1278

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Првите два сета владини економски мерки беа начекани на нож и од граѓаните и од експертите. Ако е разбирливо, што опозицијата ги нарече „недоречени и нејасни“, тогаш незадоволството што го искажуваат трите стопански комори треба сериозно да ги загрижи властите

ОД ДРУГ АГОЛ
Инспиративно ми е што со новите економски мерки владата ги почести сите функционери, па ќе треба да преживуваат следните два месеца со 14.500 денари. Ко создадено за ТВ серија од калибарот „Survival“ со камери вклучени 24 часа.

ВИРУСОТ СЕ ШИРИ ВО КУМАНОВО
Ова е трет по големина  град, а втор по заразени од Ковид 19 во државата. Само двајца епидемиолози се справуваат со ширењето на заразата, а допрва се чекаат нови случаи. Градските власти бараат прогласување кризна состојба

ДНЕВНИК ОД СЕВЕРНА ИТАЛИЈА
Во италијанската јавност сè повеќе се наметнува страшното прашање што ако карантинот не ги даде очекуваните резултати? По 22 дена во целосна изолација, државата сè уште се соочува со раст на бројот на починати и рапиден раст на вкупната бројка на новозаболени.

РЕНАТА ДЕСКОСКА: ШТОМ БАРАМЕ СОЛИДАРНОСТ ОД СЕКОЈ ГРАЃАНИН, И ПАРТИИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД БУЏЕТСКОТО ФИНАНСИРАЊЕ
Министерката зборува зошто за неа прогласувањето вонредна состојба била најтешка, но најдобра опција, како и за последиците кои може да ги предизвика ваквата состојба. Искрено коментира дека партиите земаат премногу пари од Буџетот, а посочува и каде им е местото на техничките министри во Владата. За реформите во правосудството вели дека биле најсилниот адут во извештајот на ЕК и не смееме да си дозволиме фејк реформи, бидејќи тоа би било играње „руски рулет“.

ЕПИДЕМИЈАТА НА НЕОДГОВОРНОСT
Јавноста секојдневно е бомбардирана со казни, кои ги бара обвинителството за тие што ја прекршиле изолацијата во време на пандемија. Граѓаните се прашуваат дали сите овие казни од 2.000 до 5.000 евра ќе завршат во буџетот, но патот на овие пари до буџетот, сепак, ќе биде подолг

НОВА ТЕХНОЛОГИЈА СО СТАРИ ДИЛЕМИ
Откако Македонски телеком минатата година изврши тест на 5G на отворено, преку социјалните мрежи и медиумите почна да се шири паника дека тоа штетно влијае врз животната средина и човековото здравје. Меѓутоа, експертите објаснуваат оваа технологија ќе ги користи постоечките фреквенции, не претставува никаков ризик

СПОРТОТ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА
Најспоредната работа на светот – фудбалот ќе претрпи штета од 7 милијарди евра поради платите на фудбалерите, влезници, навивачки реквизити, а со заразата, веројатно значително ќе опадне и цената за фудбалерите.

ЕВОЛУТИВНИ СТРАТЕГИИ
Оваа епидемија, иако не е првата со која човештвото се соочило, поради обемот со кој го потресе светот, ако го натера да ги направи потребните чекори во иднина, најверојатно ќе биде една од последните. Во оваа војна меѓу видовите, ние ќе победиме

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Aвторот на книгата „Големиот грип“, Џон Бери потсетува дека лекција од оваа катастрофа е дека „оние кои се на власт мораат да ја уживаат довербата на јавноста“ и дека „начинот да се оствари ова е ништо да не се извитопери, нашминка и манипулира“

Наум СТОИЛКОВСКИ
Може да се девалвира македонската потрошувачка моќ и компаниите да се доведат  до степен на неликвидност и стечај. Па, потоа да се појават „спасители“ на компаниите од финансиската фамилија. Евтино да се купи сѐ што вреди на пазарот!

Мила ЦАРОВСКА
Не е време за плачење, туку за носење рационални и храбри одлуки. Не е време за ширење паника и лажни вести, туку за разумност. Останете во самоизолација. Останете дома колку што можете подолго. Останете здрави

Ана ПАНОВСКА
Главното премрежие е пред нас ‒ и со кулминацијата на заразата и со одржувањето на вкупниот општествен производ, да не тргне во неконтролиран слободен пад. Дека ќе падне планираниот раст, тоа е неминовно, но барем да не биде ТРАС, па да му се исполни омилената злорадосна желба на Мицкоски

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Разочарувачки е фактот што првата реакција на моќните центри од кои зависи светската економија е да се печатат повеќе пари за да се зачува постојниот систем. Тоа уште еднаш ќе доведе до триумф на финансискиот капитал, но и нови кризи.

Јанаки МИТРОВСКИ
Тешките времиња го вадат лошото од луѓето, па се коментира дека ништо не е ако судии и обвинители живееле со минималец неколку месеци „колку да видат како е“. Сведувањето на плата од 14.500  е  неиздржливо, но и подложно на корупција

Др Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Вмровците и есдесето се еднојајчени близнаци, кои делат идентична генска структура. Граѓаните толку се навикнаа на лаги и измами, што повеќе не обрнуваат внимание кога на партиите случајно ќе им се испушти некоја вистина