измислил, а и да ја имаше, ние повторно ќе доцниме

УСТАВЕН СУД ГИ ОДМРЗНА ДУП-ОВИТЕ ВО ЦЕНТАР
По промената на локалната власт, Општина Центар донесе одлука за замрзнување на 30 урбанистички планови, но Уставниот суд по вторпат ја оспори ваквата мерка, со што во сила ги врати старите ДУП-ови, сѐ до евентуална нова суспензија.

КОЈ  ГРАДИ НА АТРАКТИВНОТО ЗЕМЈИШТЕ ЗАД РАМСТОР?
Трката за ова земјиште почнува уште во 2008 година, а тогаш британските инвеститори кои требаше да градат беа поврзани со фирмата „Орка“ на Камчев. Инвестицијата пропадна, но затоа пак истото земјиште во 2012 година отиде во рацете на турски Лимак, кои пак, сега имаат соработка со компанија на зетот на познатиот бизнисмен.

ПРЕГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ОД СЈО
Иако сите надежи беа вперени во поранешното СЈО, сепак, ниту специјалните обвинители не ги изместија од корен, старите случаи што ги презедоа од редовното обвинителство. Ги расчистија шпекулациите, ги испегла обвиненијата и ги извадија на површина пропустите, но не открија нова вистина.

ЈОВАН  ДЕСПОТОВСКИ: МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ЗЕМЈА НА ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА
Новиот директор на ТИРЗ најавува радикален пресврт во работата на оваа институција еднаков третман на домашните и странските компании. Деспотовски, во разговорот за „Фокус“, најавува и раст на платите во зоните до 50 отсто во следните три години, со што би требало да се урне уште еден стереотип со кој зоните се доживуваат како пазар на евтина работна сила

ЈАВНИ СОБИ ЗА ТЕМНИ СТРАСТИ
Полицијата досега приведе четири лица инволвирани во новата група „Јавна соба“. По разговорот во полициска станица, тие се пуштени, а се вештачат нивните мобилни телефони. Дали лекот е во новото кривично дело “демнење“ што го предлага Министерството за правда?

КОМУ МУ ПРЕЧИ ЈАКА КОРУПЦИЈА?
Кога животот ти дава лимони, направи лимонада од нив, вели една оптимистичка изрека. А кога Транспаренси те става на 111-то место според корупцијата, сети се дека имаш 110 шанси да станеш подобар од некоја држава што е пред тебе. Тоа може да се направи или со вистински, искрени и реални реформи или… да ги подмитиме тие пред нас, да нѐ пуштат преку ред.

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Уште од 2018 се бара реформи на администрацијата, а за Заев и Николовски тоа значи полнење со блиски и со партиски кадри (кронизам, непотизам и партизација), а тоа мора и во најзадолжените општини Охрид и Тетово. Честитки, од буџет со позајмени пари ќе се делат и пари за нови партиски војници

Ана ПАНОВСКА
Опозицијо, ај малку и вие поработете на терен, не на прес. Најдете го „доказот“, бирократот со градежните дозволи по општините со име и презиме и веднаш стегнете му една кривична. Така можеби и побргу ќе стасате до Заев. Ама тешко! Можеби ќе налетате на некој ваш човек.

Стојан АНДОВ
Премиерот Заев секој месец, по име и презиме и специјалност, треба да објавува извештај за своите советници и дали се државјани на Р.С. Македонија, дали се членови на партија и дали се со двојно државјанство. Кај граѓаните постои убедување дека нашата влада не води сметка многу за парите од своите џебови што се слеваат во буџетот

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Молчењето е јасен доказ дека државата односно нејзините институции, меѓу кои јавното обвинителство е најважно, јавно признаваат дека се неспособни и неволни да се справат со криминалот и корупцијата во „институциите на системот“, ако и по сѐ, сѐ уште можат да се наречат така.

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Двете „внатрешни македонски револуционерни организации“, ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-БНД станаа национални професии и кај нас и кај соседите. Нивното постоење ќе се обесмисли дури кога ќе се реши „македонското прашање“, што ќе се случи на Куково лето. Колку подолго ќе биде отворено, толку ќе траат и двете анахрони организации