1288

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Корона пандемија плус изборна епидемија е рамно на Ковид 19 на квадрат. Показна вежба, и тоа џандарска, видовме на скопската Боемска. А, нели, Мицкоски тврдеше дека власта го следи на секој чекор! Ако сериозно верувал во тоа, да не мислел дека со заштитна маска на лицето ќе им биде непрепознатлив? Но, оваа наша „Боемска рапсодија“ ја наслика жалната слика за полицискиот ресор

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИТЕ Е ЗАВРШЕНА ТЕМА ЗА ВЛАДАТА
„Mислам дека успеавме добро да го амортизираме првиот бран и многу побезболно да ја ставиме епидемијата под контрола“. Ова во разговор за „Фокус“ го тврди првиот човек на техничката влада, Оливер Спасовски, кој, и покрај критиките во јавноста за зголемениот број нови случаи, уверува дека тоа било очекувано и не се должи на лоши одлуки.

НОВИ ЖАРИШТА, НОВИ ПОРАКИ
Куманово и Дебар се симнаа од неславниот врв на корона-рекордери. Но, вирусот формираше нови жаришта, во главниот град, како и во текстилните фабрики во Штип. Колку  локалната власт може да помогне  на терен во едукација на граѓаните, но и да се справи со ширењето лажни вести дека короната не постои?

ДЕЉО КАДИЕВ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО САМО ПОКАЖА ДЕКА ПОСТОЕЛ АНИМОЗИТЕТ КОН ЈАНЕВА И СЈО
Адвокатот на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, открива дека на 18 јуни очекува Кривичниот суд да донесе ослободителна пресуда за неговата клиентка. Тој вели дека обвинителката Вилма Русковска не одговорила на клучното прашање, а тоа е, каде се парите?

ПОРТРЕТ: ЗОРАН МИЛЕСКИ КИЧЕЕЦ
Дали дејствува како посредник, како што настапил пред Заев, кога го бранел интересот на извесен Ник од Австралија, за извршител, како што зборел за себе пред Мицкоски, или агент-провокатор со сопствена паравојска во Охрид, како што сведочеше Боки 13

НАЦИЈА ВО СТАГНАЦИЈА
Нашиве политички елити се толку испраксирани за манипулирање со овој народ, штом ем нѐ шетаат по ќерамиди, ем нѐ мочаат од ќерамиди. Што фајде што ќе стекнеме „имунитет на стадо“, кога никако да се ослободиме од менталитетот на стадо

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Невладините да си го следат кодексот, етичките норми, ако веќе власта не го прави тоа. Ако сакаме демократија, нема веќе простор некој во политиката да се соблазни врз невладините, а тие да прифатат да бидат во групата „сите се мои“

Мила ЦАРОВСКА
Ако сега се посветиме сите, ќе успееме бројот на новозаболени да го сведеме на минимум. Ако тоа не го сториме, претстои уште полошо сценарио, кое ќе биде закана по јавното здравје, нашата економија, нашето секојдневие

Ана ПАНОВСКА
Ако ВМРО-ДПМНЕ или некои други партии сметаат дека треба да се чека со изборите до „некогаш“, тогаш најцелисходно ќе биде СДСМ на 5 јули да го врати мандатот кај претседателот на државата, а тој нека ѝ го додели на втората по ред коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Очигледно е дека е дојдено времето Али Ахмети да сфати дека по речиси две децении на политичката сцена, веќе е идејно, политички и морално истрошен, а со тоа неговата „политичка цена“ е значајно намалена.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Откако ВМРО-ДПМНЕ, преку техничкиот министер Наќе Чулев, повторно влезе во МВР, се покажа и докажа дека не му доаѓа ниту на крај акал да ја напушти злосторничката матрица. Да не се повтори, скраја било!

Јанаки МИТРОВСКИ
Девет години подоцна, убиецот е вон државава, тие што сакаа да скријат или се на слобода, или се заортачени со наводните политички противници. Лесна му земја на Мартин, за жал, не успеавме да ги казниме!

Стојан АНДОВ
Се надевам дека претседателот Стево Пендаровски не мисли дека границите на нашата земја ќе бидат посигурни ако не сме во Европа и, воопшто, кого тој заплашува со нашето откажување од Европа?!