1282

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Она што е правно, не секогаш е праведно, а уште помалку етички. На судиите сигурно им се чини дека извојувале голема победа над извршната власт. Но, за жал, тоа е Пирова победа, која уште повеќе го навлекува бесот и разочарувањето на граѓаните, кои и без тоа имаат лоша перцепција за македонското правосудство

ЕКСПЕРТИ И ЕКСПЕРТУТКИ
Карактеристика на експертутките е што не ги гледаат или максимално ги минимизираат криминалите на своите, ама се вџашуваат до патос од „непријателските“. Нивниот клуб нека игра и со иле, само да прокнижат  победа

ИТНА НАБАВКА НА РЕСПИРАТОРИ
Во рок од една недела, Министерството за здравство објави одлука за итна набавка на респиратори од двете компании што требаше да набават 26 респиратори. Зошто  јавната набавка е поништена?

САНКЦИИ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА
Кумановската корона битка заврши со детектирани бројни пропусти во кумановската болница и кај градоначалникот Максим Димитриевски. Бунтовниот градоначалник ќе треба да плати казна, а под стручен инспекциски надзор ќе бидат и малкуте незаразени лекари.

ТИМ ЏУДА: СПОРОТ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА Е ЕДЕН ОД НАЈГЛУПАВИТЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ПОЛИТИКА
Разговор со еден од водечките експерти во Велика Британија за Балканот и Источна Европа, за иднината на регионот и Европа по корона вирусот, за тивката смрт на државите како последица на драматичната демографска слика.

КАКО СЕ ПОЛНИ ПАРТИСКОТО ЧЕКМЕЏЕ?
Меѓу донаторите на политичките партии за 2019 година повторно преовладуваат партиски и јавни функционери, но може да се сретнат и нивни блиски роднини. Не се исклучок ниту компаниите и нивните газди, кои успеале да ги заобиколат законските ограничувања.

СУДИИТЕ СИ ЈА ОДБРАНИЈА ПЛАТАТА
Иако владата наложи судиите и обвинителите да земат минимална плата за април и за мај, сепак, Уставниот суд одлучи да ја замрзне ваквата одлука и да провери дали е сѐ според Уставот и законот. Што е правно,а што морално?

ОБРАТНА ПСИХОЛОГИЈА
Денес од вакцините стравуваат противниците на актуелнава власт, кои се убедени дека работи под диктат на Сорос и Бил Гејтс, Утре, кога ќе се смени власта, пак, ќе шират страв од штетни вакцини противниците на „криминалниот режим на Мицкоски“

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Луѓето што ѝ служат на вистината, а не на групата,се претходницата на општеството, која предупредува на опасностите што стојат на нашиот пат кон слободата.Поединецот е способен бргу да го менува своето мислење во светлината на новите факти

Наум СТОИЛКОВСКИ
Што сѐ е во состојба да сокрива СДСМ, ако од очите на јавноста го сокривала документот со кој се бара бришење на македонскиот јазик? Да скрие дека се бара да се заборават Македонци преку источната граница?

Мила ЦАРОВСКА
Продолжува социјалниот дијалог и сигурна сум дека оваа тешка криза ќе ја надминеме со конструктивен дијалог и со носење решителни одлуки, во кои ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

Ана ПАНОВСКА
За да не ни се згади на сите од оваа во секој поглед нездрава ситуација мора, штом ќе попушти налетот на епидемијава, веднаш да се одржат изборите, и тоа кон крајот на јуни или почетокот на јули

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Време е да се види дали и по две-три години очекување, некој, внатре во судството, ќе собере храброст за да направи јасно разграничување кој е судија и обвинител на Република С. Македонија, а кој е обвинител и судија на Република Криминална Македонија