1289

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
И кога одиш на избори и кога избираш животен партнер, многу работи не ти се познати. На свадба сите се весели, а младоженците вљубени, а по првото будење од мамурлак, работите почнуваш да ги гледаш со вистинското лице. А тогаш е обично доцна!

КОЈ ПОПУШ(Т)ИЛ?
Малку сум збунка од ДУИ. Ај прво, нели, целта беше Одбрана да ја добие Албанец, па претседател на Собрание, па сега премиер.И потоа што? Може ќе го намерачат местото на генерален секретар на НАТО, оти нели сме веќе членка. А и Талат Џафери има воено искуство!

НА ИЗБОРИ НА 15 ЈУЛИ
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, сонуваше за избори на пролет, а шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од петни жили посакуваше тоа да се случи  на есен. Народот, пак, се грижи како  среде лето со маска ќе излезе на гласање,

ВИСТИНАТА НА НИНЏА
Сведочењето на Александар Василевски-Нинџа за случувањата на 27 април, откри дека во организацијата на настанот биле вклучени високи државни функционери и службеници од безбедносните органи. Сепак,тој на врвот на пирамидата не го става двоецот Никола Груевски-Сашо Мијалков.

АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ ВО ГРАДСКА
Зошто Градската болница „8 Септември“  која е  претворена во главен Ковид центар е донесена пред колапс и важи за неславен рекордер со 60 починати лица?

СЕФЕР ЦАНОСКИ: ДОКОЛКУ Е СЛОБОДЕН ЧОВЕК, И ГРУЕВСКИ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА ЗА РАБОТА НА ФОН
„Не е коректно кога државата ги користи своите ресурси за да креира нееднаквост на пазарот, државата е должна да ни овозможи еднакви можности и третман на сите високообразовни институции“, вели во интервју за „Фокус“, Сефер Цаноски.

ПРОФИЛ: КОЈ Е ЉАЗИМ ДЕСТАНИ?
Како бомба одекна шпекулацијата дека ДУИ, не само што бара премиер Албанец, туку и дека веќе има најдено адекватен човек за тоа. Се работи за тетовски бизнисмен, кој во Дизелдорф поседува фирма вредна неколку стотици милиони евра.

НЕКОИ ТОА ГО САКААТ ЖЕШКО
Полицијата на Наќе Чулев не се осмелувала да интервенира во спроведувањето на полицискиот час во албанските средини, велат приврзаниците на СДСМ. Уф, а фамозниот „пајак од Бит-пазар“ по кој стана познат Оливер Спасовски, кога тој беше министер за полиција, го заборавивме ли?

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Поделена, Обесчестена, Растргната, Раздадена, Предадена, Погазена, Рекетирана, Искрадена. Црна и со црно ќе биде запишана ерата на владеењето на Зоран Заев со Македонија. Определен е датумот. Тука завршува заевизмот!

Мила ЦАРОВСКА
Граѓаните многу добро гледаат кој е одговорен, а кој не, кој се грижи за граѓаните, а кој не. Затоа, на 15 јули, опозицијата ќе остане повторно опозиција како казна за неодговорно и незрело однесување, кое е на штета на државата

Ана ПАНОВСКА
Сè си изгледа како на власт сè уште да е ВМРО-ДПМНЕ. Еден споменик, една ограда, ниедна галија, како да им беше страв да не го навредат Груевски, да не му го уништат меракот и како  да очекуваат да ги пофали што му го сочуваа „СК 2014“ ‒ за кога ќе се врати

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Петнаесетти јуни, треба да се  прославува како Ден на партиските лидери и на нивната безгранична мудрост и посветеност за доброто на граѓаните или, во согласност со нивното поимање, на граѓаните како стадо овци

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Вистински промени нема да има, едноставно, затоа што е невозможно. Триесет години „бумбарот превртен на грб“ е состојба на духот, заштитен знак на македонската нормална ненормалност. Зошто сега би било поинаку?!

Јанаки МИТРОВСКИ
Верувам дека дваесет години по 2001-ва никој нема проблeм да гласа за етникум на кој не припаѓа. Повеќето од нас имаат проблем да гласаат за лик од ДУИ. Затоа на прашањето pse jo, да одговориме кратко и јасно, prandaj