1281

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Во време на големи кризи, целата јавност е преокупирана со „големата слика“ и помалку гледа низ прсти, дури и за прашања кои задираат во основните човечки права и слободи. По примерот на повеќе земји во светот, и македонските власти најавуваат  постепено разлабавување на мерките

СУДИР ВО „ЛЕВИЦАТА“
Да знаеле владините фактори дека на дел од членовите на кумановскиот кризен штаб им биле земени брисеви, „поинаку ќе постапеле“! Еве, да не бил тестиран Максим, нели немал симптоми, а бил заразен, тогаш „како ќе постапеле

НЕТИПИЧНИОТ ВИРУС ОТВОРИ МНОГУ ДИЛЕМИ
Дали корона вирусот е појавен многу порано, но се „мешал“ со сезонскиот грип?!Последните статистички податоци покажуваат дека годинава од сезонски грип се разболеле 33.112 граѓани, додека, пак, лани истиот период оваа бројка изнесувала 21.531 заболен, што значи зголемување за 61 отсто во споредба со минатата сезона

ОТЕЦ ПИМЕН: КОГА СЕ НАВРЕДУВА СВЕШТЕНСТВОТО, СЕ НАВРЕДУВА И ХРИСТОС
Пандемијата ги испразни црквите за најголемиот христијански празник Велигден. Но, оваа година поспоменувана беше лажичката за причеста, отколку самиот Христос кој воскреснува, вели во интервју за „Фокус“ владиката Пимен, митрополит на Европската епархија.

ДНЕВНИК ОД СЕВЕРНА ИТАЛИЈА
Ако е нормално да се оди на работното место со специјално дизајнирана маска и со два пара ракавици и да не се застанува, ниту во кафуле,тогаш можеби навистина за еден месец Италија и ќе се врати во некаква нормала. Но,од начинот на живот што го живеевме до пред само два месеца, сме далеку како од „Кумовата слама“

НЕПОСРЕДНИ СПОГОДБИ ВО ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА
Новото раководство на ЈП Дрисла склучи договор по пат на преговори со струмичката компанија „Алпима Градба Тим“ за градежна механизација во времетраење од 3 месеци, додека не се спроведе отворена тендерска постапка за механизација до крајот на годината. Која е фирмата што ја доби оваа зделка?

ВО МАЈ ПРЕСУДА ЗА „РЕКЕТ“
Вештачењето на лаптопите и мобилниот телефон на Катица Јанева покажале дека не содржат ниту еден доказ за „Рекет“, а изненадувањата, како што се шпекулира, се кријат во мобилниот на Боки 13. Одбраната и обвинителствата тука ќе ги кршат копјата.

КОРОНА И ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ
Од ден во ден расте бројот на заболени луѓе во државава, а ваквата ситуација им ја наруши удобноста и на домашните миленици ширум земјава. Градот Скопје сѐ уште не може да го реши проблемот со бездомните кучиња.

ЕКСПЕРТИ ПРОТИВ „ЕКСПЕРТИ“
Дај им шанса на луѓето да покажат дали ги бива, а ако не ги бива, дај им шанса на други. И не прифаќај изговори од типот „јас бев одличен капетан, а бродот потона бидејќи немав среќа со морето“.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Слоганот на еден од главните американски весници „Вашингтон пост“ е „Демократијата умира во темнина“. Но, на примерите на Америка, Унгарија или на Турција гледаме дека таа умира и на светлина ако главни вести се изјавите на автократи, кои го свртуваат вниманието на јавноста подалеку од главната тема за состојбата на демократијата

Наум СТОИЛКОВСКИ
Не дека не се согласувам со искажаната проценка од Антикорупциска. Короништево можеби измени сѐ, но не и страста по тендери и далавери. И секако – рекети! Всушност, ја измени обландата на истото полнење, истиот фил

Мила ЦАРОВСКА
Долгорочната агенда треба да гледа кон трансформација на работни места, како и на целата економија. Треба да се фокусираме на флексибилна средина за развој и инвестиции во луѓето за да може да се стекнат со вештини за усвојување на оваа нова средина за работа и развој

Д-р Грозде ЦВЕТКОВСКИ
Двете Фамилии непречено си диванат три децении и ич мува не ги лази. Гајлиња и саклет си имаат поданиците. Легнуваат и се будат со партиска политика, но никако да ја исфрлат таа ороспија од кревет

Ана ПАНОВСКА
Место да вежба како да ја освои власта со сериозен и обмислен политички ангажман и со неуморна работа за еманципација и култивирање на населението, ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од маалската озборувачка матрица, практикувана во старо време кај жените на чешма