1277

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Лично не верувам во чуда, но можеби опасноста на која во моментов сме изложени  како луѓе, во комбинација со добрите вести од Брисел, може да ни дадат некоја нова енергија.

КОРОНТИН
Далдисувачки е, барем за 21 век, е што меѓу препораките за да куртулиме од овој невидлив непријател е да се мијат почесто рацете! Па, зар инаку еднаш дневно треба да ги соочиме рацете ни со сапун и вода!? Или она дека во продавниците треба да има растојание од 1,5 метар меѓу купувачите

КОВИД 19 ЗЕМА ЗАМАВ
Официјалните бројки што се споделуваат со јавноста не се и целосните бројки на заболени, со оглед на тоа што полека почнува да се губи контролата од каде доаѓа вирусот и кој го носи во себе. Тестовите со кои се вршат тестирањата се германски, но, сепак, земјава не располага со доволен број тестови за да се направи масовен скрининг

СВЕТОМИР ШКАРИЌ: ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА МОЖЕ ДА НЀ ПРИДВИЖИ КОН КОНЦЕНТРАЦИОНА ВЛАДА ПО ИЗБОРИТЕ
Професорот по Уставно право смета дека прогласувањето вонредна состојба во ситуација на пандемија од корона вирусот е обврска, а не право. Дава осврт и на „вирусот“ во правосудството, како и зошто не се сретнал со  Катица Јанева за да ја увери во ништовноста на правното мислење на Врховниот суд

ДНЕВНИК ОД СЕВЕРНА ИТАЛИЈА
Секој следен ден од животот во карантин во Италија е сè построг и сè покомплициран. Она што дава грам надеж е што конечно бројката на новозаболени и починати почна да стагнира и да се намалува. Кои се ограничувачките фактори на долг рок за Македонија?

ЕКОНОМИЈА ВО УСЛОВИ НА КОВИД 19
Иако берзата падна за цели 30 проценти, засега, нема да има целосен колапс на приватниот сектор и масовни отпуштања како што тоа беше првично предвидено. Но, никој не се ни обидува да прогнозира што ќе биде ако кризата продолжи  за половина година или повеќе.

ЗАМРЗНУВАЊЕ ИЛИ РЕПРОГРАМИРАЊЕ НА КРЕДИТИТЕ
Иако властите првично најавуваа дека ќе биде прекината исплатата на ратите од кредитите во следните месеци, сепак, подоцна се испостави дека банките прифаќаат одредени олеснувања, но не и мораториум на обврските

СТАНИСЛАВ ПЕТКОВСКИ: ЗА ЕДНА ГОДИНА ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ БЕБИЊА, АМА И ПОВЕЌЕ РАЗВОДИ
Луѓето што веќе изградиле алтернативен социјален живот, нема да ги чувствуваат владините мерки како поробувачки. Ако потрае подолго, веројатно, ќе дојде до вид на социјален замор и кај тие што „седат“ дома, и кај тие што ги лечат, прогнозира психотерапевтот

ИРАЦИОНАЛНИ ТЕОРИИ
Ако ја пребродиме епидемијата без поголеми жртви, тоа ќе биде одлична „карма“ за луѓето од  професиите, како лекари, фармацевти и биохемичари, на кои кога ќе бидат на власт, ќе им се простуваат секакви потенцијални глупости, оти го заслужиле тоа, со нивните напори кога било најтешко

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Во оваа војна против епидемијата, со нескриена радост забележувам силен продор на одговорно поведение на мои сограѓани. Тие, имено, знаат да прават разлика меѓу brave и reckless. Ни останува само да го измислиме зборот за ова второво

Наум СТОИЛКОВСКИ
Што е Македонија денес, освен држава во која заради неспособноста на македонската кич-дипломатија, Македонците седат заглавени низ светот додека владее светска паника од смртоносен вирус

Мила ЦАРОВСКА
Обезбедивме доволно пари за здравствениот систем да биде стабилен и да издржи. Ги вложуваме сите напори да нема отпуштања и за секој да има основен приход. Парите од буџетот одат од граѓаните за граѓаните

Ана ПАНОВСКА
Среќа што овој министеров за внатрешни, Чулев, се погоди професионалец и разумен човек, кој добро ги демфува глупостите што го дебнат од неговата матична партија. Замислете на негово место да беше Јанушев, ќе поапсеше половина држава по методите на Сталин: „Признај!!!“

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сега засега, за секој од нас како единка но и како општествена заедница е најважно да се преживее. Затоа што тие кои што ќе преживеат ќе ја носат одговорноста за иднината не само на човековиот род туку и за иднината на сите облици и разни видови на живот.

Др Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Граѓани што со децении бегаа од слободата, бидејќи таа по автоматизам значи и дисциплина и одговорност, сега во време на пандемија, одбиваат да ги почитуваат препораките и наредбите за ограничување права и слобода на движење