1286

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Избори во јуни ќе имаат и Исланд, Франција и Србија. А, во јули Шпанија, Хрватска и најверојатно Косово. Кога веќе може да работат кафеаните, да се отворат казината и спортските обложувалници, а се размислува и за начинот на организирање на спортски и културни настани, зошто не би требало да се оди на избори.

НОВИ ТРАНСАКЦИИ НА ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО
Освен што Дончев во 2018 година примил 50.000 евра од македонската компанија регистрирана во Муртино за интернет-портали „Ремаркет“, тој во текот на минатата 2019 година примил и 80.000 австралиски долари од австралиската компанија „Мегантик“

ОД ДРУГ АГОЛ
Бидејќи Филипче рече дека „кога институциите детектираат неправилности, мора да ги санкционираат“, би прашала зошто власта, кога веќе објави дека литиите и ифтарите ја потквасиле кривата да скокне, не воведоа забрана? Па, зарем Ердоган е против исламот кога за Рамазан воведе 4-дневен полициски час?

АРБЕН ЗИБЕРИ: ИМАМЕ НАЈМНОГУ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД 19, БИДЕЈЌИ ЕДИНСТВЕНИ ВО РЕГИОНОТ ПРАВИМЕ БРИС ПОСТХУМНО
„Фокус“ поразговара со првиот човек на ЦЈЗ, кој ни објасни кои се неговите ставови околу тоа од кога е корона вирусот во државата, зошто повторно се зголемија бројките на заразени, дали и од кога ќе профункционираат градинките

НАБАВКИ БЕЗ „КОМПАС“ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА
Од почетокот на корона кризата досега, потрошени се над 3,2 милиони евра за итни набавки на маски, ракавици, скафандери… Најмногу пари добиле пет фирми. Ова се податоците од  најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во време на пандемија, кога се склучуваат експресни договори по нереални цени

TАЈНА СНИМКА НА ВЕРУШЕВСКИ
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неодамна откри дека пред неколку години, тајно, на ручек, бил снимил од  неговиот пријател Александар Верушевски, а мал дел од снимката беше објавен во јавноста. „Фокус“ дознава дека СЈО оваа снимка ја имало в раце, откако ја пронашле при еден од претресите.

ПОМОШ НА БИЗНИСОТ ОД КОВИД 19
Третиот пакет економски мерки што го најави владата е реална потреба за граѓаните и фирмите и поради тоа нема простор тој да се декларира како предизборен популизам. Но, бизнисмените и експертите се скептични од неколку причини

ИЛИ ЌОР-СОКАК ИЛИ ВРТЕЊЕ ВО КРУГ
За религијата се вели дека ги покажува „скалите кон рајот“, а за дрогата дека е „автопат кон пеколот“. А нашиве партии, ниту скали, ниту автопат нудат, туку избор меѓу или ќор-сокак или вртење во круг или и двете истовремено. Па, по ѓаволите со нив

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Нема никаква реакција од СДСМ во насока на извинување или повлекување. Напротив, уште од првите снимки за делење поткуп во Кумановско, во Скопско, кога почна карантинската одисеја, таа акција за изборен поткуп продолжува засилено

Mила ЦАРОВСКА
ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, поддржа распишување избори, влезе во техничка влада,поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи, учествуваше во жребувањето и дури има и свое бројче на гласачкото ливче

Ана ПАНОВСКА
Сите политичари гледаат да не си ги расипат односите со моќните религиски великодостојници, зашто тие секогаш им се наоѓаат, малку на едните, па малку на другите, некогаш со мило, а некогаш со сила

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Тажно и поразително е кога на нашиот мајчин македонски јазик се навраќаме само во пригодни прилики. И уште повеќе, боли и пече што на оваа тема нема ниту глас, ниту трага од Институтот за македонски јазик и МАНУ

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Кога е во прашање ВМРО, нивната  опсесија е власт, која е страст, бидејќи парите се лепат како маст. Затоа, сите контроверзии, шашми и будалштини не треба да изненадуваат. Надреалисти не им се рамни!