Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Судиите ќе мора еден ден да се свестат и да прифатат дека сите сме еднакви пред законот. Одамна се минати времињата на екс-министерот за правда Михајло Маневски, кога со писмени упатства им се наложуваше на судиите никогаш пресудите да не бидат на штета на државата
„БОМБАШКИ“ ИЗБОРИ
Со „бомби“ или билборди за оцрнување на Заев или Мицковски, сеедно, нема да се поколебаат нивните фанови, туку само го дразните своето стадо каква лошотија и извалкана фигура може да дојде на власт. Оти, нели, мантрата е НИЕ против НИВ- душманите
ЛИДЕРСКИ ИЗБОРНИ МЕГДАНИ
Политичките партии веќе влегоа во изборна кампања, која главно се темели на дискредитација на политичките противници.Според неофицијални сознанија, веќе се познати фаворитите за водечките места на листите. Кои се тие?
ВОСКРЕСНУВААТ ЛИ ИСТРАГИТЕ НА СЈО?
Се најавува активирање на дел од веќе подзаборавените истраги, па до 30 јуни, кога на сила стапува новиот Закон за ЈО, се очекува да се поднесат неколку обвиненија. Како што дознава „Фокус“, финишираат неколку истраги меѓу кои и „Моќник“, „Друмарина“, „Попис“, „Актор“…
ДАНЕ ИЛИЕВ: ТРЕБА ДА ОДГОВАРААТ ТИЕ ШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЈА КАТИЦА ЈАНЕВА ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ
Поранешниот претседател на Врховниот суд во разговорот анализира дека предметите на Специјалното јавно обвинителство имаат иднина и со новиот, но и со стариот Закон за специјално јавно обвинителство. Сепак, за тоа дали прислушуваните разговори ќе се користат како докази, последната одлука ќе треба да ја донесат судовите.
МЕНАЏИРАЊЕ ПЛАТЕНИЦИ
„Раздели, па владеј“ е принципот со кој владетели владеат со прост народ. Ама со истиот принцип, паметен народ може да владее со своите „владетели“ во ликот на владејачка коалиција од седум-осум партии, кои сите имаат горе-долу иста сила, па никоја не може да доминира ниту над другите, ниту врз народот
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Со решено име и растоварен од тридецениските нацоналистички наддавања со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ отвора нова страница во историјата на нашата демократија – предизборната коалиција меѓу СДСМ и Беса.
Наум СТОИЛКОВСКИ
Овие 15.500 км, сега наречено Шпанско село 2, парцелите како земјоделско земјиште достигнувале цена од околу 10 до 25 евра по квадратен метар. Вистинската пазарна цена сега за еден квадратен метар градежно земјиште во Нерези достигнува до 115 евра. Дали можеби вака не се оштетени општинскиот и градскиот буџет?
Мила ЦАРОВСКА
Сигурна сум дека преговорите за прогласување на неделата за неработен ден нема да бидат лесни. Сигурна сум дека и бизнисот ќе има свои цврсти противаргументи, но сигурна сум дека на крајот ќе имаме решение од кое ќе бидат задоволни сите
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
На граѓаните им е преку глава од криминалот и корупцијата и затоа ќе гласаат за онаа партија што ќе им даде поуверливи докази дека по конституирањето на новата власт, востановувањето на правната држава и владеењето на правото ќе биде приоритет над приоритетите
Ана ПАНОВСКА
Да не се граба Мицкоски толку за власт, зашто ако дојде во позиција да ги раскине договорите со Грција и со Бугарија не се знае точно кој ќе го раскине него, дали неговите ако не го врати старото име или сите ние заедно со меѓународната ако го врати
д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Мантрите за божемна ревизија на приватизацијата, испитување на потеклото на имотот и бројчаникот за броење вратени пари од апашите, претставуваат лажги со опашки и полнење на главите со жолти бумбари во функција на калење на криминалот.