Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Повторно ќе излезе дека клучот е кај Пендаровски. Ќе ги седне челниците на лидерска средба и по многу партиски надмудрувања, ќе се дојде до консензус и до конкретен датум. Нема да биде ниту првпат, а веројатно ниту последен, преку вонинституционални форми на дејствување, да се дојде до решение. Лош рецепт, ама испробан
ВО ВРЕМЕ НА РЕСТРИКЦИИ И ШТЕДЕЊЕ
Агенцијата за млади и спорт спроведе тендерска постапка за изградба на 10 баскет-игралишта. Повеќе од половина од вредноста на тендерот, или над 200 илјади евра, добила компанијата „Бауер БГ“, чија забрана за учество на тендерски постапки истекла само десетина дена пред крајниот рок за поднесување понуди.
ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: ВЛАСТА Е ИСПЛАШЕНА, ПА МОРА ДА ОРГАНИЗИРА СЛЕДЕЊЕ НА ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА
„Кога уште се бројат мртви, не ни помислувам на избори… Власта лови во матно и Заев во една ваква ситуација, по цена на здравјето, сака избори затоа што се надева на корупција на изборите и слаба излезност поради оправданиот страв на граѓаните да гласат поради корона кризата“, е објаснувањето на Христијан Мицкоски зошто СДСМ се залага за избори иако, како што вели „во овој момент има сè, само нема контрола врз пандемијата“.
ПРАТЕНИЧКИ ИГРАНКИ СО ЗАКОНОТ
Двата обида на обвинителството за достава на известување за крајот на истрагата до пратеникот Антонио Милошоски, засега се неуспешни. Доколку до 30 јуни обвинението не биде поднесено, Милошоски ќе куртули од „бомбите“, кои обвинителите ги спремиле за докази во „Моќник“.
АЛЕКСАНДАР СТАНКОВ: ПЛАНИРАМЕ ДА СПРОВЕДЕМЕ НАУЧНА СТУДИЈА ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ВИРУСОТ ВРЗ МОЗОЧНОТО ТКИВО
Директорот на Институтот, Александар Станков во интервју за „Фокус“ открива колку обдукции направиле на починати, позитивни на Ковид-19, но зборува и за случајот со мајката и синот од Велес, за пандемија на аматеризам.
ЕКОНОМИЈА ПО ЗДРАВСТВЕНАTA КРИЗА
Економијата во првите месеци по Ковид 19 ќе биде еден вид чистилиште за сите оние компании, кои пред кризата преживувале. По шест месеци или година дена на нашиот пазар, веројатно ќе останат само компаниите што навистина вределе и пред кризата, или, пак, останале со големи резерви на пари.
ДНЕВНИК ОД СЕВЕРНА ИТАЛИЈА
Дозволата за присуство на работното место и самата интеракција со колегите, навистина е позитивна промена, која генерира голема надеж за подобро утре. Но, во оваа меѓуфаза од етапното отворање на економијата, се наметнуваат многу прашања од функционален карактер, за кои ни властите немаат одговор.
ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛА
Слично како во стариот Рим, така и кај нас, одлуката за реалниот развој на настаните по изборите е веќе донесена, но не од народот, туку од елитата. Тоа што враќањето во нормала е де факто враќање на старо е доказ дека епидемијата сама по себе ништо не променила
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Додека самите се восхитуваа на недоделкани изјави, кои се граничеа со оној луд агитпроп за Нобелова награда, надградени со глупостите дека Гоце „се борел“ за Северна, Македонија остана без никаква линија на одбрана на националните и државните интереси
Мила ЦАРОВСКА
И од оваа безизлезна ситуација, сепак, има излез, а тоа е избалансиран одговор на заштита на сите. Грижата за сите подеднакво може да нè извлече на краток рок и да ни даде сила на долг рок
Ана ПАНОВСКА
Бугарската министерка толку е згодна, бела, нежна и шармантна, што ич не ми личи на Бугарка. Сто насто ќе да е Македонка по сој. Не е лошо и таа да си прочепка малку по своите корени, кога веќе таму во Бугарија се има толкав мерак да се превртуваат коските на предците, што нивни, што наши
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако во Република Бугарија се уверени дека Гоце Делчев е сто постотен Бугарин, тогаш прашање е што бугарската држава направила во неговиот роден град Кукуш, во Р. Грција, да постави барем една спомен-плоча на местото каде што била куќата на Делчев!?
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
За Ковид-19 нема вакцина, но порано или подоцна, сигурно ќе се пронајде. За вирусот простотилак такво нешто нема и не може да има, оти прост народ по автоматизам продуцира силна власт!
Александар ЛИТОВСКИ
Ако развојот на човечката општествена и економска организација на светот и животот продолжи да се движи линеарно, а фашизоидната дистопија стане безалтернативно општествено уредување, идат црни денови за човештвото и за Земјата