Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
За жал, сите ние ја плаќаме цената на јавашлукот, простотилакот, кокетирањето на политичарите со одредени категории граѓани, желбата како да се зезне системот, како побрзо да се оди на избори, како да бидеме како сите други, а не сме.
ОД ДРУГ АГОЛ
Смртоносен вирус, ама и смртоносна политичка реторика. Според СДСМ, за порастот на заболени и мртви од Ковид 19 се виновни „деструктивните Чулев и Мицкоски“. За ВМРО-ДПМНЕ, пак, „Заев и Спасовски се џелатите на сопствениот народ“
„ИГРА НА ПРЕСТОЛИ“
Официјални информации зошто бил разрешен реисот Сулејман Реџепи нема, а во медиумите неофицијално беше објавувано дека муфтиите му замериле на поглаварот на ИВЗ оти се оженил со младата жена, потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани. Останува дилемата колку тоа е вистинскиот мотив за смената?
ЦРНИ СТАТИСТИКИ НА КОВИД 19
Според податоците на Институтот за јавно здравје до кои дојде „Фокус“, односно процент на умрени од Ковид 19 според хоспитализација и денови на хоспитализација, најголем процент или поточно, 42,62 отсто починале во периодот од 6 до 14 дена откако биле хоспитализирани.
ВТОРА ТОРБА ВО „РЕКЕТ“
И додека сите ја бараат торбата со 1 милион евра, се појави и втора торба. „Фокус“ пред шест месеци пишуваше за оваа легенда, за која засега нема докази, а Боки 13 ја воскресна, и ни помалку ни повеќе, ја фрли во дворот на Врховниот суд. Од таму, пак, молк
ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ СИН СТАНА БИЗНИСМЕН
Александар Верушевски, син на блискиот соработник на Зоран Заев – Зоран Верушевски, лани ја формирал градежната компанија „Корп Инжинеринг“, а поседува и компанијата за игри на среќа „Кинг Еагле“, преку која отвори казино во Струга.
СЕЛЕКТИВНОСТ И ИГРИ СО ВОДОВОДОТ
Над 80 семејства од селото Долно Соње, некои и по повеќе од 15 години не можат да добијат приклучок на локалниот селски водовод и во 21 век немаат чиста вода за пиење. Спасот го чекаат во довршувањето на водоводот во селото Патишка Река
БАЛКАНОТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗБОРНИ СООЧУВАЊА
Ако се суди според македонскиот, српскиот и црногорскиот пример, барем засега, може да се констатира дека корона-вирусот им одеше во прилог на гарнитурите кои се веќе на власт. Но, она што не се спремни е како да го дочекаат следниот удар на вирусот или, пак, на економската криза, која неминовно следува по него.
ДОБРАТА СТРАНА НА ИМАЊЕТО НЕПРИЈАТЕЛИ
Ривалството меѓу кои било двајца луѓе или организации е налик на брусењето. Да, летаат искри на сите страни, ама друг начин да се одржи острината не постои. Јасно ли е сега зошто и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се толку тапоглави?
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Не може во четири недели да велиш ќе ги скратиме сите пари, донирајте од МојДДВ,а потоа да делиш ваучери за студенти, за одмори, со изработка на картички и други „300 чуда“!? Тоа ич не е на арно, ни економски, а верувам ни здравствено
Мила ЦАРОВСКА
Изјавите на првиот полицаец во државата кажува за опозицијата и нејзините капацитети. Ќе оставам граѓаните да размислат што би значело тие да ја водеа државата во ваква криза и главен лекар да беше нивниот лидер наместо искусните здравствените експерти
Ана ПАНОВСКА
Така вели Заев, и тоа на 5 јули! Ако некој не верува во ова, нека се сети како тој ја изигра клацкалката пред точно три години со тогашниот вмровски претседател, кој на очи на целата јавност бесрамно ја игнорираше уставната обврска да го додели мандатот на победничката коалиција од 2016
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Состојбата итно налага претседателот Пендаровски на неформална средба кај себе да ги собере претседателите на Уставниот, Врховниот и Управниот суд, Јавниот обвинител, претседателите на РСС и на Советот на обвинители
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во македонската политика „новите демократи“ воспоставија мафиократска технологија на владеење, со вгнездување на неранимајковци и токмаци во институциите на системот. Првите за да крадат, а токмаците затоа што не умеат на друг начин да ушиќарат
Јанаки МИТРОВСКИ
Техничкиот премиер Спасовски, смета дека ако сме пазареле во продавница, не гледал зошто не би оделе на избори. Види Оливер, во продавница одиме за да преживееме НИЕ, а барате да гласаме за да преживеете ВИЕ
Стојан АНДОВ
Не можам да го разберам потегот на поранешниот премиер Зоран Заев, кој наредил од споменикот во Струмица на народниот херој Благој Јанков Мучето да се избрише зборот „бугарски“ и да остане само „фашистички куршум“.