1290

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ВИ СТАНАА ЛИ НЕШТАТА ПОЈАСНИ!?
Нашата 25-годишна архива е најдоброто сведоштво за криминалната ни транзиција од која врхушките профитираа, а државата назадуваше. Не ви се неопходни бомби за тоа, ако сте читале „Фокус“.

ПРОФИЛ: КОНТРОВЕРЗНАТА ЕКС ШЕФИЦА НА СЈО
Од Гевгелија до Скопје. Од шеф на мало обвинителство, до најмоќната обвинителка во државата. Од олицетворение на правдата, до неправосилно осуден криминалец. Ова е патот што го изоди Катица Јанева, кој ретко кој можеше да го предвиди, освен „визионерот“ Никола Груевски, кој сигурно се надевал на едно вакво сценарио.

„РЕКЕТИРАНИ ИЗБОРИ“
Ваквата завршница на „Рекет“ им одговара и на власта и на опозицијата. Додека дојде предметот по жалба до Апелација, изборите ќе завршат и ќе се знае победникот. Ќе поминат месеци, па ќе биде небитно за партиските водства дали предметот е потврден или вратен на повторно судење. Боки и Ката ќе бидат минато, чија судбина ќе биде важна само за нивните семејства

ПРВА И ВТОРА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА
„Фокус“ прави анализа со кои кандидати политичките партии влегуваат во битката за гласовите во овие изборни области и населби. Воедно, пренесуваме разговори со носителите на пратеничките листи на двете најголеми партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Со какви ставови и пораки тие влегуваат во изборната кампања?

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ НА ПОЧИНАТИ
Северна Македонија, во споредба со земјите во регионот, е рекордер по смртност од Ковид 19. Сепак, секоја земја си има своја политика, на кој начин ги смета починатите пациенти. „Фокус“ разговараше со неколку епидемиолози, кои дадоа неколку причини за зголемената смртност од ова опасно заразување

ГОРДАН  КАЛАЈЏИЕВ: ВИНАТА НА КАТИЦА И БОКИ НЕ Е ДОКАЖАНА ЗА ДА НЕ СЕ РАЗОТКРИЈАТ ДРУГИ
Случајот „Рекет“ се локализираше на неколку обвинети и неколку жртви, ниту Камчеви се единствените жртви, ниту Јанева и Боки се единствените вмешани во аферата, вели професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, во интервју за „Фокус“. Смета дека некој си поигра со нашата правна и политичка историја и никој за тоа не се извини

ПРЕСУМПЦИЈА НА ВИНОВНОСТ
Навистина, зарем не е крајно време да го воведеме обичајот за пресумпција на виновност за јавните функционери? Обичајот за пресумпција на невиност гласи дека секој човек ќе се смета за невин сѐ додека не му се докаже вината за конкретното кривично дело за кое е обвинет. Пресумпцијата на виновност би било обратна од тоа, секој политичар да го сметаме за апаш додека не докаже дека е чесен човек.

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Од „вториот ред“ и Али Ахмети сака да поентира кај целокупното албанско население. Затоа се затрча да го подбуцне спокојството на албанскиот граѓанин, да му ја разбуди националистичката страст и да го настрви повторно за еден „голем“ залак ‒ Албанец за премиер ‒ што би го добил само ако се засолни во „силната“ прегратка на ДУИ

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Политичките  „лидери“ Заев и Мицкоски како да паднале од вселената, па така, од ракав зборуваат за распространетоста на криминалот во државата! Чиниш некој друг однадвор, а не токму нивните партии, заедно со ДУИ, се главниот организатор и генератор на криминалот во државата

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Партократската држава не трпи конкуренција, па затоа кај нас нема мафија според класичната матрица, туку само чираци и подизведувачи на балканските мафии. Во Македонија, единствената вистинска мафија е облечена во власт и таа владее!

Јанаки МИТРОВСКИ
Нашите политичари ја тераат водата на својата воденица, во зависност од корисноста на исказите на наводните сведоци. Нивниот кредибилитет не мора да постои, него може и да го нашминкаме ако треба. Затоа Нинџа  е сега главен сведок, и веројатно најсподелувана вест меѓу симпатизерите на СДСМ, иако цела деценија беше ударна тупаница на поранешната власт во газење на своите политички противници

Наум СТОИЛКОВСКИ
Се ближат изборите, работите одамна се зовриени преку точката на топење, се фрагментираат, се разголуваат, се разлеваат, целосно ја губат формата. Не е време за молчење. Институциите веќе не вредат ни за две „д’вки“. Тешко е и страшно, но веројатно и тоа е здраво за да се почне со обновата на Македонија на здрава основа