Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Се чини дека на Мицкоски не му се допаѓаат картите и се прашува во кој момент да ја напушти играта. Пендаровски, пак, едно време тврдеше дека за пописот е потребен консензус од сите партии, но откако виде дека не ја бива таа работа, реши партијата покер да ја гледа од страна. Заев е свесен дека игра со искусни покераши, но, сепак, се надева дека на крајот ќе дојде до „кента флеш“
ОД ДРУГ АГОЛ
Ако можеше Заев да наоѓа компромиси со „конструктивните“ Ципрас и Борисов, зошто е тешко тоа да го стори со лидерот на опозицијата, наместо да го третира катадневно како „деструктивен“! Или, зошто Мицкоски повеќе ги почитува Орбан и Јанша отколку премиерот на својата држава, иако горенаведениве не се баш ИН во европските кругови
НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД НОВИТЕ ВАКЦИНИ
Додека ги чекаме првите дози да стигнат и во Македонија, ќе ги научиме сите несакани ефекти од ковид-вакцините. Бомбастичните наслови дека луѓе умираат од новите вакцини ги преплавија социјалните мрежи и медиумите. Дел од нив се лажни, а дел се нецелосни, но даваат страшна слика за новите вакцини
СУДСКИ ПАРАДОКСИ
Судската битка меѓу Бетон и грчката компанија доби своја завршница во штипска Апелација во корист на штипското градежно претпријатие, кое бара 2 милиони евра од „Интраком“.Претседателката на судскиот совет на Апелација која одлучува е мајка на адвокатот вработен во адвокатското друштво што го застапува Бетон, па оттука има и судир на интереси.
СOЦИЈАЛИСТИТЕ ВО НОВО ПОГЛАВЈЕ СО ЅИНГОВ АМАНЕТ
Социјалистичката партија е сопственик на објекти во Скопје, Струга и во Велес, со вкупна внатрешна површина од 2.540 квадратни метри, како и на земјиштето под и околу објектите, при што за издвојување е градежно земјиште во посебна парцела од 1.159 квадрати. Она што ја прави оваа партија повлијателна од другите е поврзаноста со „Силекс“ и Сител, кои, пак, водат до многу други фирми…
ДЕПОНИЈА ДРИСЛА
Скопјани веќе одамна се помирија со фактот дека депонијата „Дрисла“ нема да стане еколошка оаза, која, наместо загаден воздух, ќе произведува струја. Надежите згаснаа откако италијанскиот концесионер, по 8 години, беше избркан, без да ги вложи ветените 73 милиони евра. За тоа, што точно се случувало во депонијата веќе со години истражува обвинителството, а крајот сѐ уште не се гледа.
РЕФОРМА НА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Одложување на новата концепција, зголемување на бројот на часови, пилот-училишта… Ова се само дел од сугестиите и предлозите што пристигнаа до Министерството за образование на новиот концепт за основно образование што го нуди министерката за образование, Мила Царовска. Најголем отпор кај историчарите, кои се противат предметот историја да биде интегриран со останатите интегрирани предмети
БЕНЕФИТИ ОД СЛАБОСТА
Можеби и актуелниве лидери се полтрони во душа, кои само се маскирани во лидери и „држат предавања на памет научени без разбирање“, додека оние кои се убедени дека не можат да бидат ништо повеќе од верни следбеници, се реално, многу поспособни да бидат лидери од оние кои ги следат од еден во друг пораз
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Апостол нека продолжи да заплашува со „затвори и кривични“. И нека продолжи да се фали дека тој стои зад пописот кој што му зависи од потписот на професионалниот војник на ДУИ. Па да видиме чиј потпис е посилен, на заменикот на Апостол или на стотици илјади граѓани?
Ана ПАНОВСКА
Кога обичниот народ си прави математики по дома тоа би го третирала како забава за нацијата, но кога со бројките шпекулираат некои од актуелните високи политичари од релевантните партии, како Ахмети, Мицковски… тогаш, навистина, чуму ни е попис кога тие однапред си знаат кој колку тежи во жива мера во оваа земја?
Стојан АНДОВ
Зачудувачки е што денешните раководители на Бугарија, која е членка на ЕУ, водат политика врз основа на „теориите и науката на Драгојчева“ со што се враќаат на доктрините на Брежњев. И од овој текст се гледа дека било можно Македонија и Бугарија да воспостават меѓу себе блиски и пријателски односи.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не треба да се биде наивен и да се поверува дека неколкуте разрешувања на судии се вистинскиот одговор на државата кон овој проблем. Особено што во обвинителството се однесуваат како сѐ да е во најдобар ред. Очигледна е надежта дека и „ова ќе помине“. Сѐ што треба да се направи е глумење „прочистување“ и реформи
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
По теркот на Националната агенција за европска и образовна програма, која обучуваше магариња на магарешко однесување, покрај постојните горе-долу 1.300 институции, треба уште да се формира и посебно „Биро за борба против глупости“, од чии прибрани даноци државната каса ќе се полни и преполнува.
Јанаки МИТРОВСКИ
Заев сега од позиција на власт ретерира, и се вади на тоа дека не рекол дека постојат други виновни за ова дело. Епа, господине Премиер, тенка е линијата меѓу “невини лица лежат во затвор за случајот „Монструм“ и „никогаш не сум посочил дека други лица се виновни за случајот „Монструм“.