1285

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ниту СДСМ е дециден дека ќе оди по секоја цена на избори во посакуваниот термин без најголемата опозициона партија. Ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ отворено кажува дека ќе бојкотира ако тоа се случи. Точно знае власта што значи за легитимитетот доколку се оди на избори без  најголемиот политички конкурент

ЗОРАН ЗАЕВ: МИЦКОСКИ Е ДЕСТРУКТИВЕЦ, НЕДОЗРЕАН ЗА МАНДАТАР
Секој што е загрижен за здравјето би го искористил овој период за избори кога ризикот е најмал. И самата Комисија потврдува, со тоа што вели затворени училишта, затворени граници, не е сезона на грип, тоа се минималните ризици за граѓаните. Значи наесен, се поголемите ризици“, се аргументите на Заев зошто јуни е подобар тајминг за избори.

ПОРТРЕТ НА ДЕН ДОНЧЕВ
По обелоденувањето на сторијата дека Дончев во 2018 година примил 3 милиони денари од компанијата за интернет-портали регистрирана во Муртино „Ремаркет“, чии приходи доаѓале исклучиво од австралиската „Мегантик“, обвинителката Вилма Русковска потврди дека се води истрага.

СЛУЧАЈ „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“
Наскоро во Кривичниот суд ќе стартува судски процес , во кој главната улога повторно ја има Боки 13, но вниманието дополнително го привлекува и обвинетата пратеничка Фросина Ременски. „Фокус“ објавува детали од обвинението.

НИКОЛА ПАНОВСКИ: ВО ЗЕМЈАВА ИМА ОКОЛУ 25.000 ЛИЦА ШТО ИМАЛЕ КОНТАКТ СО ВИРУСОТ, 5.000-6.000 СЕ АКТИВНИ
Никола Пановски, професор на Институтот за микробиологија и поранешен директор на Фондот за здравствo, објаснува како земјава се справува со Ковид 19, дали има доволно здравствени капацитети и медицински персонал, колкава е реалната бројка на заразени и починати од овој опасен вирус, тестови…

ТУРИЗМОТ ПРЕД КОЛАПС
Луѓето од туристичкиот сектор не се неблагодарни од мерките на владата, но искрено кажуваат дека тоа не е доволно да се спаси секторот, кој и пред Ковид19 работеше со кредити и на работ на одржливост.

ВАЖНОСТА НА ЛЕГИТИМНОСТА
Тапиите од турско вредат и денеска, иако империјата одамна ја нема. И од времето Грујово „тапиите“ на стекнатите привилегии и украдените пари се покажа дека вредат под оваа власт. Ќе вредат ли таквите тапии од времето Заевско кога еден ден и оваа империја ќе ја снема

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
На овој вид државно спонзорирана (изборна) корупција мора да застане сега и веднаш! Антикорупционерите мора да сфатат дека сега е време да излезат од „пупката“ на Заев. Готово е со заевизмот, и тоа на сите им е јасно

Mила ЦАРОВСКА
Во најстаро време, најсилни беа тие што имаа мускули, следеше времето во кое владееја најпаметните или мозокот, сега доаѓа времето во кое најважно ќе биде срцето или тој што ќе понуди нешто што ќе ја плени душата на купувачот.

Ана ПАНОВСКА
Зошто толкаво брзање од СДСМ и коалиционите партии да се оди во јуни на избори? Па, затоа што им се смачи! Исто како што ни е смачено и на сите нас граѓаните од „забавните“ игри без граници на ВМРО-ДПМНЕ

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Зоран Заев со Али Ахмети во заседа да поведат сметка во ова тешко време залудно и расипнички да не се трошат парите на граѓаните, зошто бргу ќе дојде време кога „камен за бусија не се најдува“

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во претходниот систем не беше ептен арно, исто како што денес не е сѐ дибидус лошо. Таквата аналогија создаде амбиваленција од сатанизација и глорификација за многу политиканти и политичари и само еден вистински државник

СТОЈАН АНДОВ
Хајредини заборава дека седниците ги раководев јас како претседател на Парламентот и така го дадов мојот придонес по парламентарен пат да се реши опасната криза од упадот на терористите на ОНА на територија на Македонија