Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Да се разбереме, ниту Пендаровски, ниту Македонија како држава немаа друг избор. Ова се чинеше единствениот прагматичен и логичен потег, во услови на планетарна закана на генерално ниво, а распуштен парламент и техничка влада на локален план
РИГОРОЗНИ МЕРКИ ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНА ВИРУСОТ
Во рок од само една недела се донесоа ригорозни мерки за спречување на корона вирусот, кои доведоа и до воведување вонредна состојба од 30 дена, со цел да се спречи ширењето на инфекцијата. Се очекува бројката да се зголемува бидејќи пикот се најавува за следниот месец
РЕПОРТАЖА ЕКСКЛУЗИВНО ЗА „ФОКУС“ ОД СЕВЕРНА ИТАЛИЈА
Италија страда повеќе од Германија и од Англија, не поради немањето здравствен систем, туку поради менталитетот на Италијанците. Нивниот менталитет е многу сличен на нашиот – македонскиот, каде што дружењето со многу луѓе е светост, кое не треба да се прекине по ниту една цена, а препораките од државата задолжително да се игнорираат што е можно повеќе
КОРОНА ИНФЕКЦИЈА СО ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ
Поради пандемијата со корона вирусот, сите политички актери побараа одложување на изборите, но се појави дилема како оваа одлука да се спроведе, со оглед дека Собранието е распуштено? Практично, овој „проблем“ се решава со прогласувањето на вонредна состојба, при што сега владата ги презема надлежностите на парламентот и ќе може да носи уредби со законска сила
КАКО ОДИ ПОТРАГАТА ПО ВАКЦИНАТА
Како што засега стојат работите, побрзо од вирусот ќе нѐ спаси топлото време што доаѓа, отколку некаква масовна вакцинација на која сите се надеваме. Да нема забуни, вакцина дефинитивно ќе има или веќе има, но процесот додека таа стаса до сите најоддалечени краишта на земјата е прилично долг. Дотогаш, подгответе се за продолжена изолација, карантин и, евентуално, мерките да ја забават болеста
ЛОКАЦИЈАТА НА ТОРБАТА УТВРДЕНА, АМА НЕ И НА МИЛИОНОТ ЕВРА
Покрај исказот на Зоран Милевски Кичеец, дека откако ги зеле парите од бизнисменот Орце Камчев, се упатиле во домот на Бојан Јовановски, сведочи уште еден материјален доказ. Како што дознава „Фокус“, од вештачењето на мобилниот телефон на Боки 13, локациски е докажано дека торбата ја однел во семејниот дом
ДАНИЕЛ ФИНКЕЛШТЕИН: НЕ МОЖЕТЕ ДА ОДРЖИТЕ РЕФЕРЕНДУМ И ПОТОА ДА ГО ИГНОРИРАТЕ РЕЗУЛТАТОТ
Разговор со еден од медиумски најекспонираните членови на британскиот Парламент, Лорд Даниел Финкелштеин, за Брегзитот и за очекувањата на Островот по него
СЛЕПИДЕМИЈАТА ПООПАСНА ОД ЕПИДЕМИЈАТА
Кај нас луѓето не гледаат само начин, туку ни причина, ниту, пак, надеж, зошто би се бореле за подобро утре. Толку многу е раширена таа појава на негледање поента во целата работа, што небаре е епидемија, или поточно слепидемија тоа масовно затворање очи и вртење поглед пред можностите што сѐ уште ни стојат на располагање
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Грижата за човештвото е она што ќе нè спасува во нашите држави. Од грижата да нема војна за да нема бегалци, до онаа да нема епидемии на заразни болести каде било во светот, за да нема болести секаде во светот
Наум СТОИЛКОВСКИ
Јас нема да се бунам, ќе терам периодов со Даглас Адамс, со старо-новиот хит на Р.Е.М. „Крајот на светот е, каков што го познаваме“ и ќе се обидам да помогнам колку што можам повеќе. Не на хибридот, на Македонија! Јас се ставам на располагање, јас сум македонски ресурс, јас со моето однесување ќе придонесам. „И се чувствувам добро“, вели песната!
Мила ЦАРОВСКА
Кога слушам и читам низа коментари дека владата не мрдала со мал прст и дека што и да се понуди нема да биде доволно, сакам да ги уверам стопанствениците дека правиме натчовечки напори за да ја одржиме економијата стабилна. Сакам да ги потсетам дека во оваа борба сме сите заедно и најсилно верувам дека ќе ја добиеме битката
Ана ПАНОВСКА
ВМРО ДПМНЕ може да си дозволи како опозиција да бара одлагање на изборите, но Заев, чија партија ја води владата, не смее своите државнички потези да ги прави по мерак на Мицкоски, па колку тоа и да е оправдано во име на заедничката борба против вирусот и грижата за здравјето на граѓаните
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Корона вирусот ќе дојде или ќе нѐ одмине, но во секој случај еден ден ќе си замине. Она што ќе остане и ќе биде постојана потенцијална опасност по здравјето и животот на граѓаните, сепак, е партискиот вирус на политички примитивизам, меѓусебна нетрпеливост и поделеност на граѓаните по сите основи
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Актуелната позиција на десетината лиценцирани приватни детективи во Македонија, од кои само неколкумина се (полу)активни, се карактеризира со дисбаланс меѓу популарниот имиџ а ла Шерлок Холмс, од една страна, и реалната позиција и моќ, од друга, што ја прави дејноста прилично контроверзна