1280

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
МПЦ сепак, остана „доследна“ на себе и на својот аутистички став дека храмовите ќе бидат отворени за лична молитва на верниците и оти само по петмина ќе можат да одат на причеста. Белки, не ги чекаат оние 26.000 граѓани што добија пусулчиња за слободно движење во часовите за забрана?!

КАРЛО РОМЕО: ПАНДЕМИЈАТА ПОКАЖА ДЕКА НИ ТРЕБА „ПОВЕЌЕ ЕВРОПА“ А НЕ „ПОМАЛКУ ЕВРОПА“
„НАТО и ЕУ се конкретна надеж за поголем економски и социјален развој на Северна Македонија, кои произлегуваат од припадноста кон овие две меѓународни организации. Од денес, историското пријателство кое ги врзува нашите две земји уште повеќе се засилува“, прогнозира амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео.

ДНЕВНИК ОД СЕВЕРНА ИТАЛИЈА
Италија на првиот ден по велигденските празници ги направи првите пробни чекори кон разлабавување на карантинот. Властите јасно ги условија своите граѓани дека ако има злоупотреби на новите слободи на движење, сите експресно ќе бидеме вратени во карантин.

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ: ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ЈА ВРАТИ ДОВЕРБАТА ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ
Ректорот во интервју за „Фокус“ објаснува како се одвиваат предaвањата на студентите и како ќе ги полагаат испитите, но и за новиот вирус, кој потврди дека студентите не се заинтересирани да специјализираат епидемиологија, но и дека ни недостигаат инфектолози и анестезиолози

НЕСОВЕСНО ПРОШИРУВАЊЕ НА КОВИД 19
 „Фокус“ направи шема како се одвивало проширувањето на заразата од Ковид 19 во Скопје, Прилеп и во Кочани каде што наеднаш дојде до алармантни бројки. Кои се првите заболени и кои се преносителите на опасниот вирус, со што бројките од еден, двајца стигнаа и до 100 во само неколку дена.

ГОРИВАТА ПАЃААТ, АКЦИЗАТА РАСТЕ
Стопанската комора предложи зголемување на акцизите на горивата, што треба да носи над 40 милиони евра во буџетот и да спречи злоупотреба на енергенсите. Владата го прифаќа овој предлог, но против се комората на помалите компании, опозицијата, превозниците, кои сметаат дека ќе отвори спирала на поскапување.

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА ЛОШИТЕ РАБОТИ
Во Турција секогаш ќе има земјотреси, во Јапонија секогаш ќе има цунамија, во Флорида урагани, во Африка суши, во Грција големи шумски пожари, а во Македонија масовни појави на корупција и неспособност на власта од која било партија. Не е човек никаков пророк ако ова го предвиди,

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Иако кризата предизвикана од пандемијата целосно ја демантира неговата надворешно-политичка ориентација, унилатерализам наместо мултилатерализам, Трамп продолжува со својот популизам во обид да ја задржи својата избирачка база.

Наум СТОИЛКОВСКИ
Според тоа што е објавено во Службен весник, на Министерството за образование му се кратат 612.547.000 денари. На државните основни училишта им се скратени 20 милиони денари,на средните- 31,5 милиони денари. Се кратат и блок-дотациите, пари кои се префрлаат на општините за образованието, за 36,6 милиони денари

Мила ЦАРОВСКА
Дебар и Центар Жупа треба да бидат пример за целата држава. Пример дека  без турканици пред банките, дишење во врат во супермаркетите, без групирања пред клупите во парковите пред зградите може да се преживее, а корона вирусот ја губи силата.

Д-р Грозде ЦВЕТКОВСКИ
Мафијата облечена во власт во еднодецениското владеење, отвораше и затвораше фирми, вршеше „непријателско преземање“ и менуваше сопственици, переше милиони евра, купуваше огромни имоти. Префрлените пари преку странски банки се враќаа како  „испрани“ и се инвестираа за основање нови фирми

Ана ПАНОВСКА
Секоја тинејџерска генерација поминала низ нешто слично вакво низ какво што сега вие поминувате, па и низ полошо: било војни и егзодуси, било земјотреси и поплави. Вам ви се падна опасниов вирус. Но, вие, сепак, имате доста јасен избор како да се спасите и вие и вашите блиски

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Дали човекот е најлошото што ѝ се случило на планетата Земја!? Дава надеж фактот што човекот од сите свои масовни историски несреќи секогаш излегувал како победник.