Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
МПЦ, не само што не помогна да се шири паниката и не се погрижи за изнемоштените и напуштените, туку испушти да пренесе важна порака. А, тоа е дека е верата се носи во срцата и секој може да си празнува во домот, како и во кругот на семејството. На сигурно и безбедно место без ризици по здравјето.
КОРОНАТА НЕ ГО „ЗАРАЗИ“ ЈАВНИОТ СЕКТОР
Првичната идеја на Зоран Заев за сведување на платите на вработените во јавниот сектор на минималец ќе донесеше буџетски заштеди од над 30 милиони евра, но владата одлучи да се намалат само платите на функционерите, чиј ефект се проценува на симболични 2 милиони евра.
ПЕТАР ГОШЕВ: ДА НЕМАШЕ „НЕДОПИРЛИВИ“ ЗА ПРАВДАТА,СДСМ И ВМРО ЌЕ УВЕЗУВАА РАКОВОДСТВА ОД СТРАНСТВО
Екс министерот за финансии и бивш гувернер на Народната банка одговори на прашањата за грешките во изминативе 30 години независност, како и за економските мерки за справување со корона кризата.
ВИРУСОТ ЌЕ ГО „ИЗЕДЕ“ ГОЛЕМОТО ЈАБОЛКО
Њујорк ги руши црните рекорди, премиерот на Велика Британија заврши на интензивна нега, а Шпанија сè уште не може да ги стабилизира бројките на заразени и починати. Ви пренесуваме сведоштва од Њујорк, Лондон и од Валенсија.
ИРИНА БУХОВА: ИМАМЕ САМО 50 ЕПИДЕМИОЛОЗИ, ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ НЕМАШЕ ПОТРЕБА ОД НИВ
Ирина Бухова-Сотирова е веќе трета година по ред директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и за „Фокус“ објаснува каква состојба затекнала кога седнала на директорското столче, дали здравствениот систем е подготвен да ја издржи корона-кризата.
ДАЛИ КОРОНА ВИРУСОТ ВЛЕЗЕ ВО ЗАТВОРИТЕ?
Првите луѓе на затворите, во кои се сместени околу 3.000 затвореници и притвореници, уверуваат дека ги преземаат сите мерки за заштита од корона вирусот, но сомнителен смртен случај во средата го вклучи алармот.
ДНЕВНИК ОД СЕВЕРНА ИТАЛИЈА
Италија, како прва европска држава која влезе во криза од корона вирусот, се очекува прва и да излезе. Но, процесот на закрепнување нема да биде линеарен и конзистентен, туку ќе се одвива по принципот падни-стани.
СВЕТОТ ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА
Државите во светот се принудени да изнаоѓаат различни иновативни начини како брзо и ефикасно да се справат со вирусот. Засега, Кина и Јужна Кореја се единствените два успешни примера, а Велика Британија и Шведска ризикуваат многу за да ја пребродат кризата преку ноќ.
ИДЕИТЕ КАКО ВИРУС
Локална епидемија на заушки во некое провинциско училиште од сега ќе биде причина да се алармира целиот здравствен систем за тој да се нафрли врз проблемот со многу опрема и кадар, со цел да не избувне во нешто покрупно што целата држава ќе ја парализира.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
И кога, по Брегзит, сите зборуваат за распад на Европската унија, не ли е поблиску до вистината дека пандемијата покажува во спротивната насока – кон создавање на Соединети европски држави?
Наум СТОИЛКОВСКИ
Еј, 120 МИЛИОНИ ЕВРА! Не пари кои како што сега се предлага привремено, неколку месеци да се стопира исплата, па потоа да се врати, а никој да не им чепка во заштедата – НЕ; ОДЗЕМЕНИ ПАРИ, како велат сега ЗАШТЕДИ! И никому ништо, законски!
Мила ЦАРОВСКА
Дел од компаниите откажувајќи се од профитите, донираа средства во интерес на заштитата на јавното здравје. Дел одлучија предвреме да ги платат давачките кон државата и да го поткрепат Буџетот. Голема благодарност до сите нив за позитивните гестови.
Ана ПАНОВСКА
Мицкоски и пајташите билдаат атмосфера на катастрофа и сеат страв меѓу граѓаните. Ова ме потсетува на атмосферата пред 27 април, кога ги настрвија симпатизерите да се втурнат во Собранието, зашто ВМРО-ДПМНЕ ни тогаш, ни сега не може да се помири со фактот дека ја загуби власта.