Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Лесно е да си лекар, професор, обвинител, новинар, политичар.. но тешко е да си човек, одговорен кон себе и кон заедницата. Дали покрај пандемијата од корона вирус, не зафати уште поголемо зло: пандемија на неодговорност?
ДОКТОРКА СТАВИ ВО КАРАНТИН 200 ЛУЃЕ
На Инфективната клиника не е тестиран ниту еден пациент од тие кои биле во контакт со екс директорката.Првите пациенти со симптоми можат да се појават во текот на викендот, кога истекуваат 14-те дена, кои се пресудни дали ќе се појават првите симптоми.
ЕКОНОМИЈАТА И КОРОНА ВИРУСОТ
Загубите за светскиот бизнис и националните економии како последица на корона вирусот се веќе непроценливо големи. Но уште пострашни се најавите за нова светска економска криза, која буквално би можела да настане преку ноќ ако работите не се вратат во нормала
„ГЛАСОТ НА НАРОДОТ“
Емисиите во кои гледачите се јавуваат на телевизија станаа како турските серии. Газдите на телевизиите добија „полн погодок“, со малку пари да стигнат до голема гледаност, но веќе ја „загадија“ медиумската сцена со емисии преполни со малограѓански озборувања и партиски ботови
ДОСИЕ “ИНТЕРПРОМЕТ“
Фокус обезбеди обемна документација и искази во врска со начинот на освојување на друштвото од страна на лица блиски до ДПА на Мендух Тачи, што се случува исклучиво во време кога оваа партија е на власт.
ОКО НЕ ИМ ТРЕПНУВА, УВО НЕ ГИ БОЛИ
Не се сите партии исти, а како што лек за скршено срце не е алкохолот, туку да се најде нова љубов, така и лек за изневерените ветувања од една партија не е апстиненцијата, туку да се најде друга партија. Ако може да се најде „љубов во време на колера“, зошто да не може да се избере нова власт, која ќе ја оздрави државава во време на корона
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Време да ги обединиме силите околу поквалитетен живот и да се спротивставиме на етничката мобилизација, која во Струга произведе две етнички организации за заштита на езерото, македонска и албанска. Како рибите да мораат национално да се определуваат
Ана ПАНОВСКА
Човеков сакал да има дуел со Заев и ќе го отворел „како пупка“! Пуст Милошоски! Не му лежи поезијата на „џуџето“ од Небрегово. Да речеше: „Ќе го скинев како пупка и ќе го фрлев на земја и со чизмата убаво неколку пати ќе го изгмечев“, тоа веќе ќе личеше на него
Наум СТОИЛКОВСКИ
Што е со вирусот заевизам, или СДС-33, многу поопасен, „покоронарен“ и за единките и за државата во целина.Откако поразот го прогласи за победа, пропаднат за успешен референдум, од сега СДС-33 има и двајца носители на изборни листи!? На небулозите им нема крај
Мила ЦАРОВСКА
Наша цел е да овозможиме постигнување родова еднаквост во нашата земја, сузбивање на родовите стереотипи и елиминирање на родово-базираното насилство, а родовата еднаквост да стане неизоставен принцип во креирањето на политиките во земјата.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Преку глава ми е од тие „лево“ како и од тие „десно“,како и од нивните празни предизборни ветувања. Не поради тоа што докажано, и едните и другите, имаат две леви и две десни раце (за крадење), туку премногу долго нѐ држат во заложништво на своите лични и групни интереси
Јанаки МИТРОВСКИ
Сѐ додека по секој ручек се очекува жената да ги измие садовите, не можеме да говориме за никаква рамноправност. Едноставно, кај нас доминира овој балкански менталитет – дека жената е за во кујна, дека пружање алишта е женска работа
д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Дојдоа такви „воајерски“ времиња кога секој сака да знае за секого, па тајните оперативни методи, наместо ексклузивно овластување на службите, станаа инклузивно право за сите што имаат пари и мерак, а многу љубат да sиркаат во туѓите работи и животи