1308

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Во ваква деликатна ситуација, која сѐ повеќе излегува од контрола, заслужуваме квалитетен одговор зошто станавме неславни рекордери по бројот на умрени. Здравствените власти мора да излезат со конкретни и поткрепени податоци, бидејќи она што засега се нуди се парцијални и површни одговори, кои уште повеќе ја збунуваат јавноста

ОД ДРУГ АГОЛ
И по 8 месеци во континуитет, прилагодувајќи се на ненормалното како ново нормално, излегува дека од нешто, сепак, ќе се умре. Дали од ковид-19, јали психички ќе се швркнеме, па нема да знаеме ни дали сме на овој или на оној свет, јали економски ќе поцркаме

ШТО ПОСЕДУВА КАМЧЕВ ВО БУГАРИЈА И ВО РУСИЈА?
Познатиот бизнисмен има фирми, директно или индиректно поврзани со него, во Бугарија и во Русија. Eдна фирма фигурира само на негово име, но истата таа компанија е содружник со други фирми, па оттука доаѓаме до името на Дејан Пелистерка, син на Цветан Панделески осомничен заедно со Камчев во случајот „Империја“

ТАЈНИОТ ИМОТ НА ГРУЕВСКИ
Обвинителството отвори истрага за тајните парцели на Груевски, над Панорама, кои смениле неколку сопственици, па од „рацете“ на Ристо Новачевски поминале кај Орце Камчев, а потоа кај сопругата на Самсоненко. Но, тоа не е сѐ

ПОШТА ОД МОНОПОЛ ДО ЗАГУБАР
Во услови на регулирана сфера на поштенски услуги, АД „Пошта“ има ексклузивна позиција наспроти другите 34 лиценцирани компании за поштенски услуги што дејствуваат на слободниот пазар. И покрај ваквиот монопол, државната компанија само во последните три заокружени години остварила вкупна загуба од 6,7 милиони евра

АНАЛИЗА НА ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ
На 20 октомври беа изброени најголемиот број позитивни случаи, дури 641, а на 26 октомври беше регистриран најголем процент на заразени од бројот на тестирани, односно од 33 отсто од направените тестови беа позитивни, а рекорден број на пациенти, односно 654 беа хоспитализирани во болниците

ПРОМЕНАТА КАКО ТРАЈНА ВРЕДНОСТ
Политичарите немаат проблем да го променат својот политички идентитет, особено ако тоа го прават постепено, та во рок од неколку години дури дијаметрално спротивни ставови да застапуваат од оние со кои ја започнале политичката кариера. За нив промената е трајна вредност, можеби и единствената што ја имаат

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Филипче изјави дека изградба на нов клинички центар ќе чини 450 милиони евра. До сега имаат земено за изградба на 4 нови клинички центри! А нов Клинички нема. Ама има 54 советници на Заев од кои 12 за реклама.

Ана ПАНОВСКА
Немајќи уредувачка политика со сопствен став за настаните и, што е уште поважно, немајќи знаење со кое можат да одговорат на инфлацијата на бројните небулози и невистини кои се размножуваат по нивните програми, водителите се поставени како најобични статисти („само вистина“, „очи в очи“, „збор по збор“… )

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во изминатиот тридецениски период, мафиотизираните политички партии ја растурија, ограбија и саштисаа Македонија. За беспрекорно функционирање на системот, обезбедија силно влијание врз правосудството, медиумите и критичкото мислење, со што  ја анестезираа јавноста.

Јанаки МИТРОВСКИ
Не сметам дека ковид не постои. Илјадници луѓе, особено постари го загубија животот, дури и со претерани бројки и погрешно применети протоколи.Но четири милиони жртви зема Хонг Конг грипот од 1968, па никогаш не видовме затворања, карантини и ваков тип на рестрикции

Стојан АНДОВ
Хитлер знаеше  да кокетира со чувствата на луѓето. На синот на Никола Карев (Кирил)  му испратил честитка по повод 40- години од Илинденското востание, како празник на Македонците. Тоа покажа оти калкулирал и отстапките што ги направил на Бугарија биле привремени и не биле негово трајно решение.

 Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сѐ што во иднина ќе каже „геројот“ од Ќустендил треба да се игнорира , но под еден услов – премиерот на Бугарија јасно да стави на знаење дека тоа се негови лични, а не ставови на бугарската влада. Во спротивно, тоа треба да се сфати како чин на државна политика и соодветно на тоа да се реагира

Арбен ТАРАВАРИ
Во шахот играчите си ги менуваат улогите, во политиката главна улога имаат „играчите“. Е, баш тие играчи го заведуваат народот и му подметнуваат ликови кои најмалку од сѐ заслужуваат да „играат“ во политиката. Затоа што станува збор за ликови кои играат нечесни и нечисти игри

Јован ДЕСПОТОВСКИ
Ниту една држава во светот нема систем што може да го исчисти целиот смет, да ги опомене сите возачи, да им укаже на сите луѓе дека едноставно постојат правила на однесување, што треба да се почитуваат.