Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Може надолго и нашироко да се беседи кој изгубил, а кој добил во старо-новата влада. Да им посакаме среќа, но и многу работа, ама човек да не им е во нивна кожа! Нема да им биде нималку лесно, а и прогнозите се некако многу црни.
7 ДЕНА… ОД ДРУГ АГОЛ
Mи изгледа идиотски да знаеш дека банката ќе рокнува, твоите пари се легално заработени и оданочени, а ти, нели, етички ќе дозволиш да отидат во неповрат! Во држава во која се искрадоа милијарди евра народни пари и никој не одговара!
СЛУЧАЈ „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“
Кој ѝ пресуди на Еуростандард банка: Народна банка, конкуренцијата, лошото раковoдство или самиот сопственик, бизнисменот Трифун Костовски.
БАНКАРСКИ СИСТЕМ
Засега, банкарскиот систем е стабилен и безбеден. Но, ако кризата потрае уште неколку години, никој не може да исклучи дека ќе бидат загрозени и големите банки кои имаат системски карактер.
ДИВОГРАДБА КАЈ „МАВРОВКА“
Сите знаат кој гради дивоградба кај „Мавровка“, која требало да израсне во трикатница, но никој не смее да го изговори името на инвеститорот. Кому му текна да дозволи приватизација на државна парцела на таква локација?
ПАТНИ ТРОШОЦИ
Пратениците за само четири години инкасирале речиси 3 милиони евра за патни трошоци, а дел од нив истовремено поседувале станови во Скопје. Во последните две години, 15 пратеници ја искористиле опцијата за изнајмување стан во главниот град на државен трошок.
ЗОРАН ЛУТОВАЦ: ВУЧИЌ СО „МАКЕДОНСКО СЦЕНАРИО“ ГО ПЛАШИ СРПСКИОТ НАРОД ЗА ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ
Професорот Лутовац, кој е еден од лидерите на здружената опозиција во Србија, чија партија ги бојкотираше неодамнешните избори и активно работи на соборување на власта на Александар Вучиќ во интервју за „Фокус“ зборува и за српско-македонските односи, косовското прашање и за национализмот на Балканот
НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ВУХАН
Штип стана новото жариште на Ковид 19, а најизложени на заразата се вработените во конфекциите, кои за да преживеат мора секојдневно да ги извршуваат работните задачи, без разлика дали газдите им ја обезбедиле потребната заштитна опрема.
ДОБРАТА СТРАНА НА БЕЗЗАКОНИЕТО
Да сакаа мнозинството граѓани чесна власт, ќе ја избереа. Упорно гласаат за докажано корумпирани политички сили, што е јасен доказ дека ги гледаат јасно бенефитите од беззаконието, а не од создавањето вистинска правна држава
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Врвот во она чудесно интервју на „петпарачкиот“ министер за здравство, беше: родителите сами да одлучеле дали децата да оделе во училиште? Како училиштето да е курс по пливање, а не задолжителност во општеството
Mила ЦАРОВСКА
Како влада, изминатиот период успеавме да ја намалиме младинската невработеност. Сега невработеноста кај младите изнесува 35,7 отсто, а во 2016 година беше 48,6 отсто.
Ана ПАНОВСКА
Ако ДУИ и натаму стои на ставот за премиер Албанец, Заев ќе мора да го врати мандатот и да му препушти на Мицкоски тој да се обиде да направи мнозинство. Ако и тој не успее, ситуацијата плаче за нови избори!
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Трите доминантни политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои владеат наизменично, личат како од басната за штуката, ракот и орелот, кои наместо заеднички да ја извлечат заглавената кола, секој си тегнел кон себе.
Јанаки МИТРОВСКИ
Доколку Нина Ангеловска си ги повлекла парите пред први јуни, тогаш нема никаков проблем, како и секој граѓанин се грижи за својот депозит, Но, доколку ги повлекла парите по први јуни, тогаш имаме сериозен недостиг од етика