Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Минималната победа на Коалицијата „Можеме“ го става идниот мандатар Заев во многу компликувана ситуација со кого ќе прави влада. Дали освоените пратенички мандати на Алијансата и на ДПА ќе бидат доволни за обезбедувањето на потребното мнозинство од најмалку 61 глас и да ги испрати „интегративците“ во опозиција, или, сепак, на крајот ќе мора да подлегне на уцените на Ахмети за „прв премиер Албанец“?
МРТВА ИЗБОРНА ТРКА
Доколку на гласањето се пресликаат резултатите од предизборните анкети, тогаш разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тесна и ниту една од партиите нема да може да формира влада без ДУИ. Дали идната влада ќе успее да истера полн мандат или, пак, можно е формирање голема коалиција?
КАКО СЕ „ЗАПРОСУВАА“ ГЛАСАЧИТЕ?
Иако партиите за овие избори требаше да се потрудат многу повеќе за да ги убедат гласачите да излезат во период кога ги демне короната, тие се одлучија со „бомби“да го оцрнат противникот и да се глорифицираат себеси и своите политики
СТАНИСЛАВ ПЕТКОВСКИ: ОД „ЗАРОБЕНА ДРЖАВА“ СЕ ТРАНСФОРМИРАВМЕ ВО „ЗАРОБЕНА НАДЕЖ“!
„Индивидуата, кога е под влијание на јак стресоген фактор, нема да експериментира, нема да оди кон ново, таа ќе си избира според она на што навикнала да гласа. Ова е прогнозата на Станислав Петковски за однесувањето на гласачите на 15 јули, со објаснување дека „во услови на пандемиска диктатура, сите прогресивни сили се во длабока хибернација“
НОВИ ДОКАЗИ ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“
По пет години од терористичкиот напад во кумановско „Диво насеље“ и досудени доживотни и високи казни за извршителите, директорот на Агенцијата за разузнавање најавува целосна разврска на случајот. Обвинителството внимателно ќе го разгледа добиениот материјал
ПРОТЕСТИ ВО СРБИЈА
Постои големо незадоволство од неуспехот во справувањето со Ковид 19 кризата, но не може докрај да се исклучи ниту улогата на странските разузнавачки служби. Можно ли е прелевање на протестите и во останатите балкански држави?
НЕКОИ ВЛАДИ БИ САКАЛЕ ДА ГО ВИДАТ МОЈОТ СИН МРТОВ!
Во очекување судот во Лондон на 7 септември конечно да одлучи дали ќе дозволи екстрадиција на Јулијан Асанж во САД, неговиот татко, Џон Шиптон, ексклузивно за „Фокус“, зборува за здравствената состојба на Јулијан во притворот, за тоа дали Асанж е современиот Че Гевара…
МЕНАЏМЕНТ НА ИДОЛИ
Ние веќе немаме идоли на нашата политичка сцена, без разлика колку верните партиски војници да се обидуваат да ги креваат до небо своите партиски газди. И тоа е добро, без разлика што ќе трае само привремено. Оти ефектот на ореол е базичен принцип на човечката психологија
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Е па толку од изборите што доликуваат на земја-членка на НАТО и земја која „отпочнува“ преговори со ЕУ! На СДСМ не му чуе за тоа. Важно им е да „зезне“ што е можно повеќе „вмровци“. Иако е јасно дека со повик за чкртање, ја чкртаат ЕУ
Ана ПАНОВСКА
Без разлика кој и да победил на изборите, новиот парламент ќе мора уште на првите седници да го смени законот за влада… Пржинската партизанска влада, да се заборави, да се заборават непростливо загубеното време со техничка влада
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Циничниот слоган на вемерето „Исправи се Македонијо, одбери обнова“, во суштина претставува повик на мафијашко здружение за политички цели и интереси. Опсесија за обнова на режимот на злото со „Потемкинови“ градби и расфрлање милиони во стиропор и гипс.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сум учествувал, сум гледал и слушал многу предизборни кампањи, како во едноумието, така и во безумието, но до олку ниско морално и човечко рамниште никогаш не се слегувало