1291

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сенката на најбогатиот Македонец според „Форбс“ лебди на овие избори. Толку е тешка и надвисната, што се заканува да ги затемни изборите. Затоа што од начинот на кој политиката (ќе) се однесува во иднина кон контроверзниот бизнисмен Орце Камчев, како и околу тоа каква ќе биде натамошната судбина на истрагата за „Империја“, во многу нешта ќе зависи и каква правна држава ќе имаме

ПРАВДАТА НА ЦРНИОТ ПАЗАР
Какви ли биле зделките што Заев и Мицкоски ги склучиле со Верушевски и со Кичеец, за снимките кои овие ги стокмија и ги испорачаа? Да не заврши некоја предистрага, да не има казна за некоја далавера? Која е цената за ваквите дилови… на црниот пазар, де!

ЉУПЧО КОЦАРЕВ: МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИОТ ЈАЗИЧЕН СПОР НЕ Е СПОР ТУКУ АПСУРД
Претседателот на МАНУ гледа на Академијата како мост кон подобри односи со соседите. Академик Коцарев, во интервју за „Фокус“, се залага за подмладување на Aкадемијата и за нејзино што поголемо инволвирање во јавноста и конкретен научен придонес во сите актуелни прашања.

СЕ ГУБИ ЛИ КОНТРОЛАТА СО КОВИД 19?
Дојдовме до бројка од речиси 300 починати пациенти од Ковид 19, што е 143 починати на 1 милион жители. Дел од нив не можат да стасаат до лекар, дел мора да фаќаат врски за да се лекуваат, а, пак, дел од заразените не можат да се лоцираат и како темпирани „бомби“ се шетаат и ја шират заразата

ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ 3 И 4
„Фокус“ пренесува разговори со носителите на пратеничките листи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во третата и во четвртата ИЕ. Какви ставови тие застапуваат за време на кампањата во однос на клучните теми и прашања и кои се нивните очекувања околу изборниот резултат?

ПРЕДИЗБОРНО МИНСКО ПОЛЕ
Наместо телефонски разговори, се снимаат разговори во живо, водени во кафеана, додека во заднина тропаат лажици и виљушки. Дел од гладниот народ со сласт ги проголта и овие новокомпонирани „бомби“, но дел веќе е презаситен. Обвинителството, пак, се чини одамна ги изгустира

ТРЕТА ОПЦИЈА
Расцепкана левица и десница, ќе им се спротивстават на партиите со најголемо гласачко тело СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Дали партиите што се нудат како нова опција за граѓаните, по изборите ќе опстојат на својата идеологија или ќе прераснат во „сателити“ на големите партии?

НУДИСТИЧКИ ИЗБОРИ
Ако имаме среќа, избориве ќе завршат со пат-позиција за чие разрешување ќе бидат потребни уште едни избори до крајот на годинава. Во меѓувреме ни останува да „уживаме“ во нудистичките избори и да се смееме на голите ни „цареви“

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Дака, соработникот на Заев, е човек кој бил аболиран за криминал од 10,5 милиони евра. Го аболира неговиот кум Момир Булатовиќ, како претседател на Црна Гора, неколку месеци пред истек на мандатот. Таман линија на која може им почнал муабетот. Ги врзала истата судбина

Мила ЦАРОВСКА
Укинувањето на Преспанскиот договор што го најавува ВМРО-ДПМНЕ е еднакво на затворени граници, повторно враќање на диктатура, целосна изолација. Укинувањето значи пропаст на економијата, целосен пропаст и на земјата и на народот

Ана ПАНОВСКА
Гревота е што Мицкоски ги плаши и децата со Заев и што се обидува сопствениот патолошки уплав да го пренесе и на поголемките деца кажувајќи им приказни за Црвенкапа и за волкот Заев, кој се спремал да ги изеде, што најверојатно му доаѓа од личниот ноќен кошмар, дека на овие предвремени избори Заев, сепак, ќе го „изеде“

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Илузија се покажа своевремениот повик на Петар Гошев за раскинување со доминацијата на партиите.Македонија, со префикс или без него, останува држава со пречки во развојот, а нејзините политичари лица со посебни потреби

Александар ТОРТЕВСКИ
Ние бараме да добиеме можност да дебатираме со авторите на нашата трагедија. Со оние што 30 години ни ја уредуваат сегашноста и ни ја уништуваат иднината, не ретко враќајќи нѐ во историјата и во минатото. Патем, предизборната поделба на големи и мали нема никаква реална основа