1284

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Лидерските средби и натаму остануваат феномен на современото политичко дејствување. Политички бај-пас за надминување и на најсложените проблеми во државата. Можеби не се најдобриот начин за политичко договарање, но сè уште се најбрзиот и најуспешен модел за излез од политички кризи, или компликувани ситуации.

ОД ДРУГ АГОЛ
Иако „согласно Уставот“ се одвоени од државата, верските заедници како да се споени со политичките партии. Политичарите добро знаат дека верските фактори имаат големо влијание врз своите верници, како партиските врз своите „верници“, па, скраја да е, да се замерат со нив. Ем сега пред избори!

ДЕНИС ПРЕШОВА: ПРАВНИЦИТЕ НЕ СЕ „КРОЈАЧИ“ НА ПРАВОТО ПО ПОТРЕБА НА ПОЛИТИЧАРИТЕ
Во интервју за „Фокус“ зборува за лидерската средба, улогата на Уставниот суд во оваа вонредна состојба, дали треба да се менува Уставот

ШТО ОТКРИЛА ИСТРАГАТА ЗА ЕКС ШЕФОТ НА ФЗО­?
По барање на Обвинителството за организирал криминал, Управата за финансиско разузнавање утврдила дека Дончев добил над 3 милиони денари по основ на плати од компанијата со основна дејност за интернет-порталите „Ремаркет“, која се финансирала исклучиво од австралиската фирма „Мегантик“.

АПСУРДИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ
Покрај секојдневните фалби на здравствените власти како успешно се справиле со опасниот непријател, голем дел од граѓаните немаа можност да стасаат да се тестираат за да знаат дали се заразени од опасниот вирус, ниту, пак, стигнале до болница.

САШО ДУКОСКИ: АКО ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА, БОКИ СЕ ПЛАШИ ДЕКА ЌЕ ГО „САМОУДАВАТ“ ВО КОФА СО ВОДА!
Адвокатот на Боки 13, Сашко Дукоски, очекува ослободителна пресуда за случајот „Рекет“. Тој вели дека случајот се води само според доказите сервирани од бизнисменот Орце Камчев, кој, пак, имал мотив да се спаси од „Империја“.

МАКЕДОНСКO-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ
На двете политички гарнитури моментално им одговара „воинствената“ реторика – бидејќи јасно е дека членството во ЕУ за Македонија уште долго ќе се одлага, а, од друга страна, Бугарија нема намера преку ноќ да се откаже ниту од трошка од својата историја

МЕНТАЛИТЕТ НА ОПСАДА
Ако луѓето мислат дека утре ќе биде убаво, денеска нема да му играат пиперевка никому. Како ќе се буниш против партијата, ако утре останеш без работа, кој ќе те вработи? Сам ќе се снајдеш!


Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Заев ги држи обвинителството, судот, апелација – на кус ланец. Заев ги користи за изборни цели против опозицијата. Заев има нелегални снимки и уценува политички партии. И на сето тоа – Заев се исмева!

Ана ПАНОВСКА
Кој ќе ја трпи репризата од 2017 година. Да сум на местото на СДСМ, ако продолжи ваквиот валкан политички модел на ВМРО-ДПМНЕ и ако ДИК почне да ја тегне работата околу изборите сосила, би се одважила и би се повлекла од изборите

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во време кога цела Европа ја слави и обележува 75-годишнината од победата над фашизмот, јасно е дека свесното и од позиција на сила крадење нечија иднина и не е баш некоја европска вредност. Како сакате да имаме заедничко минато ако жестоко сте подготвени да ја уништите нашата заедничка иднина во рамките на ЕУ

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Умен итрец е Малески. Прекрасно знае дека иста состојба може да се перцепира и толкува различно, во зависност од каков агол се гледа. Знае дека сите македонски дејци од левицата и од десницата се декларирале како Бугари, но биле за самостојна, независна и обединета Македонија